Skip to main content

Автор: инфодеск

Велигденски украси за најмладите го разубавија плоштадот во Охрид

Post Views: 87 Денеска на плоштадот Свети Климент Охридски  бeше поставено велигденско украсно јајце со  христијанскиот поздрав Христос Воскресе, две дрвени клупи и други реквизити  наменети за најмладите .Украсите  се дело на академскиоит  скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во  ООУ Ванчо Николески од Лескоец.Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе  го красат градот за време на Велигденските празници. Целта е секој кој ќе се фотографира пред наведените украси со себе да понесе...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат од полноќ

Post Views: 42 Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

Продолжи со читање

Предвелигденска „Импровокација“

Post Views: 51 Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

Продолжи со читање

Охрид СОС: Од авион се гледат!

Post Views: 78 Фотографии направени од авион покажуваат од колкави размери е загадувањето на Охридското езеро на потегот каде се влева реката Сатеска. Фотографиите на Фејсбук ги објави граѓанската платформа Охрид СОС.„Овој пат буквално, две снимки од авион, кои го илустрираат загадувањето на Охридското Езеро од реката Сатеска. Оваа перспектива дава појасна слика на проблемот кој трае со децении, од пренасочувањето на речниот тек во езерото. Најголем дел од притоките, за жал, се загадени, и сите тие наноси завршуваат директно во езерото. Институциите, по навика, не...

Продолжи со читање

Парични средства

Предвремена исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за април во пресрет на Велигденските празници

Post Views: 44  На 02 МАЈ 2024 ќе   започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Април 2024 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 02 Мај 2024 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во сите отворени филијали и експозитури на банките, за...

Продолжи со читање

Страдална или Страстна седмица

Post Views: 64 Последната седмица пред Велигден е Страдална или Страстна седмица. Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава, неговите страдања, смртта и погребението.Сите денови од Страдалната седмица се нарекуваат „Велики“, заради величието на настаните што се празнуваат во тие дни. Тоа се најтешките денови и најисполнети со молитви и богослужби. Во првите три дена (Велики понеделник, Велики вторник и Велика среда) низ богослуженијата, верниците се подготвуваат за сеќавањата на Христовите страдања. Трите дена се посветени на...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен

Post Views: 40 На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од  31 годишно лице од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса” со ресенски регистарски ознаки, што го управувала 45 годишна жена од Ресен.-Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во...

Продолжи со читање

Градски пазар

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за јавни и културни манифестации

Post Views: 44 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2024 год, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објави Оглас за прибирање на пријави за издавање на времено користење на површини за јавни и културни манифестации.Локацијата за комерцијално користење која е предмет на овој оглас е Плато помеѓу ТЦ Амам и Летница.Пријава на унифициран образец;...

Продолжи со читање