Skip to main content

Автор: инфодеск

Тројца загинати во несреќа во Хрватска

Post Views: 408 Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска.Судирот се случил синоќа, околу 21:30 часот по локално време, во близина на градот Новска, кој се наоѓа блиску до границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.„Ударот беше огромен“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на местото на инцидентот отиде заедно со други владини претставници.Пленковиќ потврди дека на местото на инцидентот се пронајдени тела на три лица, но рече дека може да се откријат уште жртви, пренесе ТВ...

Продолжи со читање

Кумановчанец нападнал полицаец во Охрид

Post Views: 318 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.Тој, на 18.08.2022 година во 21:15 часот, по претходно нарушен јавен ред и мир на улицата „7 ноември” во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Казнети 5 возачи под дејство на алкохол

Post Views: 304 На 09/10.09.2022 година од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале пет возачи на моторни возила кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид

Продолжи со читање

Пет загинати во Нов Зеланд

Post Views: 407 Пет лица загинаа денеска во Нов Зеланд откако чамец со 11 лица се преврте во близина на Каикура, крајбрежен град на Јужниот остров.Радио Нов Зеланд (RNZ) објави дека градоначалникот на Каикура, Крег Макл, верува дека кит го превртел чамецот.Сепак, полицијата не ја потврди причината за несреќата.Ова е трагичен настан кој погодува многу животи, не само семејствата на жртвите и нивните најблиски. Го затворивме пристаништето за да можеме да продолжиме да работиме – рече Макл на прес-конференцијата, пренесува RNZ.„Точните околности на инцидентот...

Продолжи со читање

Започна Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 375 Утрово од Св. Наум стартуваше 35-тото издание на Охридски пливачки маратон.На маратонот учествуваат пливачи од Италија, Аргентина, Словенија, Косово и Македонија. Осум пливали ја бранат традицијата на најпрепознатливата македонска спортска манифестација.Во категоријата мажи честа на Македонија ја бранат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, а учествуваат уште Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинешното маратонско...

Продолжи со читање

Сообраќаен час на отворено со најмладите

Post Views: 269 Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП, во рамки на превентивните активности „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, денеска (09.09.) реализираа едукативно-информативна средба со учениците во прво одделение од основното училиште „Христо Узунов” во Охрид.Притоа, полициските службеници, со најмладите одржаа интерактивен сообраќаен час на отворено, со изнесување корисни информации за нивната безбедност во сообраќајот, за потребата од внимателност при движењето од домот кон училиштето и обратно и почитувањето на сообраќајните знаци –...

Продолжи со читање

Проекција на филм Welcome to Norway во Охрид

Post Views: 577 Младински образовен форум (МОФ), во партнерство со УНХЦР организира филмска недела во Охрид и во Тетово, каде присутните ќе имаат можност да го гледаат филмот „Welcome to Norway“ во режија на норвешкиот режисер Rune Denstad Langlo, по што ќе следува и дискусија за импресиите од филмот.Филмските проекции ќе се одржат на 13 септември во Тетово во просториите на Центарот за балканска соработка ЛОЈА со почеток од 18:30 часот и во просториите на Касарна Хаб во Охрид на 15 септември со почеток од 19:30 часот.„Welcome to Norway“ се фокусира на желбата на...

Продолжи со читање

Уапсен оперативец на Исламска држава

Post Views: 396 Турската полиција и разузнавањето уапсија оперативец на Исламска држава, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.Ердоган синоќа го идентификуваше заробениот оперативец како Башар Хатаб Газал Ал Сумејдаи и дека е познат по името Абу Зеид.Претседателот рече дека бил уапсен врз основа на разузнавачки информации дека илегално ќе влезе во Турција, но не кажа кога била извршена операцијата.Абу Зеид е уапсен во заедничка акција на полицијата и разузнавачката агенција откако ги следеле неговите врски во Сирија и Истанбул, пренесува Бета.

Продолжи со читање

Холандски брод потона во Северното море

Post Views: 378 Холандски брод потона денеска во Северното Море во близина на Данска по судир со друг брод, соопшти данската морнарица, наведувајќи дека нема жртви.Седум членови на екипажот на бродот „Хелге“ скокнале во морето и биле спасени со хеликоптер.Не се познати деталите за судирот на бродот „Хелге“ долг 89 метри и поголемиот брод „Дивиот Космос“, кој плови под бахамското знаме.Судирот бил на 37 километри од западниот брег на полуостровот Јитланд.Нема извештаи за штета на поголемиот брод.Данската морнарица испрати неколку бродови и два хеликоптера на...

Продолжи со читање

Новиот крал сеуште нема да ја носи круната

Post Views: 361 По смртта на кралицата Елизабета, Велика Британија доби нов крал, Чарлс Трети.Веројатно ќе биде крунисан за една година – изјави Кејт Вилијамс, професорка по историја на Универзитетот во Рединг, Англија и авторка на „Млада Елизабета: Создавањето на кралицата“, за магазинот „Пипл“.Церемонијата на крунисување обично се чека една година бидејќи се смета дека е несоодветно да се одржи крунисување веднаш по смртта на претходниот монарх. Тоа е долг период на жалост – вели Вилијамс.Таа се осврна и на претходните тврдења дека Чарлс ќе абдицира во...

Продолжи со читање

Свикана шеснаесеттата седница

Post Views: 283 Свикана шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 14.09.2022 година (среда) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.ДНЕВЕН РЕДПредлог Одлука за давање согласност за формирање групи  во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.Предлог Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог Одлука за усвојување на годишниот...

Продолжи со читање

Започна Охридскиот фестивал на виното

Post Views: 390 Синоќа започна „Охридскиот фестивал на виното”, кој се одржува на Градскиот Кеј наспроти хотелот „Палас“.Првата фестивалска вечер помина одлично. Идејата ни е преку вакви манифестации и настани да придонесеме кон привлекување гости и во овој период од годината – вели градоначалникот Кирил Пецаков.Фестивалот продолжува вечерва со настап на Александар Јосифовски, Ареа и Наум Петрески.За доброто расположение на посетителите на фестивалот ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно...

Продолжи со читање