Автор: инфодеск
Post Views: 50 Охрид може да очекува плодна туристичка сезона, прогнозираат експертите. На годишно ниво се очекува пораст на бројот на туристи за 5%. Најбројни гости во Охрид и земјава се Турците, но научната фела очекува гостите од овој пазар да го достигнат пикот, исто како што претходно се случи со холанѓаните.Во фокусот треба да бидат нови пазари, потребни се субвенционирани чартер летови за привлекување гости од останатите европски земји.„Ако по утрото денот се познава ќе имаме успешна сезона, генерално предвидувањата се дека на годишно ниво ке имаме по 5% пораст...
“Госпоѓа Министерка” од Нушиќ во сабота на репертоарот на Народен театар Охрид
Post Views: 52 Претставата „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски во сабота (11.05.2024 ) повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во НУЦК „Григор Прличев“.Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски. Претставата ќе се игра во малата сала при охридскиот Центар за култура, со почеток во 20:00 часот.Карти во продажба на билетара по цена од 250 денари.
Лични документи ќе можат да се подигнат денеска во сите отсеци за управни работи на МВР
Post Views: 71 За претседателските и парламентарни избори што се одржуваат денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот. Од МВР ги известуваат граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3-ти мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат.
ДИК: Одзивот до 9 часот за претседателски избори е 4, 17 отсто, а за парламентарни 4,45
Post Views: 45 Државната изборна комисија информираше за излезноста до 09 часот, односно два часа по отворањето на гласачките места.Излезноста на претседателските избори до 9 часот е 4, 17 отсто, а на парламентарните 4,45 отсто, објави Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција утринава. Тој вели дека нема бојкот на претседателските избори, бидејќи сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател.Даштевски додаде дека сите гласачки места биле отворени навреме, иако се забележани одредени технички проблеми...
Граѓаните гласаат на седми претседателски и единаесетти парламентарни избори
Post Views: 56 Граѓаните на Република Македонија денеска гласаат на вториот круг од седмите претседателски и единаесетти парламентарни избори.На вториот круг од претседателските избори, ќе се натпреваруваат двајца кандидати, а право на глас имаат 1.814.317 избирачи. На парламентарните избори 1.815.350 граѓани со право на глас имаат можност да гласаат за 17 политички субјекти, односно за 11 политички партии, 5 коалиции и една независна листа од група избирачи со 84 листи на кандидати.Се гласа на 3.480 избирачки места, а идентификацијата на гласачите ќе се врши со...
Во Охрид ќе се одржи Мастерс квиз, пријавувањето е во тек
Post Views: 45 На 12 мај во Охрид, во просториите на Kasarna HUB ќе биде одржан четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24 во организација на Македонската квиз асоцијација.– Откако Охрид минатата година се покажа како одличен домаќин, гостите од другите градови повторно посакаа да дојдат тука и заеднички да се дружиме. Оваа година локацијата е друга (минатата година беше на УИНТ Св. Апостол Павле), но желбата на натпреварувачите да се дружат и да го проверат своето знаење е повторно тука, велат орагнизаторите.Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се...
Моштите на Свети Георгиј Победоносец денеска ќе ја осветат Струга
Post Views: 53 Mоштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска ќе ја осветат Струга.Традиционално, на 7 мај, сенародната Струшка еордија (литија) со моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба ќе тргне од храмот „Свети Георгиј“ и ќе поминат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници.Во 16 часот ќе биде...
СВР Охрид ќе го одбележи 7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција
Post Views: 65 7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, СВР Охрид ќе го одбележи со пригодна свеченост што денеска ќе се одржи во големата сала на СВР Охрид.–На свеченоста се очекува присуство на претставници на повеќе институции со кои СВР Охрид, има континуирана соработка а се очекува и присуството на охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, кој со свое обраќање, на припадниците на СВР Охрид ќе им го честита празникот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, во охридската...







