Автор: инфодеск
Post Views: 272 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 Септември 2022 година (четврток), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.
Ликовен и литературен конкурс
Post Views: 329 Општина Охрид објавува ликовен и литературен конкурс на тема:„Есента со своите најубави бои блика, во полиња и градини на берба ве вика“.Овој еко проект е во соработка со охридските основни училишта, а по повод почеток на есента 23-ти септември. Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.Повеќе информации на следниот линк
Црвен крст организира крводарителска акција
Post Views: 271 За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 10.09.2022 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10-14 ч.Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција – велат од Црвен крст Охрид.
Меѓународна уметничка колонија Трпејца 2022
Post Views: 290 Од саботата до утре (6 септември) во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“.На колонијата творат уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Ниш – Србија, Петрит Лараку од Поградец – Албанија и Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид.Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Св. Наум Охридски“, а ќе се дружат и со учениците и мештаните.Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“, а...
Почината жена пронајдена во стан во Охрид
Post Views: 455 На 03.09.2022 година во 12:15 часот, во СВР Охрид, пријавено е дека во стан во Охрид, почината пронајдена е Љ.Р.(91) од Охрид.Лекар од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство – информираат од СВР Охрид.
Лансирањето на ракетата повторно одложено
Post Views: 431 НАСА по вторпат го одложи лансирањето на ракетата „Артемис 1“ од космодромот Кејп Каневерал.Големата мисија околу Месечината овој пат беше одложена поради истекување на горивото при полнењето.Кога виделе дека горивото почнало да истекува од моторниот простор на дното на ракетата, НАСА ја прекинала операцијата, додека инженерите се обидувале да ја затнат дупката во отворот.Ова е втор неуспешен обид за лансирање на ракетата – претходниот не успеа во понеделникот, кога истече гориво и дојде до дефект на сензорот на моторот.Нов обид за лансирање...
Едно лице загина при пукање во Словенија
Post Views: 406 Едно лице загина, а тројца се ранети во престрелка во Словенија. Осомничениот сеуште е во бегство, соопшти полицијата во Ново Место, пренесе СТА.Се верува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, вчера убил 22-годишно момче од Ново Место, на главниот пат меѓу Мирне Печи и Ново Место кај Брежје.Уште три лица, една жена и двајца мажи, на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети во престрелката и пренесени во болницата во Ново Место, јави СТА.Во периодот од 23 до 2 часот ноќеска пред Итната помош во Ново Место имало и неколку полицајци, бидејќи таму...
Библиотеката го враќа старото работно време
Post Views: 306 НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид од утре го враќа старото, стандардно време за работа со читатели.Пултот за зајмување книги од понеделник до петок ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците, како и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15 часот. Читалните ќе можат да ги...
Минатото е богатство на еден народ
Post Views: 391 Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Здружението за промоција на хуманитарни, културни, образовни и еколошки вредности „Синан Челеби“ Охрид, на плоштадот кај „Чинарот” се одржа манифестацијата „Минатото е богатство на еден народ“.Овој настан покажа дека со неоптоварен поглед кон минатото, уважувајќи ги нашите културни разлики, можеме и знаеме да градиме побогат и посреќен заеднички живот за сите охриѓани.Вие, наши драги охриѓани припадници на турскиот народ, досега не броено пати сте покажале дека хармонијата со македонскиот народ, ништо...
Силен земјотрес го погоди островот Крит
Post Views: 402 Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит.Земјотресот се случил во 7:13 часот по локално време. Епицентарот бил во морето на 30 километри од градот Закрос, а со длабочина од 4,7 километри.Тој бил почувствуван во многу области на источниот дел од Крит, но и во главниот град на округот, Хераклион.Засега нема информации за евентуални штети.По силниот земјотрес регистрирани се уште најмалку четири со јачина од околу 3,8 степени.
Комеморација по повод смртта на Силјаноски
Post Views: 331 Во организација на Општина Охрид и новинарите на Охрид, во големата сала денес се одржа комеморација по повод смртта на Благоја Силјаноски.За Благоја зборуваа Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и новинарот Милчо Јованоски.Почитувани семејство Силјаноски,Примете го моето искрено сочувство .Благоја Силјаноски, целиот свој животен век го поминал афирмирајќи го Охрид на овој или оној начин. По завршувањето на основното училиште во родното село образованието го продолжува во охридската гимназија, потоа во Скопје и Прилеп каде што ги завршува...
Делови од Подмоље без улично осветлување
Post Views: 457 Поради настанат дефект на уличното осветлување во село Подмоље, делови од селото од вчера се без улично осветлување.Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Поради комплексноста на дефектот се очекува најдоцна до понеделник да се нормализира уличното осветлување во делови од селото Подмоље – информираат од Локалната самоуправа на Општина Охрид.