Автор: инфодеск
Post Views: 576 Во Охрид недостигаат паркинг места. Најголемиот проблем се чувствува во екот на туристичката сезона, кога во градот има двојно или тројно повеќе возила.Тесни грла во сообраќајот се улиците во централното градско подрачје, главните артерии кои водат кон плоштадот. Дополнителен проблем е и новиот лик на улицата „Македонски Просветители”, која сеуште е во изградба. По завршувањето, на неа ќе има двојно помалку паркинзи од претходно.Директорот на ЈП „Билјанини извори” Тео Андоноски, вели се обидуваат да обезбедат што повеќе паркинзи за ва...
Се работи на санација на дефектот на ул. Асном
Post Views: 394 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид активно работат повеќе од 24 часа на санација на големиот дефект на улицата “Асном” и покрај непристапноста и тешките услови за работа на терен.Во текот на денот се очекува да се заврши санацијата со целосно нормализирање на водоснабдувањето – информираат од ЈП „Водовод“.
Градскиот базен ќе биде затворен за користење
Post Views: 404 ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека денес, утре и задутре, 15/16/17 јули, базенот „Атина Бојаџи” ќе биде затворен за користење.Причината за затворањето на базенот е Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид. ЈП „Билјанини Извори” ги поканува сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен претстојниот викенд и заедно со нас да уживаат во убавините на пливањето – велат од Јавното претпријатие.На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од...
Монодрамата Кармен го отвора Вевчанско лето
Post Views: 338 Со монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска на Драмскиот театар – Скопје вечер ќе биде отворено „Вевчанското културно лето 2022“.Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а премиерно беше изведена во мај минатата година.Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на...
Силен земјотрес во Еквадор
Post Views: 558 Во земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала во близина на брегот на Еквадор, едно лице загина, тинејџер кој настрадал од струен удар од паднат далновод, соопштија властите, а пренесува АП.Градоначалникот на кантонот Симон Боливар, во крајбрежната провинција Гуајас, рече дека 16-годишното момче загинало кога паднал кабел со висок напон додека младиот човек се занимавал со „спортска активност“, но не наведе повеќе детали.Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од околу 80 километри, со епицентар на речиси...
Кривична за директорот на ЗОО Скопје
Post Views: 361 На 14.07.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош лишија од слобода 5 лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник.При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за...
Почина Ивана Трамп
Post Views: 385 Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп и мајка на три негови деца, почина на 73 години.Таа беше прекрасна, убава и неверојатна жена, која водеше одличен и инспиративен живот – објави Доналд Трамп.Трамп, која е родена во денешна Чешка, се омажи за поранешниот претседател во 1977 година. Тие се разведоа 15 години подоцна, во 1992. Заедно имаат три деца – Доналд Јуниор, Иванка и Ерик Трамп.Полицијата верува дека причината за смртта може да е случајна, според Асошиејтед прес. Извори за новинската агенција рекоа дека Трамп била пронајдена...
Вевчанско лето 2022
Post Views: 580 Во периодот од 15-ти јули до 31-ти август во Општина Вевчани ќе се одржи манифестацијата „Вевчанско лето 2022“. Манифестацијата има за цел да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период.Манифестацијата „Вевчанско лето“ изобилува со богата содржина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања и истата ќе се случува на повеќе локации низ Вевчани.Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за...
Овации за претставата Секс, лаги и љубомора
Post Views: 663 Воодушевување и стоечки овации доби вчерашната претстава „Секс, лаги и љубомора“ со која Народниот театар Охрид ја отвори драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.Професионалните актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ –Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ – Вељаноска и Марија Новак покажаа извонредна игра под режисерката палка на еден од најголемите македонски режисери, Коле Ангеловски.„Вчера од охридската публика почувствував едно големо и топло добредојде кое не се опишува со зборови“, вели актерката...
Неколку улици во Охрид останаа без вода
Post Views: 1.083 При вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија на улицата „Асном”, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм.Поради комплексноста на целата операција односно непристапен терен за работа, прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, а за целосната санација и враќањето во првобитна положба ќе бидат потребни и неколку дена.Се известуваат корисниците од улиците: „Асном”, „Никола Карев”, „Галичица”, „Мирче Ацев”, „Карпош...
Лисабон избран за најсреќен град во светот
Post Views: 380 Благодарение на Индексот на најсреќните градови во светот – листа која рангира 40 градови за да одреди кое е најсреќното место на светот – патниците можат соодветно да го приспособат своето патување.Помагајќи ви да одлучите каде да патувате врз основа на пет фактори на среќа: трошоците за живот, сонце, зелени површини, пријателски настроени локални жители и очекуваниот животен век, можете да бидете сигурни дека секоја дестинација на списокот ги исполнува овие барања.Лисабон оваа година беше избран за најсреќен град во светот.Има причина зошто...
Вечерва започнува Пиво фест
Post Views: 365 Прилеп по 18-ти пат ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пиво фест 2022“. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески посочи дека градот е максимално подготвен за најголемата забава во Македонија – Пиво фест 2022.Очекуваме околу 20 до 30 илијади посетители на оваа, прва, фестивалска вечер, па затоа апелирам до сите посетители кои ќе го дојдат во Прилеп да го почитуваат јавниот ред и мир за да имаме убави и незаборавни фестивалски денови, а прилепчани ги замолувам за време на фестивалот поретко да...