Автор: инфодеск
Post Views: 109 Еден од најзначајните гудачки квартети на денешницата, „Модиљани“ од Франција вчеравечер музицираше на „Охридско лето“ воодушевувајќи ја фестивалската публика со нивната совршена изведба и внимателно избраната програма.На репертоарот беа гудачки квартети од композиторите Хоакин Турина, Морис Равел и Лудвиг ван Бетовен. Концертот беше во рамки на Вечерта на Европската унија што веќе осумнаесетта година по ред се организира на фестивалот со поддршка на Делегацијата на nЕвропската унија во .С.Македонија.Заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ,...
Прекин во водоснабдувањето на „7 -ми Ноември“, „Богомилска“, дел од „Даме Груев“ и Бул.„Туристичка“
Post Views: 124 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „7 -ми Ноември“, дел од „Даме Груев“ , „Богомилска“ и дел од Бул.„Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук
Post Views: 102 Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук.Гудачкиот квинтет го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот од 1998 година и често ја остварува функцијата на трет концерт-мајстор на оркестарот и членува во Тиролскиот ансамбл за нова музика, нејзиниот колега од групата втори виолини Андреј Јаблоков од Братислава кој е член на оркестарот од 2012 година. Покрај нив, движечка сила на квинтетот е Драган Трајковски, контрабасист со потекло од...
БИДИ ПОЛИЦАЕЦ: МВР објави оглас за 150 полицајци
Post Views: 257 Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 150 нови униформирани полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Скопје. Огласот е отворен 15 дена, сметано од денот по неговото објавување.Кандидатите треба да имаат завршено четиригодишно средно образование, да се на возраст до 25 години (доколку првпат се вработуваат во МВР), како и да исполнуваат низа здравствени, безбедносни и физички услови. Предвидена е едногодишна обука во Центарот за обука на МВР, а избраните кандидати ќе потпишат договор за вработување со обврска да останат...
„Заштити се од кражби и џебни кражби“ – превентивна активност на СВР Охрид
Post Views: 106 „Заштити се од кражби и џебни кражби“ е превентивно – едукативната кампања што Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно ја спроведува во екот на туристичката сезона со цел заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.-Полициски службеници од Отсекот за превенција на различни локации во градот остваруваат средби со граѓаните и туристите и низ кратки разговори ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги...
Вечерва ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“
Post Views: 105 Денес во 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски.-Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за набавка на медицинска опрема за педијатриското одделение во Општа Болница Охрид, велат од ВИС „Билјана“.Организаторите порачуваат посетителите да си понесат перниче, пешкир или столче за седење бидејќи концертот ќе се одржи на плажа.
Преподобен Александар, основач на обителта на Неспиештите
Post Views: 115 Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде на војничка служба и стана офицер. Читајќи го Светото Писмо наиде на зборовите: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај сè што имаш и раздели им го на сиромасите, и ќе имаш сокровиште на небото, а потоа појди и врви по Мене“ (Матеј 19, 21). Овие зборови извршија такво влијание врз него, што веднаш продаде сè свое, го раздаде и се оддалечи во пустина. После долготрајни подвизи и трудови за своето очистување, ја востанови Обителта на Неспиештите, со особен устав. Според тој устав...
Денес и утре многу топло време, во петок малку посвежо
Post Views: 98 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите во интервал од 15 до 32 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, а претпладне ќе има услови за локална нестабилност. Во деновите потоа...
Измена на јавен оглас бр.01/2025 за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз – градска линија 1 и градска линија 2
Post Views: 59 Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 од 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-9420/7 од 12.07.2022 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-7820/77 од 28.05.2025 година, Oпштина...
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
Post Views: 177 Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за сурово малтретирање и убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди. Судот изрече казна затвор од три месеци за Крстевски, додека. Билбиловски доби парична казна во износ од 1.000 евра. Ова е прва пресуда во државава со затворска казна за мачење животни.Делото, според обвинителниот акт, сега осудените го сториле на 19 ноември минатата година. Тогаш Крстевски, без оправдана причина, користејќи...
Бројни културни настани и манифестации остават свој печат на летната сезона 2025
Post Views: 171 Заврши Вино фестот, но следуваат Охридски поетски бисер, На зајдисонце во Трпејца, Поетска ноќ на Велестово. Во ек е манифестацијата Културата расте со децата. Сите овие културни збиднувања ја збогатуваат туристичката понуда и го афирмираат градот Охрид. Настаните се спој на ликовна, книжевна, музичка и драмска уметност, но и одраз и промоција на културата.–Останатите следни настани очекуваме дека уште повеќе ќе донесат туристи. Настаните кои следуваат се сите дел од програмата за култура на Општина Охрид, ние имаме доста богата програма. Општината...
Вечер на ЕУ на „Охридско лето“
Post Views: 87 Во рамки на вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“ со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело.Парискиот квартет „Модиљани“ во 2023 година ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети постојано гостувајќи на најдобрите фестивали за камерна музика низ целиот свет. Во 2017 година на квартетот „Модиљани“ му припадна честа да биде прв квартет кој настапил...