Skip to main content

Автор: инфодеск

Извадена граната од водите на Охридското езеро кај Пештани

Post Views: 162 На 16.07.2025 во 17.09 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа во охридското село Пештани, од водите на Охридското езеро била извадена граната. Полициски службеници извршија обезбедување на локацијата, по што граната безбедно е подигната за понатамошна постапка.

Продолжи со читање

Преподобен Атанасиј Атонски

Post Views: 104 Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за потесен подвиг, се пресели...

Продолжи со читање

Сончево и малку посвежо

Post Views: 86 Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во Охрид денес температурите од 14 до 29 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.

Продолжи со читање

Продолжен јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари

Post Views: 111 Општина Охрид ги известува граѓаните дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23.07.2025 година. Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Вечерва на сцената на „Охридско лето“ театарската претстава „12“ на МНТ

Post Views: 116 Вечерва на сцената на „Охридско лето“ ќе биде прикажана театарска претстава „12“, според мотиви на текстот „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје.„Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата револвира во неверојатно совршен круг, а ние, намерно или ненамерно, иако многу добро ја знаеме траекторијата, забораваме да научиме што било од искуството. Како последица, цивилизациски девалвираме. Забораваме зошто сме...

Продолжи со читање

Утре 5 -то јубилејно издание на “Малите Ѕвездички со Ка Двојче” К-2 Ѕвездички

Post Views: 130  Утревечер на плоштадчето „Вангел Наумоски“, до Мини маркет, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи петтото, јубилејно издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“.– Ќе настапат околу 30 дечиња со свои песнички произведени во нашата креативна К-2 музичка работилница. Покрај К-2 ѕвездичките, специјални гости ќе ни бидат и малку поголемите ѕвезди Марама и Владимир Сарафилоски Броз со кои ќе ви промовираме нова заедничка песна „Пеј Охриде“, за нашиот најдраг Охрид. Посебен перформанс ќе има исклучителниот Никола Ристески, информираат...

Продолжи со читање

Во сабота ќе се вози хуманитарната вело тура „Сите за нашиот Ангел“ за помош на стружанецот Ангел

Post Views: 261 Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга, на 19 јули 2025 година (сабота) организира ноќна велосипедска тура околу Охридското езеро. Годинава, ноќната вело тура има хуманитарен карактер и ќе се вози под мотото „СИТЕ ЗА НАШИОТ АНГЕЛ“ односно ќе се вози во чест и за помош на нивниот член, другар и брат по точак Ангел кој, неодамна возејќи точак на вело тура во Италија, доживеа пад и се наоѓа на лекување во една италијанска болница.Планот за реализација на вело турата е следниот:Старт 1 плажа “Галеб”Струга 17:30 ч., Старт 2 паркинг пред спортски...

Продолжи со читање

16-годишен мопедист загина во сообраќајка кај Рача

Post Views: 130 На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.-Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид....

Продолжи со читање

Православната црква во Америка ја призна МПЦ

Post Views: 168 Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници.Одлуката, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од страна на поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон во неговиот извештај од 15 јули 2025 година, претставен пред 21-от Сеамерикански црковен собор, кој оваа недела се одржува во...

Продолжи со читање

Се запали главната сцена на Tomorrowland во Белгија

Post Views: 273 Вчера вечер на главната сцена на еден од најпознатите музички фестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, избувна голем пожар. На местото на пожарот биле неколку вработени за да помогнат во поставувањето на опремата, но за среќа нема повредени.Tomorrowland, кој привлекува повеќе од 400.000 посетители и на кој учествуваат некои од најголемите имиња во електронската музика, е закажан да се одржи два викенда по ред, почнувајќи од утре. Дејвид Гета, Сведиш Хаус Мафија и Стив Аоки требаше да настапат на главната сцена.И покрај штетата, организаторите...

Продолжи со читање

Свети Андреј, архиепископ Критски

Post Views: 101 Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Јерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската ерес – којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката...

Продолжи со читање

Денес сончево и многу топло, попладне можно невреме

Post Views: 99 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.Денес во Охрид минималните температури од 17, а максималните до 33 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде малку посвежо, а во деновите...

Продолжи со читање