Skip to main content

Автор: инфодеск

Претставата Демони одиграна пред охриѓани

Post Views: 542 Интимна модерна анти-бајка, духовита и истовремено сурова, одиграа актерите на Народниот театар Битола вчеравечер во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.Носејќи ја театарската претстава „Демони“ на текст од Ларс Норен, а во режија на Васил Христов, актерите Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров одглумија  две двојки-сопружници преку кои ги извадија на површина скриените внатрешни демони што постојат во човекот.Илина Чоревска ја играше улогата на Катарина, жената којашто се повлекла во својот...

Продолжи со читање

Летно државно првенство во пливање

Post Views: 628 По пауза од две децении, Охрид повторно е домаќин на пливачки натпревар. Вчера на СРЦ „Билјанини извори“ започна Летно државно првенство во пливање, во организација на Пливачката федерација на Македонија и Пливачкиот Клуб „Акваспирит“ од Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.Во името на градот домаќин, пред присутните пливачи и гости се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, сеуште како ехо на минатото го носи и...

Продолжи со читање

Пронајдена неексплодирана бомба

Post Views: 301 На 16.07.2022 година во 20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро , на охридското крајбрежје, пронајдена е неексплодирана бомба.Местото е обезбедено од полициски службеници по што, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, изврши подигнување за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Превентивна кампања Соседска патрола

Post Views: 410 Синоќа (16.07.2022 година), Секторот за внатрешни работи Охрид, ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола”.Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на проектот „Безбедно лето 2022“, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти како и местата на отворен простор каде, во ноќнитечасови најчесто се собираат и задржуваат...

Продолжи со читање

Мерита Реџа Тершана вечерва на Охридско лето

Post Views: 242 Една од најактивните албански пијанистки Мерита Реџа-Тершана заедно со нејзиниот колега, виолинистот Ермир Абеши вечерва ќе одржат целовечерен концерт за публиката на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат дела од Лудвиг ван Бетовен и Сергеј Прокофјев.Абеши е финалист на натпреварот за виолина „Кралица Елизабета“ во Брисел во 2012 година и добитник на втора награда од престижниот натпревар „Липицер“ во 2011 година во Италија.Тој настапува како солист со бројни...

Продолжи со читање

СВР билтен

Post Views: 510 На 15.07.2022 година, во СВР Охрид, лишен од слобода е П.Р.(35) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, бил агресивен кон член на неговото семејство, го навредувал и му се заканувал.На 15.07.2022 година, по претходна судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на И.Т.(47) од Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се едно пластично и три стаклени шишиња со течност и други предмети. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 16.07.2022 година, во СВР Охрид лишен од слобода е...

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнат во автокампот Градиште

Post Views: 388 На 15.07.2022 година во СВР Охрид, А.В.(27) пријави дека во автокампот „Градиште” во Охрид, бил физички нападнат од за него непознато лице.Се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Незаборавна вечер со ансамблот Нов здив

Post Views: 414 Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ имаше можност да ужива во класична музика од современи композитори преку прекрасната изведба на членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“ и под диригентската палка на францускиот диригент Паскал Галоа.Камерниот ансамбл „Нов здив“ е составен од уметници на Филхармонијата на Македонија.Во Македонија не постојат многу состави кои се длабински посветени на класичната музика создадена од поновата генерација композитори. Токму оттука, како што вели виолончелистот...

Продолжи со читање

Отворено Вевчанско лето

Post Views: 414 Вчеравечер со монодрамата на Кармен од Билјана Драгиќевиќ Пројковска, во режија на Дејан Пројковски се отвори Вевчанското лето.Манифестацијата ја отвори Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски кој имаше свое обраќање.Навистина ми е драго што ова лето успеавме, благодарение на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо да обезбедиме богата културна понуда за вевчанци, за туристите кои во летниот период доаѓаат во Вевчани и за сите љубители на културата, спортот и уметноста. Општина Вевчани...

Продолжи со читање

Странски државјани повредиле охриѓанец

Post Views: 514 На 16.07.2022 година околу 01 часот, во кафе бар во Охрид, четири лица странски државјани, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет го повредил Д.С.(34) од Охрид.Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Театарската претстава Демони на Охридско лето

Post Views: 478 Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов, а во изведба на Народен театар Битола.Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и е наменета за целата публика.Улогите ги играат Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски.„Демони“ напишана во 1982 година e црна комедија, во која преку комбинација на...

Продолжи со читање

(Видео) Базар на занаетчики во Охрид

Post Views: 452 Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид ги претставија своите дела пред туристите.Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.Пред базарот ќе се одржи и завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ во организација на Центарот за управување со промени со финансиска поддршка од Balkan Trust for Democracy и USAID, организиран под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета...

Продолжи со читање