Автор: инфодеск
Post Views: 47 СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(70) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.-На 22.04.2024, при сообраќајна контрола на патот Ресен-Охрид, кај селото Лескоец, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, информира портпаролот на СВР Охрид , Стефан Димоски.
Се врши уредување на каналите за наводнување во Вевчани
Post Views: 72 Во Вевчани во тек се неколку градежни активности. Се врши реконструкцијата на дел од локалната улица Трафо-Бубаној-Смолејца. Заврши асфалтирањето и на улицата “Дејков мост – Детска градинка”. Како еден од главните приоритети во тек е и бетонирање на каналите за наводнување во атарот на општина Вевчани. Започна реконструкција на каналот за наводнување во м.в. „Бебекој кошари”. Во меѓувреме привршува реконструкцијата на дел од еден од главните канали за наводнување во урбаниот дел на Вевчани.Целта е да се заштита земјоделски површини од...
Конкурс за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид
Post Views: 40 Општина Охрид објавува Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.Целта на логото е со низа на културни и спортски настани да се одбележи јубилејот 80 години слободен Охрид.Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири – комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.Сите знаедно под плаво белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7 ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.По повод големиот...
Утре еколошка акција во Охрид „Генералка Викенд“
Post Views: 40 Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат кон големата aкција за чистење „Генералка Викенд“ која ќе се одржи утре, на 17.05.2024 година (петок) со почеток во 9 часот.Оваа еколошка акција е во организација на компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.Според планираното, во Охрид ќе се чистат плажите од хотел „Метропол“ до камп „Елешец“, „Горица“, „Св.Стефан“ и село Пештани. Во акцијата ќе земат учество и „Шпаркасе Банка“ и „Kостал Македонија“ Дооел. Основните училишта од Охрид и градинката ќе...
Претежно облачно време со врнежи од дожд
Post Views: 33 Во Охрид денес претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.– Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски
Поповиќ: Високото место во ЕФА е доказ за успесите на „Охридско лето“, остануваме посветени на тој пат
Post Views: 43 Поповиќ кажа дека Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, фестивал со вековна отвореност кон културите создавајќи духовна интеракција во размената на светските добра.„Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека фестивалот „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација. Високото место кое „Охридско лето“ го зазема меѓу повеќе од 140 фестивали членки на ЕФА ја потврдува неговата посебност и...
Прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци
Post Views: 63 ЈП „Водовод“ информира дека поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф300 мм), денес од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците во населбата Црногорци.Екипи ќе бидат на терен до завршување со санацијата.
Охрид му оддаде почит на Ванчо Николески, основоположникот на литературата за деца и млади
Post Views: 62 Охрид му оддаде почит на Ванчо Николески, основоположникот на македонската литература за деца и млади и еден од великаните на македонското литературно творештво воопшто.Единственото училиште кое го носи името на Николески, го одбележа патрониот празник. ЦОУ „Ванчо Николески” од Лескоец, и трите подрачни училишта во Косел, Ливоишта и Куратица со повеќе свечености, нови просторни содржини во употреба, како и со евидентни успеси на учениците на регионални и државни натпревари, го одбележаа денот и му оддадоа...







