Skip to main content

Автор: инфодеск

Започна уредување на речното корито во с.Белчишта

Post Views: 42 Денес започнаа активности за уредување на речното корито во с.Белчишта во должина од 150 метри, со уредувањето се предвидува  расчистување на теренот од вегетација поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на дното на каналот  и санирање на оштетени делови од постоечкото корито.Средства за уредување на речното корито се обезбедени од буџет на општина Дебрца.Општината во наредниот период започнува со проекти на повеќе локации во општината и тоа:– Реконструкција на поранешна продавница во село...

Продолжи со читање

Охриѓанецот проф. д-р Љупчо Кеверески се стекна со титулата Академик во Српската Академија за Образование

Post Views: 289 Симболично титулата Академик на проф. д-р Љупчо Кеверески му беше врачена на пригодна свеченост што се одржа на 18 мај во Српската Академија за Образование на Универзитетот во Белград – Учителски Факултет – Белград, за неговиот стручен придонес во областа на психологијата.Проф. д-р Љупчо Кеверески е роден 25.04.1959 година во Велгошти, Охрид, Р. Македонија. Основно училиште завршил во Велгошти, а средно образование во ЦСНО, Св Климент Охридски, Охрид.Во 1985 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на отсекот за Психологија, а магистрирал...

Продолжи со читање

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ОХРИД

Post Views: 41 Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка Шпаркасе Банка и Kостал Македонија Дооел. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и хотел „Метропол“ до населба Лагадин и село Пештани. Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта и градинката со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото.Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и...

Продолжи со читање

Неопходен е сериозен и сеопфатен пристап кон третманот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања

Post Views: 50 Неприфаќањето од страна на околината и трнливиот пат до дијагноза се најголемите проблеми на лицата со аутистичен спектар на нарушувања. Покрај справување со секојдневните потешкотии што ги носи самото нарушуавање, најтешка е инклузијата во општеството , вели Валентина Павловска Златановска – мајка на дете со атипичен развој годинава кое годинава е матурант.„Успеавме после толку години борба и со некоја промена на законите бидејќи до пред 3 години немаше инклузија па децава кои завршуваа во ОУ Климент Охридски не можеа да продолжат во средно образование да...

Продолжи со читање

ТППЕ-Охрид ќе го одбележи Денот на пожарникарите со дефиле низ градот

Post Views: 142 По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација .-Правецот на движење на возилата ќе биде од противпожарниот дом, бул. Македонски просветители, бул.Туристичка,АСНОМ, ул.Карпош Војвода, ул.Сирма Војвода, ул. Марко Цепенков, ул.Ристо Чадо, Железничка,ул. Егејска, ул. 7ми Ноември, бул.Македонски просветители, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.Почетокот на дефилето ќе биде во 11 часот. Пожарникарите упатуваат апел до граѓаните за разбирање.

Продолжи со читање

Дожд

УХМР: Викендов преку ден топло, попладне дожд и грмежи

Post Views: 55 Во следните денови времето ќе биде значително потопло, но во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, јавува УХМР.Од управата прогнозираат дека локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Продолжи со читање

Свр Охрид

Приведени двајца српски државјани кои го нарушиле јавниот ред и мир во хотел во Охрид

Post Views: 98 На 17.05.2024 во 04.30 часот во хотелски комплекс во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа А.Т.(22) и С.С.(22), двајцата од Република Србија, кои претходно во објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.-Против нив е поднесена прекршочна пријава во согласност со одредбите од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Советот на општина Охрид ќе ја одржи 41-та седница во четврток, 23-ти мај

Post Views: 47 Четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид е закажана за во четврток, 23-ти мај, со почеток во 09:00 часот. На дневен ред се 47 точки.Пред советниците на усвојување се извештаите за работењето и остварените резултати на јавните претпријатија за првото тромесечје од годинава како и предлог – Oдлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и јавни паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори“-Охрид.Советниците ќе ги разгледаат и извештаите за...

Продолжи со читање