Skip to main content

Автор: инфодеск

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници, предвесници на Велигден

Post Views: 43 Православните христијани денес го празнуваат споменот на чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, извршено од Богочовекот Исус Христос.Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци...

Продолжи со читање

Привршува реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември

Post Views: 69 Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември.Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување и се формира нови тротоарски површини и простор за запирање на возилата.

Продолжи со читање

Учениците од ОМУ „Методи Патче“ Охрид освоија бројни награди на Државниот натпревар

Post Views: 38 Учениците од ООМУ „Методи Патче“ Охрид освоија бројни награди на  Државниот натпревар кој се одржа во Битола на 25-ти и 26-ти април 2024 година, во организација на Здружението на музички и балетски педагози.Охридските флејтистки од класата на проф. м-р Нина Момировска ги освоија највисоките, една Прва специјална награда и 5 Први награди.Бојана Размоска – Прва специјална наградаАна Јованоска – Прво местоТијана Шутароска – Прва наградаЕлена Андрееска – Прва наградаМиа Стојкоска – Прва наградаМихаела Аврамоска...

Продолжи со читање

Македонско знаме

МТСП: Неработни денови се 1-ви мај, 3-мај Велики Петок и 6-ти мај втор ден Велигден

Post Views: 115 Од Министерството за труд и социјална политика, информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, 1. мај 2024 година, Денот на трудот е неработен за сите граѓани на Република Македонија.Петок, 3-ти мај 2024 година, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија и понеделник, 6-ти мај 2024 година, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, исто така е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството...

Продолжи со читање

Средба на градоначалникот Пецаков со јапонскиот амбасадор

Post Views: 39 Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO – E Јапонски лебдечки свет“ на големите јапонски мајстори за дрворези од 17 и 18 век. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија, а ќе биде поставена во куќата на Робевци.Градоначалникот Пецаков се заблагодари за исклучително добрата соработка со Јапонската амбасада и изрази надеж дека и во иднина локалната самоуправа ќе биде во можност да учествува во заеднички проекти со амбасадата.

Продолжи со читање

ЈЗУ Здравствен дом Охрид со активности по повод Европската недела на имунизација

Post Views: 41 Денеска на градскиот плоштад во Охрид медицински тим од Здравствен дом делеше промотивен материјал на граѓаните за значењето на имунизацијата како најзначаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија. Активноста е во рамки на Европската недела на имунизација, што секоја година традиционално се одбележува од 24ти до 30ти април. Оваа година мотото на кампањата е „Заштитуваме генерации“.„Целта на кампањата е да се подигне свеста кај родителите и да се постигне една здравствена култура општо кај...

Продолжи со читање

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузниот автомобил 

Post Views: 50 Во Основниот суд Струга се одложи главната расправа против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил од марката „Ауди”.  Во судницата не се појави ниту Мерко, ниту бранителот. Одлагањето е по барање на адвокатот на обвинетиот, кој побарал увид во доказите..Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција на 01 март годинава, поднесе обвинение „злоупотреба на службена положба” со набавка на  автомобил „Ауди”, вреден 67 илјади евра, а претходно во 2020 година...

Продолжи со читање

Понеделник започнува пролетниот распуст за учениците

Post Views: 32Оваа година покрај воведувањето на пролетен распуст промена има и во календарот за настава за основците, така што учебната година за нив ќе заврши на 17 јуни.Како што претходно информираше Министерството за образование и наука (МОН), училиштата нема да работат на 8 мај (среда) поради одржување на вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори. Ден претходно, на 7 мај скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.Наставата од двата дена кои поради изборите се неработни...

Продолжи со читање