Автор: инфодеск
Post Views: 483 Утревечер со почеток во 20 часот, на ваше огромно задоволство во култниот Џез Ин ќе се одржи The Best of Stand Up. Настанот е во склоп на Summer Comedy Marathon 2022.Ова шоу е репрезент за Охридската стендап сцена. Во шоуто имате шанса да гледате комичари со огромна километража и комичари кои храбро го даваат најдоброто од себеси и до крај се борат да почувствувате болка во стомачните – велат организаторите.За ваше трајно задоволство во ова шоу ќе се погрижат: Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Зоран...
Македонија од денес во портокалова фаза
Post Views: 238 Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена, од четврток до недела (21-24.07.2022), територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.Во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.Во овој период, почнувајќи од четврток (21.07), сите региони во државата, скопскиот,...
Доделени стипендии на двајца идни студенти
Post Views: 252 Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение за доделување на стипендии за додипломски студии на жители на општина Охрид, кои имаат намера да студираат на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.Условите на повикот ги исполниле двајца охриѓани.Инаку, одлуката за стипендирање на студенти е донесена врз основа на склучениот меморандум за соработка меѓу општина Охрид и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.Решението може да го погледнете на следниот линк
Дејан Ангелоски на светско во скајранинг
Post Views: 485 Викендов на Пиринеите во Андора се одржува Младинско светско првенство во скајранинг.Македонија на првенството ќе ја претставува охриѓанецот од Шипокно и член на АК „Охрид трчаТ”, Дејан Ангелоски.Дејан ќе се натпреварува во категорија до 23 години. На првенството ќе учествуваат 177 спортисти од 26 држави, распоредени во три возрасни категории.Настапот на Дејан е во недела сабајле, му посакуваме среќен пат, многу успех, лесни нозе и секако да ужива во освојувањето на височините на Пиринеите. Напред Дејан, напред Македонија! – велат од АК...
Започна единаесеттото На зајдисонце во Трпејца
Post Views: 238 Синоќа на свечен начин во присуство на голем број посетители во Трпејца беше отворено единаесеттото по ред издание на културно–забавното лето „На зајдисонце 2022“.Манифестацијата во името на покровителот Општина Охрид ја отвори Перчо Божиновски, советник во советот на општина Охрид.Ми причинува особено задоволство што вечерва сум тука со Вас и што имам чест во името на Локалната самоуправа да го означам почетокот на оваа традиционална манифестација, која 11 години по ред го разубавува летото во Трпејца. Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот...
Вечерва концерт на пијанистот Хусеин Сермет
Post Views: 229 Турскиот пијанист и композитор со четиридецениска плодна кариера Хусеин Сермет вечерва ќе настапи во рамки на музичката програма на „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот.Сермет е уметник кого го отсликуваат разновидни музички интереси и исклучителната музичка визија која се огледува во широкиот и еклектичен репертоар и пијанистичка имагинативност.Роден во Истанбул во 1955 година, студиите ги започнува на Музичкиот конзерваториум во Анкара за да продолжи во Париз, на тамошиот...
Проекти за промоција на туризмот во Вевчани
Post Views: 417 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски оствари средба со претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. На средбата се дискутираше за досегашните реализирани активности и можности за идна соработка.Договорено е зајакнување на меѓусебната соработка и комуникација, како и формирање на работна група за развој на идни проекти и програми од областа на туризмот и промоција на туристичките локалитети на Општина Вевчани – напиша Кочовски, на официјалниот фејсбук профил.
Од денес во Охрид хуманитарни паркинг места
Post Views: 344 За првпат, Општина Охрид воведува хуманитарни паркинзи.Денешниот ден го збогатуваме со уште една убава вест. Од денес на Кеј Македонија започнуваат да функционираат хуманитарните паркинзи. Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно – вели градоначалникот Кирил Пецаков.За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина целта е проширување на повеќе локации низ градот.Инаку, Охрид е првата општина во...
Двајца битолчани извршиле тешка кражба
Post Views: 364 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба”.Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„ Специјална болница за нефрологија”, на улицата „Партизанска” во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки. На 30.05.2022 година, пријавените ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што предизвикале дефект на системот за...
Петто издание Бич Филм Фестивал
Post Views: 234 Вечерва започнува фестивалска сага на модерен европски филм Beach Film Festival.Во пет фестивалски денови на четири специфични локации , амфитеатарот во предворјето на црква Св.Софија, плажата Славија, лапидариумот и Бродот Армада ќе бидат проектирани повеќе од 40 филмови од 17 различни европски земји.Официјалната селекција на филмови на фестивалот се состои од Долгометражни и краткометражни филмови во кои се вклучени и студентските.Генерално се обидуваме да го запазиме концептот на нашиот фестивал, тој е посветен на новиот европски филм, отвораме...
Ќе се асфалтираат ул. Веле Марко и ул. 28 април
Post Views: 299 Започнаа подготвителните активности за асфалтирање на улиците „28 април” и „Веле Марко”.Денеска се врши гребење на стариот асфалт, тампонирање и нивелирање на шахти. После завршување на овие активности следува поставување на нов слој асфалт – информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Денеска се празнува Св. Недела
Post Views: 397 Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20-ти јули.Св. маченица Недела е секогаш на една иста датум, а секоја година го менува денот.Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св. Недела.Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата...