Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево и топло со температура до 21 степен

Post Views: 38 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Mаксималната температура ќе достигне до 21 степен.Во следните три дена под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Странските туристички водичи ја извртуваат македонската историја

Post Views: 38 Странски туристички водичи ја извртуваат македонската историја. Иако согласно  Законот за туризам, туристичките групи во земјава мора да бидат придружувани од локален водич, кој веродостојно би ги пренел историските и културните  приказни, странските агенции не го почитуваат.Уште на стартот на туристичката сезона во Охрид, деновиве за празниците се забележуваа групи странски туристи без локален водич, кои  ја раскажуваат својата верзија за историјата на Македонија. Зборуваат што сакаат за земјава, без никаква контрола и законски...

Продолжи со читање

На полноќ настапува молкот за двојните избори на 8 мај

Post Views: 77 Денеска е последниот ден од кампањата за вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори на 8 мај. На полноќ настапува молкот, кој ќе заврши во среда, во 19 часот.Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори започна на 18 април.На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој...

Продолжи со читање

Фото Ѓоко Симјаноски Расцутени дрва кеј

Сончево време до среда

Post Views: 39 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 21 степен.Во вторник, во Македонија, попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Свети Георгиј

Св. Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден

Post Views: 62 Големиот црковен и народен празник посветен на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население.Светиот Великомаченик, Христовиот војник, Георгиј се нарекува ‘Победоносец’, бидејќи тој, со своите славни чудеса, им донел безброј победи на Христијаните. Храбро пострадал за...

Продолжи со читање

Радожда полна со гости за празниците, угостителите очекуваат плодна туристичка сезона

Post Views: 105 На само десетина  километри од Струга веднаш до албанската граница се наоѓа езерската убавица  –   Радожда. Сместено во падините на Јабланица, белите каскадно наредени куќички   се огледуваат  во Охридското езеро.Позната по чудесните изгрејсонца, велат тука магично   се чувствува раѓањето на денот   токму затоа го носи името Радожда. Во минатото  земјоделско- рибарско,  а денес туристичко село. Во рестораните   најзастапени се  рибните...

Продолжи со читање

Охрид паркинг

Владата одлучи да се врати старата цена на осигурувањето од автоодговорност

Post Views: 69 Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.-Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска...

Продолжи со читање

Националната комисија на УНЕСКО бара од Општина Охрид да ја достави документацијата за изградба на хотелот во „Горица

Post Views: 37 Националната комисија на УНЕСКО денеска одржа седница на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“ во Охрид. Членовите на Комисијата донеле заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација.Како што соопштија од Министерството за култура, седницата се одржала на иницијатива на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.Министерката посочила дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата...

Продолжи со читање