Skip to main content

Автор: инфодеск

Битолчани нападнале охриѓанец на Туристичка

Post Views: 319 На 11.09.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид, приведени се Д.Т.(33), К.К.(39), Ѓ.С.(26) и И.В.(39), сите од Битола.Тие претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид, физички го нападнале А.С.(43) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Маж од Лескоец пронајден мртов

Post Views: 577 На 11.09.2022 година во 13 часот во СВР Охрид, пријавено е пронајдено починато лице во месноста „Краста”, атар на охридското село Лескоец.Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Р.Ѓ.(51) од селото Лескоец чија смрт, без траги на насилство е констатирана од лекар на Итната медицинска помош Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа

Post Views: 519 Mакедонија е една од десетте најсиромашни земји во Европа, објавува Канал 5 во својот прилог.Од балканските земји, посиромашни од нас се само Косово и Албанија. Најсиромашната европска земја е Украина, во листата се и Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора. Заедничко за сите е што ниту една земја не е членка на Европската унија.На веб-агрегатот „World Population Review“, кој обработува податоци од релевантни извори како Светска банка и Обединетите нации, земјава се најде на шестата позиција на неславната...

Продолжи со читање

Се скрши гранка од стариот Чинар кај Кошишта

Post Views: 365 Се скрши голема гранка од стариот Чинар во населбата Кошишта, што предизвика оштетување на дрвото кое се наоѓа во близина на станбена зграда.Екипи на јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец” се на терен ја отстрануваат трулата гранка, која падна ноќеска над објект и за среќа не повреди случајни минувачи.Општина Охрид има управувачко право со чинарите. За таа цел пролетта ангажиравме експерт за кастрење и одржување, кој направи увид и даде насоки за негово уредување. Гранката што падна е трула. Екипи на Охридски комуналец од утрово се на терен...

Продолжи со читање

Во четврток претставата Крик за љубов

Post Views: 353 На 15-ти септември во четврток ќе се одигра претставата „Крик за љубов“, на ЖОЗИЕН БАЛАСКО, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.Претставата започнува во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура, а влезот ќе чини 200 денари.Играат : Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Продолжи со читање

Успешно спроведен проект во рамки на Еразмус+

Post Views: 324 Во рамките на програмата ERASMUS+ CBHE 2020 година, Здружението за екологија „ЕКОМЕНЛОГ“ од Охрид во соработка со Јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и останатите партнери спроведува проект насловен „Зајакнување на образовните капацитети за управување со ризик од неавтохтони водни видови во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) – Рискмен“.Конзорциумот на проектот RiskMan се состои од партнери од осум земји: Турција, Италија, Македонија, Грција, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Главен координатор на...

Продолжи со читање

21 година од терористичките напади во САД

Post Views: 428 Со низа церемонии во Њујорк денеска се одбележува 21 година од терористичките напади на Соединетите Држави во кои загинаа околу 3.000 луѓе, а повеќе од 25.000 беа повредени.Терористичкиот напад врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз зградата на Пентагон го извршија членови на Ал Каеда со киднапирани патнички авиони.Деветнаесет членови на Ал Каеда упаднаа во кабините на четири патнички авиони и ја презедоа контролата. Авион на „Американ ерлајнс“ влетал во северната кула СТЦ во долниот дел на Менхетен, а дваесет минути подоцна авион на...

Продолжи со читање

Маж од Кавадарци избоден со нож па запален

Post Views: 371 Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти Обвинителството.Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите.Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица.​

Продолжи со читање

Почина Коста Фортомароски

Post Views: 558 Вчера во Охрид на 89-годишна возраст почина познатиот охридски просветен работник и писател Коста Фортомароски.Коста Фортомароски роден е во Охрид во 1933 година во стара охридска фамилија. Основно училиште завршил во Скопје каде работел татко му, но кога почнува војната 1941 година се враќа во Охрид и го продолжува школувањето. Настапуваат тешки години. Рано го губи татко му. По завршувањето на основното училиште учи во Учителската школа во Битола, а потоа на Виша педагошка школа-македонски јазик во Скопје. По завршувањето на вишата школа се вработува како...

Продолжи со читање

Внимавајте на измами

Post Views: 363 СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства.Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112...

Продолжи со читање

Хернандес победник на Охридскиот маратон

Post Views: 321 Аргентинскиот пливач Матијас Дијас Хернандес е победник на 35-то издание на Охридскиот пливачки маратон, кој денеска во доста тешки услови поради ветровитото време се одржа во нашето најпознато и најголемо природно езеро.Со оглед на тоа што годинешното издание првично беше одложено, на почетокот во Св. Наум се појавија само осум натпреварувачи, од кои седум машки и само една женска натпреварувачка.По речиси шест часа пливање, на крајот го добивме победникот денеска во Охрид, а тоа е Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес кој го заврши како најдобар на...

Продолжи со читање

Лолеска, гласот на ретките на конференција во Белград

Post Views: 367 Националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“ на третата регионална конференција „Caring For Rare“ во Белград, Република Србија.Носителот на кампањата, активистката Гордана Лолеска од Здружението „Ретко е да си редок“, ја претстави Националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“ на конференцијата во рамки на панелот „Making Rare Diseases Visible“.На конференцијата се разговара за ретките болести како приоритет на јавното здравје, неонаталниот скрининг во Европа, ретките болести и менталното здравје, истражувањето на ретките болести,...

Продолжи со читање