Skip to main content

Автор: инфодеск

Поквалитетно водоснабдување во Охрид

Post Views: 330 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Скопје го потпиша грант договорот со Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за обезбедување на средства во вредност од 150.000 евра, кои ќе бидат наменети за подобрување на условите за водоснабдување во Охрид.Договорот беше потпишан во рамки на Информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања на македонската влада и Амбасадата на Република Словенија.Според планираното, ќе биде извршена реконструкција на пречистителна станица и набавка на нови филтри за пречистување на...

Продолжи со читање

Започна првиот циклус од програмата Полетарче

Post Views: 307 Денес во просториите на Црвен крст Охрид успешно започна со реализација првиот циклус од програмата „Полетарче“.Преку оваа програма, деца од 5 и 6 годишна возраст преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост,...

Продолжи со читање

Казнети 13 возачи во Охрид

Post Views: 337 На 17.07.2022 година, извршени се засилени сообраќајни контроли.Полициските службеници на подрачјето на СВР Охрид затекнале и санкционирале 24 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-13, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03) – се вели во сооопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Возило излетало од патот, двајца повредени

Post Views: 273 На 17.07.2022 во 07:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, општина Дебрца, патничко возило „Бмв” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, С.З.(21) и малолетен сопатник, двајцата од Гостивар, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Започнува со работа Пајак службата во Охрид

Post Views: 1.316 Започнува со работа новата подружница на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Пајак служба.За потребите на оваа посебна организациона целина на претпријатието со одлука на Советот, Општина Охрид му пренесе право на користење на товарно моторно возило за специјална намена пајак.Од ЈП „Билјанини Извори” ја известуваат јавноста дека од утре 19 јули (вторник) ќе започне да функционира Пајак службата и апелираат до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.  

Продолжи со читање

Да се отстранат кајчињата од Сараиште и Канео

Post Views: 425 Општина Охрид го повторува повикот до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.Во спротивно од среда 20.07.2022 година Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Продолжи со читање

Најуспешни на првенството во пливање во Охрид

Post Views: 316 Прогласени најуспешните пливачи на летното Национално првенство во пливање, кое викендов се одржа на отворениот базен на Спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид.Помлади пионери:Влатко Цеков ПК Вардар 2018Неда Миленковска ПК МладостПостари пионери:Петар Цеков ПК Вардар 2018Сара Анастасовска ПК НептунКадети:Јован Јанковски П.В.К ОрионСофиа Дамјанова ПК Вардар 2018Младинци:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионСениори:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионНа Државното првенство...

Продолжи со читање

Профундис вечерва на Охридско лето

Post Views: 346 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на камерниот ансамбл „Профундис“ од Скопје под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Солисти на вечерта се виолинистите Анна Кондратенко и Владимир Костов и пијанистката Весна Ангелова.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Камерниот оркестар „Профундис“ е „млад“ уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него...

Продолжи со читање

Пукање во трговски центар во Индијана

Post Views: 477 Три лица загинаа, а уште две се повредени откако вооружен маж отвори оган во ресторанот за храна во трговскиот центар Гринвуд, Индијана, во САД соопшти полицијата.Според полицијата неидентификуваниот напаѓач, возрасен маж, бил застрелан и убиен од легално вооружен 22-годишен маж кој бил присутен на местото на пукањето.Меѓу погодените има едно машко и четири женски, вклучително и 12-годишно девојче чии родители ја донеле во болница со полесни повреди по пукањето.Инцидентите со оружје во САД се зачестија, оваа година имало 350, според архивата за...

Продолжи со читање

Пожари во Словенија

Post Views: 334 Словенечките пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во северозападниот дел на Карс, во близина на границата со Италија.Повеќе од 180 пожарникари го гаснат огнот што избувна на тешко пристапен терен во долината Випава и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири кон селото Темница.Командирот на Јавната противпожарна служба на Нова Горица, Симон Вендрамин изјави дека пожарот веќе ги зафатил Костањевица на Крас и Церје.Пожарот зафатил тешко пристапен или непрооден терен во должина од еден километар – рече тој....

Продолжи со читање

Тежок пристап до Kејот за лицата со хендикеп

Post Views: 626 Наши сограѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на проблем кој ги мачи лицата со хендикеп.Велат дека поради мал дел од патека на охридскиот Кеј, кој е несреден и нерамен, овие лица кои се во количка, имаат тежок пристап до езерото. Еве го нивниот коментар:Лицата со инвалидски колички велат дека со години не знаат како да постапат за да им се реши пристапот до езеро во најфреквентната улица кај старото одморалиште на ПТТ, на самиот Кеј на езерото, веднаш после хотел „Тино“. Со помош на други лица одат до езеро по истиот, нормално најкраток...

Продолжи со читање

Малолетници консумирале алкохол после 24 часот

Post Views: 306 На 17.07.2022 година од 23 до 03 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022″, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје во Охрид.Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање