Автор: инфодеск
Post Views: 341 „Виз ер“ ќе суспендира три линии од својата база во Скопје во наредните денови, а летовите ќе бидат обновени следната летна сезона.Буџетскиот превозник ќе ги прекине летовите од главниот град на Македонија до Торино, Билунд и Турку. Последната линија до италијанскиот град е закажана за следната среда, до Билунд во четврток и до Турку во сабота. Според она што е објавено, летовите треба да продолжат во текот на последната недела од март 2023 година.Како што претходно беше соопштено, „Виз ер“ исто така отстрани голем број рути во текот на зимата од...
Промоција на хумани вредности
Post Views: 357 Во рамките на ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности) програмата секоја година во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која има за цел да ги анимира младите, да го промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата.Оваа година неделата ја одбележуваме со Ликовен конкурс на тема „Промоција на хумани вредности” за деца во основните училишта, поделени во две категории-за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение – велат од Црвен крст Охрид.На конкурсот може да учествува секој, а техниката на цртање е по...
Тркалезна маса со градоначалници
Post Views: 298 Тркалезна маса „Предизвици и можности за добро локално владеење во дигитална ера“ денеска во Охрид во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.На настанот свои искуства и мислења ќе споделат градоначалницте на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола; Љупчо Папазов на Оштина Кочани; Арбен Таравари на Општина Гостивар и Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица.Форумот е во рамки на проектот „мЗаедница за мобилни, транспарентни и ефикасни...
Жител на Мешеишта паднал од балкон и починал
Post Views: 551 На 13.09.2022 година во 01:22 часот во СВР Oхрид, пријавено е дека В.Б.(69) од селото Мешеишта, општина Дебрца, паднал од балкон на семејната куќа и починал.Смрт без траги на насилство е констатирана од лекар во Итната медицинска помош Охрид, а увид извршија јавен обвинител и полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Дезинсекција против комарци утре во Дебрца
Post Views: 282 Се известуваат жителите кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 14.09.2022 год. (среда) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.Се молат пчеларите и...
АК Охрид трчаТ на Куп на Македонија
Post Views: 479 Изминатиот викенд Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ” учествуваше на Купот на Македонија за младинки/ци кој се одржа во Скопје на Националната арена „Тоше Проески”.На натпреварот учествуваа 9 атлетичарки/и кои сеуште се дел од пионерските конкуренции и тие се натпреваруваа во неколку атлетски дисциплини.На првенството покрај за подобро место учесниците се натпреваруваа и за подобар резултат со кој би се достигнале нормите за освојување на бодови за клубот.Учесници на првенството со постигнати резултати се:1. Софија Балоска, 800 метри, 4...
Во петок Охридски староградски средби
Post Views: 389 По 34-ти пат ќе се одржат „Охридски староградски средби“. Фестивалот е закажан за петок 16-ти септември во Центарот за култура „Григор Прличев“ пред платото со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.„Охридски староградски средби“ е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века....
Силувано уште едно девојче во Косово
Post Views: 445 Уште еден случај со силување го тресе Косово. Во полиција е пријавен случај на сексуално насилство над малолетничка. Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Фадиљ Гаши потврди дека е пријавено дека полнолетен маж силувал девојче, во општината Исток, пренесоа приштинските медиуми.Инцидентот се случил на 9 август, но жртвата не го пријавила случајот веднаш поради страв. Инспекторите работат на случајот и на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа – изјави Гаши.Пред 10 дена е пријавен случај на силување на 11-годишно девојче во...
Горивата поевтини за еден денар
Post Views: 364 Од ноќеска на полноќ за еден денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 84,50 денари, а 87 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 97 денари, а екстра лесното за 93,5 денари.Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги...
Приведен државјанин на Тунис кај Св. Наум
Post Views: 356 На 11.09.2022 во 19:15 часот во Св. Наум-Охрид, на регионалниот пат кај место викано „33 Горица”, поради илегално преминување на државната граница, полициски службеници приведоа државјанин на Тунис.Тој немал документ за идентификација, а се претставил како Т.С.(49). Задржан е во полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум” и ќе биде спроведен до Прифатно-транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Исчистено дното на Охридското езеро кај Трпејца
Post Views: 409 Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, се одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца.Акцијата ја реализираше „Клубот за подводни активности“.Како што информираат од дното на езерото била извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети, бојлери, телевизори и покуќнина.Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.
По 83 години Формула 1 во Белград
Post Views: 444 Формула 1 по 83 години ќе се гледа на централните улици низ Белград.На 17-ти септември на улиците на главниот град ќе се одржи најочекуваниот спортско-социјален настан на годината „Red Bull Show Run“, а за најверните фанови во продажба се билети за четири трибини во строгиот центар на градот.Шампионскиот автомобил „РБ7“ на Себастијан Фетел ќе вози низ белградските улици, а сензационалниот автомобилски спектакл ќе го комплетираат „дрифт шоу“ и „каскадерско возење“ со мотоцикли. Главните ѕвезди на настанот се шампионот во Формула 1 Дејвид Култхард, Ред...