Автор: инфодеск
Post Views: 479 На 06.09.2022 во 03:05 часот во СВР Охрид, лишен од слобода е Б.Т.(34) од Охрид.Тој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари во различни валути и апоени, златен и сребрен накит и други вредни предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.СВР Охрид работи на целосно расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава.
Двајца охриѓани нападнале сограѓанин
Post Views: 304 На 05.09.2022 во 20:10 часот во СВР Охрид, пријавено е нарушување на јавен ред и мир со физички напад извршен од E.З.(37) и Е.З.(33), врз Р.С.(34), сите од Охрид.Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Скоро цел Охрид во моментов без вода
Post Views: 436 Поради настанат поголем дефект на водоводна цевка во близина на бензиската пумпа кај Билјанини извори, повеќе делови од Охрид останаа без вода.Од ЈП „Водовод“ ги информираат граѓаните дека отстранувањето на дефектот кој е на непристапен терен, ќе трае повеќе од два часа.
Вечерва и утре Секс, лаги и љубомора
Post Views: 432 Поради огромниот интерес кај публиката, Народниот театар Охрид на репертоарот повторно ја стави претставата „Секс, лаги и љубомора“, од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски. Претставата е закажана за вечерва и утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак. Коле Ангеловски е еден од најплодните македонски режисери.Самото дејствие се случува во зграда, во...
Меѓународен натпревар во јадење лути пиперки
Post Views: 362 Меѓународен натпревар во јадење лути пиперки за првпат ќе се реализира во петок во Кавадарци, за време на Стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Настанот што ќе се одржи во кавадаречка гостилница е насловен „Супер лут предизвик”.Организаторот информира дека за сите натпреварувачи следуваат вредни награди, а главната награда за победникот е LCD телевизор. Неколку спонзори го поддржуваат овој натпревар. /МИА
Сончево време со умерена облачност
Post Views: 345 Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.Во попладневните часови наместа ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Владата ќе ја одржи 79-тата седница
Post Views: 296 Владата на Република Македонија, денеска 06.09.2022 година (вторник) ќе ја одржи 79-та редовна седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, којашто е предвидено да започне во 14:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
Двајца млади македонци загинаа во Италија
Post Views: 340 Две малолетни момчиња од Македонија, на возраст од 16 и 17 години, загинале во сообраќајна несреќа во Италија, јавија локалните медиуми.Тие со автомобил „Фиат Пунто“ се судриле во „Голф“ на локален пат во областа Аки Терме, а несреќата се случила додека имало невреме со силен дожд, објави порталот „Нуова Провинча“.Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а локалните медиуми од Кочани објавија дека момчињата, со иницијали С.С. и М.Г., се по потекло од Кочани и од Виница.Момчињата живееле во местото Ница, а во автомобилот имало уште двајца нивни...
Владата да им помогне на комуналните претпријатија
Post Views: 311 Од Конфедерацијата на слободни синдикати ја повикаа денеска Владата веднаш да најде начин да им помогне на јавните комунални претпријатија за да се справат со високите трошоци за електрична енергија. Ако тоа не се случи ќе бидат принудени да ги поскапат своите услуги и да отпуштаат вработени, предупредуваат од КСС.Ако властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата во големите индустриски капацитети и пред се, во јавните комунални претпријатија како даватели на услуги на граѓаните, ќе се соочиме со зголемување на цените за...
Поевтинуваат бензините и дизелот
Post Views: 353 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од петокот.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС98 се намалуваат за 2 денари по литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,5 денари по литар. Новата цена на дизелот е 98 денари за литар.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 85,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98, 88 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се...
13 години од бродската несреќа на Илинден
Post Views: 434 Денес се навршуваат 13 години од најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро, кога потона бродот “Илинден“.По тој повод, денес делегација од Бугарската амбасада во Скопје, претставници на локалната самоуправа, Капетанијата од Охрид и граѓански здруженија положија свеже цвеќе на меморијалнииот споменик, посветен на жртвите.Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, а потона на 250 метри од брегот, при што загинаа 15 бугарски туристи.
Саниран дефектот на трафостаницата
Post Views: 402 Како резултат на големото невреме кое го зафати селото Долно Лакочереј, во петокот настана дефект во трафостаница и поради тоа корисниците останаа без електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и за брзо време го санираа истиот.Секако, доколку на овие корисници им се оштетени апаратите за домаќинство може да започнат постапка за обесштетување.Оваа постапка се иницира од страна на корисникот кој се обраќа до службите на Електродистрибуција со барање за обесштетување доколку смета дека постои основ.Барањето се разгледува...