Автор: инфодеск
Post Views: 474 Активностите на реинтродукција на Европскиот елен во рамки на Национален парк Галичица течат одлично имајќи го предвид постигнување на 100 единки во во природниот резерват . Тоа е во рамки на планираната динамика на зголемување како и напорите за подобрување на заштитата, конзервацијата и управувањето со заштитеното подрачје вели Андон Бојаџи- раководител на сектор за заштита на природата.„Можеме слободно да се пофалиме дека реинтродукцијата оди добро и дека бројот на единки во репродуктивниот центар во НП Галичица во локалитетот Косто Бачило сега е преку...
Изложба на стари фотографии
Post Views: 315 Охридскиот Архив во соработка со Општина Охрид и проф. Наум Аслимоски по повод Охридскиот Маратон, ќе престави архивски фотографски материјал.Изложбата на стари фотографии ќе биде поставена утре на плоштадот „Табана“, кај Долна порта каде ќе има и презентација на пливачите, како и проекција на документарен филм „Охридски пливачки легенди“.Овие содржини во петок во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе може да ги погледнат децата од основните и средните училишта.Во сабота на градскиот кеј ќе се одржи работилница со ученици од Средното стручно...
ИПА проекти за меѓугранична соработка
Post Views: 325 Еден од приоритетите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е што повеќе да аплицира и работи на ИПА проекти за меѓугранична соработка.Во таа насока на денешниот состанок со директорот на АППТ Љупчо Јаневски, раководителот на сектор поддршка Зоран Николовски и претставници на Асоцијацијата за промоција на планинскиот туризам на Косово се разгледаа можностите за аплицирање на повик за проекти преку ИПА пограмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Косово.Во периодот што следи ќе се бараат дополнителни партнери со кои ќе се...
Нови 134 случаи на ковид во земјава
Post Views: 346 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид 19.Скопје – 63, Битола – 13, Крива Паланка – 7, Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.Регистрирани сe 144 оздравени...
Пиштол и куршуми пронајдени кај охриѓанец
Post Views: 524 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.А.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.При претрес во неговиот дом, извршен на 15.03.2022 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Browning” калибар 7,65 милиметри и 40 куршуми што нелегално ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Дефектот саниран, улиците исчистени
Post Views: 293 ЈП „Охридски Kомуналец” се вклучи во санирање и нормализирање на состојбата после големиот дефект кој се случи со водоводната цевка кај Билјанини Извори.Ангажирани беа цистерни за миење на улици кои во повеќе наврати ги расчистуваа најпогодените улици и локации.На некои места рачно се мијат јавните површини, се отстрануваат наносите од земја, песок и друг наталожен материјал покрај коловозите и тротоарите, се метат површините рачно и машински – информираат од јавното претпријатие.На локациите каде се наталожени поголеми количини наноси е...
Хакерски напади врз институциите на Косово
Post Views: 366 Портпаролот на косовската влада Перпарим Криезиу синоќа потврди дека институциите на Косово во последните два дена имале привремени проблеми со интернет сервисот, како резултат на хакерски напади.Тој рече дека нападот не навлегол во инфраструктурата на државната компјутерска мрежа и дека е идентификувано дека нападот дошол надвор од Косово.Тимот од секторот за кибер безбедност на Агенцијата за информатичко општество, во соработка со надворешни експерти, идентификуваше дека проблемот со интернет услугата е резултат на кибер напад. Кибер нападот не навлезе...
Жена со дете паднала од трамвај во Белград
Post Views: 409 Во Нов Белград се случила несреќа во која полесно се повредени жена и дете.Српските медиуми објавија дека станува збор за бебиситерка и детето кое го чува, кои паднале од трамвај.Во инцидентот жената ја повредила ногата, додека детето има лузна на лицето.
Најнови книги во охридската библиотека
Post Views: 307 И оваа недела нови пет наслови кои уште од денеска можете да ги побарате на пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.Се работи за пет наслови во издание на Сакам книги и Книгохоличари.„Знаеш ли да чуваш тајни“ од Софи Кинсела, „Слаткоречив туѓинец“ од Лиса Клејпас, „Еден на еден“ од Крис Картер.Не помалку интересни се и следниве два наслови: „Шепни ми нешто“ од Кери Ен Кинг и „Девојчето што го оставија зад себе“ од Росана Велецос.Од понеделникот градската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до...
Роднокрајни автори родени во септември
Post Views: 284 Со мини изложба и избор на нивни дела поставени пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид традиционално се одбележуваат родендените на роднокрајните автори родени во септември.Според евиденцијата на Библиотеката во септември се родени нашите сограѓани писатели: Димче Маленко, Боро Ѓорѓиески, Милош Линдро, Љубица Чифлигароска и Виолета Ачковска.
Енергетски предизвици во основните училишта
Post Views: 322 Основните училишта во Охрид, во рамки на своите можности и надлежности се придржуваат на усвоениот сет препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија кои веќе стапија на сила со почетокот на новата учебна година. Во Основното училиште „Христо Узунов“ веќе ги исклучуваат непотребните светилки во школскиот комплекс, а директорката Марина Ѓоргоска истакнува дека од голема помош за постигнување на заштедите на предвидените 15% ќе биде и енергетско инфраструктурно подобрување на капацитетите на училиштето како дел од...
Охрид го добива првиот вино фестивал
Post Views: 321 Почнувајќи од четврток во следните три денови на овој празничен викенд на градскиот кеј, ќе се одржи првиот фестивал на виното. На него ќе бидат промовирани македонските и охридските автохтони вина, но ќе учествуваат и винарии од соседството и европските земји.Целта на манифестацијата е продолжување на летната туристичка сезона.Ќе донесеме десетина винарии македонски и неколку увозници на вино. Исто така вина ќе има и од Шпанија, така да мислам дека ќе има една голема понуда на вина, да се проба, да се дегустира вино – вели Пане Темов, организатор...