Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Дебрца одбележан Меѓународниот ден на биолошката разновидност

Post Views: 58 Во Општина Дебрца беше  одбележан 22 мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности.Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови од растителниот и животинскиот свет на неколку локалитети – Сини Вир меѓу Ново Село и Белчишта, како и изворите Горно Поле кај с. Велмеј. Исто така беше организирана и обука за запознавање и собирање лековити и...

Продолжи со читање

Туристичка промоција на АППТ во Берлин со вмрежување на македонски и германски туроператори

Post Views: 41 На инијацитива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, a во рамките на Меморандумот за соработка потпишан од страна на АППТ и “ASR”- Алијанса на независни туристички агенции од Германија, се покрена иницијатива за организирање на промотивен настан и бизнис средби во Берлин.Настанот се организира во македонската амбасада во Берлин на која учество земаа членките на организацијата “ASR со цел вмрежување и соработка со македонски и германски туроператори. Присуството на претставници од Агенцијата за промоција и...

Продолжи со читање

Градоначалник Пецаков

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Националниот Ден на Власите

Post Views: 44– Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа упатувам срдечни честитки по повод 23 мај – Националниот ден на Власите со желби за добро здравје, среќа и успех.На овој празник се потсетуваме на богатата култура и традиции на влашкиот народ. Вашиот придонес во општеството е од непроценливо значење и е нераскинлив дел од Македонската историја. Современиот свет се соочува со бројни предизвици, па затоа на нас како заедница ни е важно да ги негуваме мултиетничките вредности, единството и меѓусебната поддршка. Само преку взаемна соработка можеме да...

Продолжи со читање

На прегласувањето за парламентарните избори во Охрид до 15 часот гласале 43, 32 %

Post Views: 37 Седумте избирачки места во земјава каде денеска се прегласува за парламентарните избори се отворени навреме, а гласањето се одвива без проблеми. Прегласувањето се одвива на едно избирачко место во шестата и на шест во Петата изборна единица места меѓу кои на ИМ 1272 во Охрид, и ИМ 1844 во Струга.До 15 часот на прегласувањето во Охрид гласале 308 гласачи од избирачкото место односно 43, 32 %, информира претседателката на ОИК Охрид, Антигона Сионов.Споредбено со гласањето на 8-ми мај забележана е помала излезеност до 15 часот за 11,53%.„ Гласањето во Охрид...

Продолжи со читање

На охридскиот плоштад танцуваше младоста, матурантите го одиграа Квадрилот

Post Views: 54 Охридските матуранти го заокружија средношколското поглавје од својот живот со традиционалната матурска парада. Денеска на градскиот плоштад околу 300 момчиња и девојки од охридските средни училишта го заиграа Квадрилот. Во танцот на младоста на препознатливите звуци од Штраусовата опера Лилјакот и во сценографијата со сини и бели чадори уживаа родители, баби и дедовци, минувачите и гостите, но најголема беше радоста и свеченоста на лицата на матурантите.Се чувствувам супер, задоволна од моето училиште. Доаѓам од гимназијата „Св. Климент Охридски“ и...

Продолжи со читање

Во петок ќе се одржи Саем за образование во организација на Почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид

Post Views: 42 Матурантите, идни студенти од охридскиот регион и Македонија, ќе можат да се запознаат со условите, стипендиите и другите бенефиции за студирање на државните и приватните универзитети во Р. Србија. Во петок во Охрид ќе се одржи Саем за образование во организација на Почесниот конзулат на Р. Србија во Македонија.На саемот ќе бидат презентирани студиските програми и можностите кои им стојат на располагање на македоснските матуранти, од страна на реномирани професори, декани, предводени од Младен Шарчевиќ, советник на претседателот на Република Србија, Александар...

Продолжи со читање

Шесто издание на Охрид Ултра-Треил

Post Views: 65 Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан кој еднаш годишно се одржува во Националниот Парк Галичица и регионот Охрид-Преспа. Годинава учество ќе земат рекордни 448 планински тркачи, од вкупно 35 земји, информираат организаторите.Шестото издание ќе опфати 5 трки во планинско трчање на 107, 66, 42, 22 и 10 км со различни временски стартови и локации. Стартот на трката од 107 км е на Градскиот плоштад во 23:00 часот на 24-ти мај. Останатите трки се одржуваат на 25-ти мај. Стартот на трката на 66 км е од Св. Наум во 07:00 часот, а трката на 40км за...

Продолжи со читање

OOУ „Св Климент Охридски“ нема да запишува првачиња кои не се од законскиот реон на училиштето

Post Views: 84 Од OOУ „Св Климент Охридски“ ги известуваат родителите дека нема да запишува првачиња кои не се од законскиот реон на училиштето.Оттаму посочуваат дека бројот на ученици за наредната учебна 2024/2025 година за прво одделение е пополнет во централното училиште.-Во останатиот период од законски предвидениот рок за упис ќе се примаат само ученици во прво одделение кои законски припаѓаат во нашиот реон. Исто така, во подрачното училиште во населба Далјан ќе се примаат ученици до пополнување на капацитетот на паралелката, информираат од OOУ „Св Климент...

Продолжи со читање