Автор: инфодеск
Views: 249 Од 14 до 16 август, на плоштадот „Крушевска Република“, ќе се одржи традиционалната саемска манифестација „Запознај го локалниот пчелар“, посветена на охридските пчелари, пчелните производи и традицијата на пчеларството.Осум локални изложувачи ќе ги претстават своите производи, мед, прополис, матичен млеч, восок и други природни производи од пчеларството.Но, манифестацијата не е само саем. Посетителите ќе имаат можност директно да го запознаат пчеларот кој стои зад медот што го купуваат, да дегустираат домашни пчелни производи, но и да дознаат повеќе за животот на...
Вечер на Живко Чинго: Книжевното наследство што не згаснува
Views: 241 Во родното Велгошти, Охрид синоќа се потсети на еден од најзначајните македонски раскажувачи. Со традиционалната „Вечер на Живко Чинго“ се одбележаа 91 година од неговото раѓање, но и трајната вредност на неговото книжевно дело.Манифестацијата e потсетник на големиот македонски раскажувач и место каде што пишаниот збор продолжува да живее.„Живко Чинго нè научи дека расказот е најдлабокиот отпечаток на човековата душа, магичен мост меѓу нашата традиција и современиот копнеж за слобода. Неговата литература останува траен патоказ за секој што се осмелува да...
Општина Охрид објави јавен оглас за доделување дозволи за општински линиски превоз
Views: 111 Општина Охрид објави Јавен оглас бр. 02/2026 за доделување дозволи за вршење општински линиски превоз на патници на повеќе градски и приградски линии.Предмет на огласот се следните линии:Градска линија 1Градска линија 2Охрид – Пештани – Охрид, линија 1Охрид – Пештани – Охрид, линија 2Охрид – Горно Лакочереј – Охрид, линија 1Охрид – Вапила – Ливоишта – Охрид, линија 1Охрид – Косел – Охрид, линија 2Охрид – Велгошти – Охрид, линија 1Охрид – Велгошти – Охрид, линија 2Охрид – Елшани – Охрид, линија 1Охрид – Свиништа – Куратица –...
Утре ќе се одржи 5. издание на „Вкуси го Охрид локално“
Views: 207 Утре на плоштадот „Долна Порта“ во Охрид ќе се одржи 5. издание на „Вкуси го Охрид локално“ во организација на Слоу Фуд Охрид, а со поддршка на Општина Охрид и партнерите Факултет за туризам и угостителство Охрид и локални производители.Посетителите ќе имаат можност да ја запознаат охридската медовина, да дегустираат внимателно избрани локални деликатеси и да ги запознаат локалните производители кои со својата работа го чуваат и надградуваат гастрономското наследство на регионот.-„Вкуси го Охрид локално“ е повеќе од гастрономски настан. Тоа е средба на луѓето,...
Денес почнува Преображенскиот и Богородичниот пост, денови на молитва, покајание и љубов
Views: 200 За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица...
Денес се празнуваат Светите седум маченици Макавеи
Views: 184 Православните христијани денеска, 14 август, го празнуваат празникот Светите седум маченици Макавеи, со кој започнува Богородичниот пост.Според христијанското предание, седумте браќа Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар пострадале околу 180 години пред Христос, бранејќи ја својата вера во едниот Бог. Сирискиот цар Антиох Епифан наредил Евреите да се откажат од својата вера и, меѓу другото, да јадат свинско месо, но Макавеите одбиле да ја прекршат верата на своите предци. Браќата биле мачени и погубени еден по еден пред очите на нивната мајка. Според...
Времето во Охрид: Сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи
Views: 258 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град.Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.Денес минималните температури во Охрид од 18, а максималните до 30 степени Целзиусови.
Одбележан Меѓународниот ден на младите, доделени наградите за најдобрите идејни решенија за новиот Младински културен центар во Охрид
Views: 345 Со пораки за поголема поддршка за младите, во Охрид вчеравечер беше одбележан Меѓународниот ден на младите, во рамки на манифестацијата „Недела на млади 2026“, во организација на Младински Центар Охрид. Централната прослава се одржа пред хотелот „Палас“, каде беа доделени наградите за најдобрите идејни архитектонски решенија од јавниот конкурс за новиот Младински културен центар во Охрид. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој истакна дека поддршката за младите треба да биде конкретна и континуирана политика на локалната самоуправа.„Младите не...









