Skip to main content

Автор: инфодеск

Пронајдена марихуана кај охриѓанец

Post Views: 318 На 30.08.2022 во 01:55 часот на патот во с. Орман, охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р.(26) од Охрид.При преглед во возилото „пежо” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

На Сончев рид да се изгради отворен музеј

Post Views: 463 Помеѓу Охрид и Струга на Сончев рид треба да се изгради првиот отворен музеј во Европа. На туристите на едно место да може да им се претстави целото културно и археолошко наследство од регионот. Археолошките локалитети и пронајдоци од бакарното време па се до ден денес.Здружението „Енхелеус Лихнид” го има изработено овој прокт со кој се предвидува изградба на традиционална македонска куќа од далечното време, реставрирање на воена униформа, можност за посетителите да гаѓаат со стрели и одблизу да го доживеат минатото.Да бидат презентирани облеките од...

Продолжи со читање

Велгоштанец фатен со марихуана

Post Views: 337 На 29.08.2022 во 21:20 часот на бул. „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(25) од с.Велгошти, охридско.Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнат од две лица пред хотел

Post Views: 326 На 28.08.2022 во 14:00 часот во СВР Охрид, Г.У.(40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охридски фестивал на виното

Post Views: 311 Од 8-ми до 10-ти септември на улица „Кеј Македонија“ наспроти хотелот „Палас“ ќе се одржи Охридски фестивал на виното.За добрата забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“, а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На фестивалот ќе настапат и Диџеј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Суперхикс.Дополнително за доброто расположение на сите посетители на фестивалот ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.Охриѓани и...

Продолжи со читање

Заврши продолжението на 15-та седница

Post Views: 234 На продолжението на петнаесетата седница на Советот на Општина Охрид со мнозинство гласови советници ги усвоија предлог одлуките за извештаите за работа на Јавните претпријатија „Билјанини извори“, „Водовод“, „Градски гробишта“, „Градски пазар“ и „Нискоградба“ за периодот од 01.04 до 30.06.2022 година.Советниците дадоа зелено светло и за предлог одлуките за давање донација на ДПД „Ентузијаст“ Охрид- Дебрца, за партиципација и сопствено учество на општина Охрид во проектот „Развој на спортски туризам во општина Охрид – изградба на вежбалиште за голф“, за...

Продолжи со читање

Енергични луѓе вечерва пред охриѓани

Post Views: 218 Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, Народниот театар Охрид вечерва во 20 часот ja започнува новата сезона.Во претставата игра добро познатата актерска екипа, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.Сценографијата и графичкиот дизајн е на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век е исклучително актуелна, со заплет кој...

Продолжи со читање

Загинаа над 1100 луѓе во Пакистан

Post Views: 342 Над 1100 лица загинаа, а третина од Пакистан е под вода по обилните монсунски дождови во земјата.Најголем дел од смртните случаи се пријавени во северозападната провинција Кибер Пахтунхва и јужната провинција Синд, кои беа најтешко погодени од поплавите.Повеќе од 3451 километар патишта, 149 мостови, 170 продавници и 949858 куќи беа оштетени низ Пакистан, кој е погоден од врнежи од средината на јуни.Министерот за планирање и развој Ахсан Икбал изјави дека на Пакистан ќе му требаат повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите предизвикани од...

Продолжи со читање

Почна етапната исплата на августовските пензии

Post Views: 236 Од денеска до 2-ри септември етапно се исплатуваат августовските пензии во банките, за пензионерите кои не користат картички за банкомат. Исплатата се реализира во четири групи, според висината на пензијата.Денеска може да подигнат корисниците на пензии до 11.000 денари, утре ќе се исплаќаат пензиите во износ од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на 1-ви септември, а наредниот ден пензиите повисоки од 18.001 денари.Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува...

Продолжи со читање

Утре продолжува прекинатата 15-та седница

Post Views: 269 Прекинатата 15-та седница на Советот на Општина Охрид продолжува утре, информираат од Локалната Самоуправа.Седницата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 9 часот.На дневен ред на седницата беа 104 точки. Откако советниците со мнозинство гласови усвоија вкупно 94 точки од предложениот дневен ред, претседателот на советот, Сашо Донев ја прекина седницата, со најава дека нејзиното продолжение ќе биде закажано во текот на наредните денови.

Продолжи со читање

Пецаков на средба со делегација на Приједор

Post Views: 239 Делегација на Општина Приједор од Босна и Херцеговина предводена од Претседателот на  градскиот Совет, Мирсад Дуратовиќ и раководителот на општинскиот сектор за култура, Монја Касаловиќ, денеска беше на прием кај градоначалникот Кирил Пецаков.На работната средба се разгледуваа можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Приједор во повеќе општествени сфери, пред се туризам, култура и образование.Заеднички беше заклучено дека само со посредство на туристички оператор може да се донесат поголем број на босански туристи на охридската ривиера кои...

Продолжи со читање

Одличен концерт на Симон Трпчески во Збажди

Post Views: 699 Викендов за првпат маестро Симон Трпчески одржа концерт во родното село на неговиот татко. Малесија повторно оживеа низ песната и музиката на маестро Симон Трпчески и неговите соработници Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александер Сомов и Влатко Нусев.Секоја чест за организаторите на настанот. Беспрекорна организација се подредено како што треба обезбеден пристап и паркинг за сите возила, ангажирани волонтери од Црвениот крст обезбеден санитарен чвор, обележани и поставени места за седење, поделени преку 7. 000 сендвичи, ѓомлезе и разни пијалоци од...

Продолжи со читање