Skip to main content

Автор: инфодеск

Велики Четврток: црвено јајце – симбол на Христовото Воскресение

Post Views: 59 Со денешниот Велики четврток почнуваат велигденските празници.Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. Нарекуван е уште – чистиот четврток. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени бидејќи бојата ја симболизира Христовата крв.Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Првото јајце било наменето на Господ и се...

Продолжи со читање

Променливо облачно со услови за дожд

Post Views: 31 Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

Продолжи со читање

Носителот на листа во 5 ИЕ од Коалицијата Храбро за Македонија, Самка Ибраимоски на средби со охриѓани

Post Views: 37 Носителот на 5 ИЕ од Коалицијата Храбро за Македонија, Самка Ибраимоски денес на средби со охриѓани. Тој вети подобар животен стандард за работниците измени во законот за социјална заштита и воведување на минимална пензија во износ од 25 000 денари. Голем број социјални мерки меѓу кои надоместок од 18 000 ден за секое полнолетно работонеспособно лице.Од коалицијата Храбро за Македонија ветуваат и поддршка за лицата  со физичка и ментална попреченост преку згрижување, образование  и вработување„Работниците станаа и сакаат да им се...

Продолжи со читање

Партијата Родина во Охрид ги промовираше програмските цели со кои настапува на парламентарните избори

Post Views: 68 Политичката партија Родина Македонија денеска во Охрид ги промовираше програмските цели со кои настапува на парламентарните избори. Нашето мото е „да ја вратиме Македонија на македонците“ затоа што сакаме државата да ја вратиме на вистинскиот пат, кажа носителот на листа во 5ИЕ, Маријан Гацевски.„Неможејќи веќе да издржиме гледајќи наназад 33 години како политичките фели со само менување на бојата но не и на нивната суштина и срж, во изминатите години не променија ништо освен наше обезличување на македонците, понижување и погазување до степен на наше целосно...

Продолжи со читање

ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено

Post Views: 72 Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.-За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако се пали оган на отворено при одењето на излет, таму каде што нема посебно направени огништа за правење скара, тоа да се прави внимателно и пред заминување од местото, обврзно да се изгасне жарта од огнот, велат...

Продолжи со читање

Првомајски протест за поголема плата и права на работниците

Post Views: 44 Минимална плата од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на хранарина и трошоци за превоз во висина од 20 проценти од просечната плата, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати на Македонија ќе ги упати од протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.Од ССМ објавија Првомајски проглас на работниците.ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС 2024– НИЕ РАБОТНИЦИТЕ –Работници, Синдикалци,...

Продолжи со читање

Охриѓани и гостите во голем број го посетија Велигденскиот базар, уживаа во концерт и ја покажаа својата хуманост

Post Views: 43 Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ денеска по осми пат го организира традиционалниот „Велигденски базар“. Овој настан од година во година прераснува во интегрален дел од охридската туристичка разгледница и воедно пренесува порака на среќа и хуманост, вели заменик градоначалникот Перчо Божиновски.„Збогатувајќи ја туристичката сезона и збогатувајќи ги овие празнични денови за Велигден, навистина ќе биде од корист тоа што ќе можат не само туристите, туку и нашите граѓани да видат што можат да понудат локалните производители, што може да...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Приведен 29 годишен охриѓанец под сомнение дека нападнал 71 годишен сограѓанин

Post Views: 61 На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведенo е 29 годишно лице од Охрид, поради сомнение дека претходно, на улицата „15 Корпус” во Охрид, со уште едно лице, физички нападнале 71 годишно лице од Охрид. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање