Автор: инфодеск
Post Views: 39Патувачката изложба содржи 30 реплики од најпознатите мајстори на дрворези од XVII и XVIII век. Изложбата на македонската публика ќе и го приближи „светот кој лебди“, кој го отсликува подемот на трговската класа доловен од страна на најзначајните мајстори на УКИЈО-Е.Изложбата е во организација на МузеумЛинк раководена од Јасминка Намичева, „Архифакт“ – Скопје, здружението за архитектура, дизајн и култура и Музеј на град Скопје.Изложбата ќе патува благодарение на поддршката на AOTS, ТЕП Раде Кончар и Амбасадата на Јапонија по повод 30 години од...
Денеска на Универзитетот „Св. Апостол Павле” започнува вториот Стартап Викенд Охрид
Post Views: 43 Од денеска до недела на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” ќе се одржи второто издание на Стартап Викенд Охрид.Настанот е наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.„Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд....
Охридските основци и средношколци се запознаваа со образовните можности на вториот Саем за образование и кариера
Post Views: 72 Пет средни училишта и единаесет високообразовни институции ги претставија нивните програми и можности за учење пред охридските основци и средношколци на вториот Саем за образование и кариера, во организација на Младински Центар Охрид.Саемот го отвори заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски кој во своето обраќање истакна дека настанот е од големо значење за младите кои стојат пред предизвикот за избор на соодветна кариера. Правилниот избор на образование ги одредува индивидуалните патишта, но има и големо влијание на општествениот развој, кажа...
Вечерва се отвора изложбата ПЕРИФЕРИИ на дела од меѓународни уметници, инспирирани од Охридското Езеро и неговите жители
Post Views: 56 Во Галеријата при Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, од 25-ти до 27-ми април 2024 година ќе биде поставена групна изложба на дела од осуммина меѓународни уметници, инспирирани од Охридското Езеро и неговите жители.Осуммина меѓународни уметници престојуваа во Охрид во април 2024 година како дел од проектот ПРОСПЕР: Прототип за одржливи резиденции на периферии. За време на престојот тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Езерото.-Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците...
Велигденски концерт на НУ „Охридско лето” со женскиот хор „Менада”
Post Views: 48 Во организација на НУ „Охридско лето”, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада” од Тетово под диригенската палка на професор Ивица Зориќ.„Со овој концерт заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на долгогодишното опстојување на оваа најзначајна културно-сценска...
Силјановска-Давкова со предност од над 180 илјади гласови повеќе во однос на својот противкандидат Пендаровски
Post Views: 43 Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Македонија повторно твоја и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, влегуваат во вториот круг од претседателските избори.Силјановска- Давкова има 362.682 (40,08%) гласови по обработени 99% од гласачките ливчиња , додека Стево Пендаровски има 180.306 (19,93%) гласови.На вчерашниот прв круг од изборите, Сиљановска Давкова, победи во 60 општини во државата, а Пендаrовски освои најмногу гласови во 3, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим...
Првични неофицијални резултати ДИК: Силјановска-Давкова 39%, Пендаровски 19%
Post Views: 46 Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на каднидатката Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.Од она што како резултати е објавено на интернет страната на ДИК , од обработени 71% од избирачките места, во водство е кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова со освоени 39% од гласовите пред кандидатот н Стево Пендаровски кој има 19%.Следуваат кандидатот Бујар Османи со 14,58%, Арбен Таравари со 10,49%, Максим Димитриевски со 8,42%, Билјана...
Кандидатите за Претседател упатија пораки до граѓаните откако го остварија своето гласачко право
Post Views: 44 Седуммината кандидати за претседател на државата денеска го остварија своето право на глас, по што дадоа изјави во кои упатија пораки до граѓаните по првиот круг од претседателските избори.Кандидатот на СДСМ и Колаицијата за европска иднина, Стево Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори.„Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите кои сме на овие претседателски избори, тоа е исклучително важно за целата...







