Автор: инфодеск
Post Views: 35 Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека утре (10.05.2024) во периодот од 10.00 до 12.00 часот во водите на Охридското езеро во близина на центарот за обука на вода во Охрид, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат показна вежба – препад на пловен објект.За време на вежбата ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема што ја користи Армијата.
Отворен ден „УКЛО и пријателите“ утре на ФТУ Охрид
Post Views: 46 Настанот УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – ПОВЕЌЕ ОД ОБРАЗОВАНИЕ! ќе се одржи на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – Охрид, во петок, 10.05.2024 година со почеток во 12:00 часот.Агенда:12:00 – 12:30 Панел дискусија на академската заедница од УКЛО и бизнис секторот12:30 – 13:00 Панел дискусија на најуспешните студенти од УКЛО13:00 – 14:00 Презентации на компании и факултети од УКЛО14:00 – 15:00 Коктел музичка забава со Даре и Бојан
Под мотото “Да живее хуманоста”, Црвен крст Охрид го одбележува Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Post Views: 38 Со положување свежо цвеќе на спомен бистата на големиот хуманист Анри Динан денеска охридскиот Црвен крст оддаде почит кон основоположникот на најголемата хуманитарна организација во светот. Неговиот роденден 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Над 190 национални организации во светот со огромна армија волонтери оваа година прославуваат под мотото „Да живее хуманоста“.„Мисијата на Црвениот крст е да го зачуваме достоинството и почитта на граѓаните, да го заштитиме нивното здравје, да промовираме здрави...
Акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.1 Стар Град во петок, 10-ти мај
Post Views: 42 Од 10.05.2024 год.(петок), Ј.П.”Охридски Комуналец” започнува со реализирање на Календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.05.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.05.2024 година и...
Водата околу Студентскиот дом „Никола Карев“ и населба Охридати е исправна за пиење
Post Views: 51 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува граѓаните дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид и добиените резултати, исправна за пиење е водата од градски водовод во и околу мерно место Студентски дом „Никола Карев“ и населба Охридати.
Достигнат цензусот за претседателските избори
Post Views: 50 Цензусот за претседателските избори е исполнет во последните два часа од гласањето. Излезноста до 18:30 од обработени 92,12% од вкупниот број на избирачки места изнесува 46,39%.За цензус е потребен одзив од 40%+1 глас или 725.728 излезени гласачи. До 18:30, според податоците на ДИК гласале 775.364 избирачи.Тоа значи дека обезбеден е законскиот услов за Македонија да добие нов Претседател. Граѓаните одлучуваа помеѓу двајца кандидати, Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, кој се бори за втор мандат и Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која...
Излезноста во Охрид до 15 часот е 38%
Post Views: 31 Гласањето на парламентарните избори и првиот круг од претседателските во Охрид се одвива непречено, во мирна и демократска атмосфера. Сите 87 избирачки места во општината беа навреме отворени и не се регистрирани нарушувања на изборниот процес. До 15 часот своето право на глас го оствариле 38,41 отсто од избирачите за претседателските избори и 38,86 отсто за парламентарните.„ Ако направиме една компарација во однос на првиот круг и сега излезноста во пресекот од 13 часот е нешто поголема од таа што била во 15 часот во првиот круг . Во утринските часови...
Излезноста во Струга до 15часот е 22.76% на претседателските и 28,38% на парламентарните избори
Post Views: 50 Во општина Струга гласањето се одвива тековно , без поголеми технички проблеми и без нарушувања на процесот. Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани. Излезноста до 15 часот е 22.76 отсто отсто на претседателските и 28,38 отсто на парламентарните избори.„ Од граѓани немаме никакви поплаки. Оние кои согласно изборен законик , ако не биле запишани а имаат право ако имаат легитимни документи да се запишат , веќе од првиот круг е постапено согласно изборниот законик и имаат акти со кои им е дозволено правото на...







