Автор: инфодеск
Post Views: 48 Македонија бира претседател и нов состав на законодавниот дом.Излезноста на вториот круг за претседателските избори до 15 часот, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) е 31,53 % Правото на глас до 15 часот го оствариле 554.957 граѓани.На седмите претседателски избори од осамостојувањето на државата, право на глас имаат 1.814.317 граѓани. За еден од двајцата кандидати да биде избран за функцијата Претседател на Република Северна Македонија треба да освои мнозинство од вкупниот број гласови, при што е потребно најмалку 40 % од регистрираните...
Гимназиските оркестар, хор и солисти најдобри на регионалниот натпревар
Post Views: 37 На Регионалните смотри одржани на 25ти април 2024 година гимназискиот хор и оркестар од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид ја освоија највисоката прва награда и пласман на државниот натпревар кој ќе се оддржи на 11 ти мај во Скопје.На државниот натпревар за солисти кој ќе се одржи на 15 мај во Прилеп се пласираа :Наталија ТанескаДимитар Веслиевски
Излезеноста во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто
Post Views: 38 Во Општина Струга гласањето гласањето се одвива тековно, без нарушувања. За парламентарните избори во Струга до 11 часот излезноста е 9 отсто, додека за вториот круг од претседателските 6,32 проценти.Во Вевчани до 11 часот гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список. Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале и за претседател и за пратеници, информира претседателката на ОИК Вевчани, Менче Кукоска.
Во Охрид ќе се одбележи Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина
Post Views: 67 На 8 мај 1828 година е роден Анри Динан, основоположникот на Движењето на Црвениот крст.На овој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности делуваат на подигање на свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и не’ потсетуваат на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи.Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена...
Излезноста во Охрид до 11 часот изнесува 14 проценти
Post Views: 35 Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 11 часот е 14,59 отсто, додека на Парламентарните избори досега гласале 14,62 проценти од избирачите.Според ОИК, гласањето се одвива непречено и без какви било проблеми.На едно избирачко место во Охрид (1252 ), каде што утрово беше пријавен технички проблеми со биометрискиот уред, гласањето продолжи со УВ ламба и спреј.На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 11 часот излегле 14 отсто од лицата со право на глас.И во Дебрца нема никакви проблеми и изборниот процес се одвива...
Струга се поклони на патронот Свети великомаченик Георгиј Победоносец
Post Views: 38 Струга ја продолжи вековната традиција со божествена Ѓурѓовденска литија. Илјадници верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста со чудотворните мошти на светителот и Карниниската икона на Бгородица го осветија градот на мостовите.Верниците на заштитникот на градот, почит му оддаваа стоејќи на двете страни на улиците и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе.„Верувајте ми дека ова торжество што денес се случува тука кое е културолошки најавтентично и го...
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
Post Views: 48 Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, според податоците од Државниот завод за статистика. Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците за животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за...
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
Post Views: 74 Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти.Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 6,2 проценти, a во однос на декември зголемувањето е за 1,3 проценти.







