Автор: инфодеск
Post Views: 51 Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. а верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус.Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме...
Облачно и врнежливо со температура до 15 степени
Post Views: 39 Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд и максимална дневна температура до 15 степени. Ќе дува засилен западен ветер.Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. фото: Ѓоко Симјаноски
Охрид преполн со туристи за Велигденските празници
Post Views: 54 Охрид преполн со туристи за Велигденските празници. Огромен број странски и домашни туристи деновиве ги минуваат на брегот на Охридското Езеро. Голем дел од гостите пристигнаа од вчера на Први мај, а остануваат до недела или понеделник.Хотелските капацитети и приватното сместување бележат голема исполнетост.Најголем дел од гостите се од земјава, но и од соседните земји. Забележително е присуството на групи од Србија, Словенија, Турција, Полска.„Како што гледам од поранешна Југославија се најповеќето, но...
Две мајки се истепале на ул. „Ванчо Питошески” поради кавга меѓу нивните деца
Post Views: 43 На 01.05.2024 во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески” во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36 и 35 годишни, двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.фото: илустрација
Црногорец приведен во угостителски објект во Охрид
Post Views: 34 Денеска (02.05.2024) во 02.45 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 годишно лице од Република Црна Гора затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Охриѓанец заработи кривична, ограбувал постари жени на улица
Post Views: 69 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво” и „тешка кражба на дрзок начин”.-Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски” во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска” на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан...
Започна исплатата на МојДДВ
Post Views: 72 Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните. Се работи за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024.Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари по...
Од 10-ти мај Охридски комуналец започнува со акциите за подигнување кабаст и зелен отпад
Post Views: 77 ЈП „Охридски комуналец“ го објави календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.Акциите за подигнување кабаст и зелен отпад започнуваат од 10.05.2024 год. Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад.– На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни...







