Автор: инфодеск
Views: 170 Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси христијанскиот род. Беа синови на најугледните ефески старешини, а имињата им беа: Максимилијан Јамвлих, Мартинијан, Јован, Дионисиј, Егзакустодијан и Антонин. Кога беа обвинети кај царот, се засолнија на ридот Охлон зад градот Ефес и овде се скрија во некоја пештера. Кога царот...
УХМР: Следува период на стабилно и топло време
Views: 142 Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и топло време.Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Минималните температури од 14, а максималните до 30 степени во Охрид.
Нова стратегија за туризам 2027–2032: Фокус на одржлив развој, нови пазари и современа туристичка понуда
Views: 196 Македонскиот туризам треба да добие јасна насока – кои пазари ги цели, каква понуда има и што бара современиот турист. Токму на овие прашања треба да одговори новата Стратегија за туризам, која веќе се подготвува преку консултации со сите чинители во секторот. Анализите треба да покажат кои пазари се приоритетни, кој вид туризам ќе биде доминантен, кој туристички производ. Фокусот е ставен на одржлив развој и зачувување на просторот,„Вториот базичен постулат на стратегијата е одржливоста. Ако вие почнувате да генерирате негативни...
Пчеларите со најслабата сезона во последните 20 години, приносите драстично намалени
Views: 219 Наместо полни кошници и добар принос, зад пчеларите останува една од најслабите сезони. Годинава се соочуваат со драматично намалено производство. Според нив, ова е една од најлошите сезони во последните две децении.Причината ја гледаат во климатските промени и нарушените временски услови, кои директно влијаат врз пашата.„За жал, оваа година можеме да заклучиме дека е најслаба година во последните 20-тина години. Еве, јас од 80-тина пчелни семејства нема да извадам ниту една тегла мед оваа година. А...
Успешен настап на охридските стрелци на традиционалниот турнир „Илинден 2026“
Views: 260 Изминатиот викенд на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид се одржа традиционалниот меѓународен турнир „Илинден 2026“, во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“, а под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ).На турнирот учествуваа речиси сите стрелачки клубови од земјава, како и збратимените клубови од Бугарија – „Санел“ од Сандански, „Пирин“ од Благоевград и „Тракиа“ од Пловдив.Натпреварите се одвиваа во двете олимписки дисциплини – воздушна пушка и воздушен пиштол, во три возрасни категории: млади јуниори и јуниорки до...
Два случаи на семејно насилство во полицискиот билтен од СВР Охрид
Views: 302 На 13 август во 19:00 часот, полициски службеници лишиле од слобода 76-годишен охриѓанец, по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот и им се заканувал на неговата ќерка и внук, при што употребил и остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Истиот ден, во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 49-годишен охриѓанец, по пријава дека во последниот период, по завршувањето на бракоразводната постапка, агресивно се однесувал во домот и ѝ се заканувал на неговата...
Приведен австриски државјанин во Охрид, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
Views: 235 На 14 август 2026 година во 02:55 часот, во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 32-годишен државјанин на Австрија.При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Охридското Езеро годинава ќе се пориби со 1,6 милиони единки охридска пастрмка
Views: 237 Околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка се планира годинава да бидат пуштени во Охридското Езеро, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година.Ова беше соопштено при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид од страна на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи.За време на посетата, претставниците одблиску се запознаа со процесот на вештачко размножување на охридската пастрмка и подготовките за претстојното порибување....









