Skip to main content

Автор: инфодеск

Пронајдена бактерија во виршлите Wudy

Post Views: 421 Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Македонија, виршли од брендот Wudy, кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на следниве небезбедни серии од овој производ:Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии,...

Продолжи со читање

Машини за одржување хигиена во три училишта

Post Views: 311 Три средни училишта во Општина Охрид деновиве добија машини за одржување на хигиена.Го подигнуваме нивото на хигиена во средните училишта во градот. За таа цел набавивме машини за одржување на хигиената за трите средни училишта – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.Вредноста за набавката изнесува 500 000 денари.

Продолжи со читање

Санација на потпорен ѕид во Стар град

Post Views: 324 Деновиве се врши санација на потпорниот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“.Во комуникација со жителите од Стар град, овој потпорен ѕид беше означен како приоритетен за санација. После завршување на санацијата на потпорниот ѕид се надминува опасноста од негово паѓање и појавување на свлечиште – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Изведувач на градежните зафати е „Бокоп“.

Продолжи со читање

Парична помош за првоодделенците во Вевчани

Post Views: 370 На вчерашната седница на Советот на општина Вевчани се усвои ребалансот на буџетот на општина Вевчани.Со усвојувањето на ребалансот се предвидоа и средствата за доделување на парична помош на семејствата со првоодделенци запишани во учебната 2022/2023 година во висина од 2000 денари во ООУ „Страшо Пинџур” Вевчани.Оваа предлог одлука, Претседателот на совет Леон Даскалоски предложи да се измени и да се зголемат средствата во висина од 4 негови паушали од седници на Совет кои му следуваат да се распределат на сите првоодделенци.На овој предлог се...

Продолжи со читање

Енергетската криза ќе затвори голем број хотели

Post Views: 305 Голем дел од хотелите на брегот на Охридското езеро пред грејната сезона ќе стават клуч на врата. Од хотелската асоцијација велат штедат максимално, но сметките за електрична енергија на отворениот пазар се десеткратно зголемени.Од ХОТАМ велат потребна е итна помош од државата за да се задржат вработените.Има огромни трошоци, ќе мора да се дејствува да се добие некаква помош од страна на државата при што барем вработените ќе останат на своите работни места, да се добиваат придонеси за нив – вели Крсте Блажески, претседател на хотелската асоцијација...

Продолжи со читање

Поевтинува дизелот

Post Views: 369 Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Цените на бензините и на мазутот останува иста.Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар. Цената на Еуросупер БС95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм.

Продолжи со читање

Заливот на коските кај Градиште нема кустос

Post Views: 388 Музејот на вода во „Заливот на коските“ кај Градиште, најпосетуваниот локалитет во Охрид нема кустос.Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, упати јавна критика откако ја увидел состојбата при лична посета на локалитетот и присуствувал на слика каде посетителите сами на себе се препуштени да се сликаат и читаат оскудни информации. Веднаш да се ангажира лице кое ќе ја раскажува историјата на наколната населба и животот во тоа време со артефактите во музејот – порача Јаневски и праша „За што им се наплаќа билет на...

Продолжи со читање

Фекална канализација на улицата Живко Чинго

Post Views: 261 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на фекална канализација на улица „Живко Чинго“.Должината на линијата изнесува 400 метри.Вредноста на проектот е 1 578 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Субвенционирање на регистрирани занаетчии

Post Views: 283 Општина Охрид објави Јавен Повик за субвенционирање на регистрирани занаетчии (категорија 2) на подрачјето на Охрид за 2022 година.Јавниот повик е објавен согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии.Повеќе информации на следниот линк

Продолжи со читање

Европска недела на спортот

Post Views: 266 Општина Охрид активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на спортот. Фокусот е даден на обезбедување можности за сите да бидат активни преку спортско – рекреативни активности.Одбележувањето започна во ООУ „Св. Климент Охридски“ преку организирање на спортско –рекреативни активности.Во наредните денови вакви активности ќе се организираат и во другите училишта.

Продолжи со читање

Историски знаменитости во Охридското езеро

Post Views: 408 Нуркачите од Нуркачкиот Центар „Амфора“ во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализираа проектот ,,Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“.Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QRкод туристите ќе можат да го погледнат видеото и да се запознаат со подводното културно наследство во Охридското Езеро.На прикажаното видео можат да се погледнат подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов Град“, покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и...

Продолжи со читање

Фатен дрвокрадец во Охрид

Post Views: 550 На 20.09.2022 во 21:45 часот на ул. „Ристо Чадо“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид забележале патничко возило „митсубуши пајеро“ без регистарски ознаки како превезува огревно дрво.По преземени мерки, на имот на улицата, сопственост на Б.С.(48), било пронајдено возилото, огревно дрво од околу 1,5 кубни метри и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање