Skip to main content

Автор: инфодеск

Претставени пливачите на Охридскиот маратон

Post Views: 534 На пригодна свеченост вчеравечер пред охриѓани и гостите беа претставени пливачите кои ќе учествуваат на 35-тото издание на Охридскиот пливачки маратон.Во машка категорија ќе се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓа Арне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинешниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај...

Продолжи со читање

Научете да правите пица од врвни пица мајстори

Post Views: 883 Обука за подготвување пица наполетана ќе организира пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде.  Краткиот курс за тоа како дома да подготвите совршена воздушеста наполетана Трајанов ќе го води заедно со својот најблисок соработник, пица мајсторот Мартин Александров.Ќе се работи исклучиво рачно, за тестото ќе употребуваме брашна кои се достапни тука во сите маркети, достапни за сите домаќинки. Овој курс би бил наменет за домаќинките или луѓето кои сакаат да научат да прават добра пица во домашни услови – најавува Дејан Трајанов Чеде, пица мајстор.Доколку...

Продолжи со читање

Екипите на Комуналец и на празник работно

Post Views: 324 Иако денес е голем празник, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен во служба на граѓаните и јавната чистота на Охрид.И во овој празничен ден нашите дежурни eкипи се ангажирани на повеќе локации за градот да блесне во својот полн сјај. Дел од екипите го украсија градот со знамиња по повод 8-ми сепетември-Денот на независноста на Рeпублика Македонија. Генерално беше расчистен делот во градскиот парк каде се наоѓаат спомен-обележјата на револуционерите. По санирањето на дефектот со водоводната мрежа на ул. „Питу Гули”, темелно се расчисти оваа...

Продолжи со читање

Ногачески со честитка за Денот на независноста

Post Views: 284 По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески упати честитка до сите граѓани на Република Македонија.Дозволете ми да Ви го честитам 8-ми септември, Денот на независноста, со желби за мирна и просперитетна иднина на сите граѓани.На овој голем ден, пред точно 31 години граѓаните на Република Македонија јасно и недвосмислено ја изразија својата определба за независна, самостојна и суверена Република Македонија. Од тогаш Македонија гордо чекореше по патот на меѓународните интеграции,...

Продолжи со читање

Заврши Меѓународната уметничка колонија

Post Views: 389 Во живописната Трпејца на колонијата која се одржа по петти пат, цели четири дена твореа уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Србија, Петрит Лараку од Албанија и Елена Ѓурѓиноска, Наташа Попоска – Карче, Хава Рецепи, Ѓоко Симјаноски сите од Охрид.Во понеделникот уметниците им ги откриваа тајните на уметноста на учениците од подрачното ООУ „Наум Охридски“ во Трпејца, а имаа средба и со трпејчани и туристи кои овие септемвриски денови се на одмор во селото.На завршниот ден од колонијата на дружба со уметниците беа и претставнички на...

Продолжи со читање

Улицата Будва доби атмосферска канализација

Post Views: 315 Изминатиот период на улица „Будва“ се одвиваа градежни работи за изведба на атмосферска канализација.Зафатите ги изведуваше ЈП „Нискоградба“, а должината на поставената атмосферска канализација е 246 метри.Вкупната вредност на зафатот изнесува 2 072 829 денари. Финасиските средства се целосно обезбедеАмни од буџетот на Општина Охрид – информираше градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Ново спортско игралиште во Велгошти

Post Views: 377 Деновиве се одвиваат активности за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште во Велгошти.На просторот од старото игралиште се гради ново мултифункционално спортско игралиште.Во моментов се врши расчистување на теренот, а потоа следува санација на ѕидовите, поставување на нова ограда и поставување на нови реквизити. Нашата цел е овозможување на вистински можности за правилен раст и развој за најмладите. Со реализацијата на ова игралиште ќе ги поттикнеме и активираме младите да се дружат и да развиваат здрави навики – напиша...

Продолжи со читање

Двајца загинати во несреќа со глисер

Post Views: 641 Две лица загинаа, а тројца се повредени во несреќа која се случила синоќа околу 21:30 часот на Дунав во белградската населба Гроцка.Медиумите прво објавија дека глисерот со кој управувал И.Ј. изгубил контрола и удрил во шлеп. Но, по истрагата било утврдено дека пловилото немало контакт со шлеп, туку дека удрил во нешто друго, пишува „Телеграф“.Телата на загинатите се извлечени од Дунав и испратени на обдукција. Потоа ќе се утврди дали возачот во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол или опијати. Ќе се разговара и со тројцата повредени кои се во...

Продолжи со читање

Земјотрес од 5,4 степени во Јонското море

Post Views: 424 Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето меѓу Закинтос и Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.Првата проценка на Институтот беше дека јачината на земјотресот била 5,3 степени, пренесува Екатимерини.Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри.Според проценката на Евро-медитеранскиот центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Продолжи со читање

Седумдесет години староградска песна

Post Views: 363 Седум децении низ охридските сокаци одекнуваат звуците на староградската песна од познатиот  ансамбл „Билјана”. Легендарните „Билјана платно белеше”, мелодиите за убавиците Деспина, Фросина, Антица и уште безброј други песни истргани од душата на народот, денес се важен дел од македонската култура и историја, чувар на нашиот идентитет.Седумдесетгодишнината од формирањето на ансамблот творец на староградскиот мелос, врзана со државниот празник 8-ми септември, беше одбележана синоќа со „Охридска визита“ и концерт во предворјето на катедралната Света...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков го честита 8 септември

Post Views: 242 Градоначалникот Кирил Пецаков до граѓаните на Охрид, упати честитка, по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.Изминаа 31 година, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот. Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдиме нашата цврста определба за демократска и просперитетна Македонија. За жал и после 31 години, ние како Македонци, повторно сме исправени пред предизвик, кој треба и мора да го совладаме, за...

Продолжи со читање

Нивото на Охридското езеро под просекот

Post Views: 660 Нивото на Охридското Езеро од јули до септември годинава намалено за 12 сантиметри. Во споредба со месец јуни водостојот е намален за 32 сантиметри. Денешната кота изнесува 693,36 м.н.в., или 26 сантиметри до минималната кота, односно еден сантиметар пониско од вчера.Според Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на езерото е за десет сантиметри под просекот за август (693,45) м.н.в. Еколозите со години алармираат за штетите од осцилациите на најголемото природно езеро во земјава.Со неконтролираните водостои во нашата...

Продолжи со читање