Skip to main content

Автор: инфодеск

Тајна чувана 33 години

Post Views: 145 По смртта на Јосип Броз Тито сите предмети кои се наоѓале во неговиот личен трезор се запечатени, и така останале 33 години. Државната комисија на Србија одлучила да го отвори сефот на Јосип Броз Тито и така да ја открие тајната која била чувана толку години. Имено, по неговата смрт на 4 мај 1980 година, по одлука на Претседателството на СФРЈ, сите предмети кои се наоѓале во личниот трезор на Тито, останале запечатени. Сефот е отворен минатата година, а некои од најдрагоцените работи, како златото, се депонирани во трезорот на Народната банка на Србија. Одлучено било...

Продолжи со читање

Проверки кои откриваат дали медот е природен или лажен

Post Views: 280 Иако само со детална анализа е возможно да се провери вистинскиот состав на медот, сепак постојат и некои проверки кои помагаат да се одреди потеклото на овој најприроден извор на здравјето. –Читање на составот на етикетата на теглата мед е првиот чекор кој помага во изборот на квалитетен мед кој во себе не содржи адитиви. Производителите мораат да го назначат тоа на етикетата и неговиот процент во количината. –Природниот мед не е леплив, а тестирањето е возможно доколку малку мед го протриете меѓу прстите. Вистинскиот мед би требало да се впие во кожата....

Продолжи со читање

Каталонија: Допуштете нѝ да се изјасниме

Post Views: 141 По забраната за референдум, шпанската влада сега сака да ги забрани и “необврзувачките консултации” со граѓаните на Каталонија, кои се најавени за 9 ноември. За каталонските власти тоа е очигледна злоупотреба на власта. Најавата на властите од Мадрид дека по судски пат ќе го забранат и ова изјаснување, ги крена на нозе челниците на Каталонија. “Тоа не само што е смешно, шпанските власти ја злоупотребуваат власта и законите. Уставниот суд го користат во погрешни цели, го присилуваат да одлучува за прашања кои не се во негова надлежност. Работата на Уставниот суд не...

Продолжи со читање

Најбрз растечки бренд во Европа

Post Views: 144 Со 4,5 милијарди евра годишен приход учествува со 3% во романскиот бдп и е заслужна за 8% извоз на таа држава. Станува збор за Dacia која некогаш беше грдо пајче кое се претвори во лебед а продажните статистики зборуваат за тоа и ја ставаат во самиот врв. Спрема податоците на здружението на европски производители на автомобили, романската Dacia во првото полугодие била најбрз растечки бренд со пораст од 35%, поттикната од побарувачката за пристапни ефтини автомобили. Во првите девет месеци продажбата на Dacia во Франција пораснала за 19%, Италија за 46%, Германија...

Продолжи со читање

Протестите се покажаа како успешни

Post Views: 164 Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се откажа од планот за воведување на данок за интернет во неговата сегашна верзија и по протестите на илјадници луѓе ветил дека ќе спроведе “национални консултации” во февруари. Протестите го оневозможија воведувањето на данок, рекол Орбан за националното радио. “Данок на интернет не може да се воведе во сегашната верзија…Ништо не може да се воведе во сегашните околности”, рекол тој. Конзервативната влада на Орбан сакаше да воведе данок за превземање на податоци од интернет во висина од 0,5 евра за 1GB. Европската комисија остро...

Продолжи со читање

Alibaba стана највреден трговец

Post Views: 144 Откако, пред неколку дена, акцијата на Alibaba ја достигна рекордната вредност од 100,5 долари, кинескиот интернет трговец, Alibaba, стана највредната трговска компанија, во светот, по пазарна капитализација од 247 милијарди долари. Со тоа, кинеската компанија по тоа мерење, го престигна американскиот ланец на супермаркети Walmart, компанија која ја држи титулата на најголема светска трговска компанија по приходи. За да се изедначи со Walmart по приходи, Alibaba  ќе мора да потроши уште многу време и многу работа. Извештаите велат дека американската компанија со 11.000...

Продолжи со читање

Сликата која има моќ наскоро во јавност

Post Views: 150 Во Втората светска војна сликата во најголема тајност е пренесена од Торино во Рим бидејќи не сакале да падне во рацете на Хитлер, стравувајќи, спрема верувањата,  дека ќе му даде уште поголема моќ, пишува BBC. Каква и да била причината за нејзинот преместување, нејзината вредност ја потврдува фактот дека од целата колекција на сликите на Леонардо да Винчи кои се чуваат во Кралската библиотека во Торино, токму таа е преместена. Еден од најпознатите автопортрети на светот наскоро ќе биде достапен за јавноста. Станува збор за сликата на Леонардо да Винчи која е стара...

Продолжи со читање

Пет добри причини зошто да јадете маслинки

Post Views: 442 Ако сакате да бидете сигурни дека во организмот внесувате само тоа што е најдобро дознајте зошто би требало да јадете и по некоја маслинка во текот на денот. –Го штити крвотокот и го зајакнува имунитетот – Маслинките, а посебно црните, се антиоксидант кој делува како чистач на организмот од штетни супстанци. Тие му помагаат на телото да го исфрли холестеролот – лошите маснотии кои се таложат во крвотокот а со тоа ја намалуваат можноста од кардио-васкуларни болести. Исто така, маслиновото масло го зајакнува имунитетот и е совршен сојузник против алергии. –Помага...

Продолжи со читање

Нивно обединување ќе биде кошмар за светската сигурност

Post Views: 141 Разузнувачите и аналитичарите стравуваат од потенцијалното помирување на двете најсурови организации во светот. Имено, тие велат дека Ал Каеда ги користи воздушните напади на западните сили за да им пружи “маслиново гранче” на одметнатата организација Исламска држава. Ал Каеда така сака да ги стави настрана сите недоразбирања со другата терористичка организација и да ги здружи силите во борбата против западните сили, јавува AP. Аналитичарите со загриженост ги следи сите обиди на Ал Каеда за помирување со Исламската држава, а иако тоа не се очекува во блиска иднина,...

Продолжи со читање

Microsoft ја претстави својата паметна белегзија

Post Views: 170 Под водство на Say Nadell, Microsoft стана поинаква компанија која ги следи технолошките трендови и како сите други се обидува да влезе на пазарот кој ќе им донесе нова заработка за наредниот период. Со оглед дека поприлично задоцнија со паметните телефони и таблетите, Microsoft сигурно нема да ја направи истата грешка, па така, ја претставија паметната белегзија Microsoft Band и Health Market, cloud сервис кој ги следи сите ваши дневни физички активности. Microsoft Band, паметната белегзија, тргнува во продажба со цена од 199 долари и ќе биде достапна во трговијата...

Продолжи со читање

Нови протести против данокот на интернет услугите

Post Views: 146 Повеќе од десетина илјади луѓе, по оценка на локалните медиуми, во вторник навечер повторно протестираа во Будимпешта против предлогот за воведување на данок за интернет услугите сметајќи дека тоа ќе ги загрози темелите на слободата. “Тоа нема да го дозволиме”, извикувале протестантите во кои имало претставници од различни возрасти кои по втор пат во последните три дена излегоа на улиците на унгаската престолнина и покрај зимските температури. Конзервативната влада на Виктор Орбан сака да воведе данок за превземање на податоци од интернет во висина од 0,5 евра по 1GB....

Продолжи со читање

Google воведува претплата за гледање на видео-записите на YuoTube?

Post Views: 162 Говорејќи за статистиката на најпопуларниот видео сервис на светот, директорката на Google, Susan Wojcicki, рекла дека денес околу половина од посетите на YouTube доаѓаат од мобилни уреди. Тоа е зголемување во однос на минатиот период кога од компанијата напоменале дека уделот од мобилните уреди изнесува 40%. Освен за бројот на посетители на овој сервис, Wojcicki рекла дека во нивната компанија размислуваат и за начинот на наплата за гледање на содржините на YouTube како алтернатива за прикажување на огласите при гледање на видеата, што е моментално главен извор на...

Продолжи со читање