Автор: инфодеск
Post Views: 71 Во општина Струга гласањето се одвива тековно , без поголеми технички проблеми и без нарушувања на процесот. До ОИК е поднесена една жалба од лице кое не било на избирачкиот список, информира Претседателот на ОИК, Минир Жута и тоа е доставено до ДИК на одлучување.Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани. Излезноста до 15 часот е 23 %.Гласањето и во општина Вевчани се одвива непречено и во најдобар ред. Имало неколку приговори од граѓани кои не биле на избирачкиот список по кои се постапува, информира...
Во општина Дебрца гласањето тече без проблеми, излезноста до 15 часот е 38,52 %
Post Views: 47 Во Општина Дебрца гласањето на претседателските избори се одвива непречено. На 23 гласачки места до 15 часот гласале 1.517 граѓани или 38,52 % од вкупно запишани 3938 лица во избирачкиот список од оваа општина.Климе Сарафиноски претседател на ОИК Дебрца информира дека освен две пријави од лица кои не биле на избирачкиот список, нема други неправилности или проблеми во изборниот процес.
Охрид го чествува големиот револуционер Христо Узунов
Post Views: 59 Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов во градскиот парк.Цвеќе положија и здруженија на граѓани, претставници на институции и политички партии.Во рамки на чествувањата по повод годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, деновиве и ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник со богата културно уметничка програма.
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Post Views: 49 На 24.04.2024 година во 12.15 часот, во СВР Охрид приведено е 48 годишно лице од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
ОИК: Гласањето во Охрид без нарушувања, излезноста до 13 часот е 23,82 %
Post Views: 53 Гласањето во првиот круг од претседателските избори во Охрид се одвива непречено, во мирна и демократска атмосфера. Не се регистрирани нарушувања на изборниот процес. Нема проблеми и од техничка природа, вели Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК Охрид.„ Имаме едно барање, една жалба до ДИК за лице кое не е пронајдено на избирачкиот список. Меѓутоа оваа година со апликација ДИК го има тоа решено. Ние пополнуваме податоции прикачуваме на интернет копија од лична карта одс лицето и пуштаме на понатамошно одлучување во Дик. Во разумен рок од ДИК треба...
МВР и денеска ќе издава лични документи до 19 часот
Post Views: 121 МВР информира дека сите граѓани кои имаат поднесено барање за нови лични карти и кои им се готови истите ќе може и денеска да ги подигнат.Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Давид Крстески освои бронзен медал на Европското Таеквон-до ИТФ првенство
Post Views: 44 Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024 година, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Копер, Словенија.На првенството учествуваа над 1.000 натпреварувачи од 34 земји, а боите на Република Македонија ги бранеа шест натпреварувачи.– Во преголема конкуренција доминираа големите репрезентации, но и пристрасноста на судиите во нивна корист. Ова беше најтешкото Европско првенство на кое имаме учествувано, каде од старт бевме оштетени од ждрепките, без право на приговор и корекција. Давид Крстески,...
Народен Театар Охрид премиерно ќе ја одигра нушиќевата “Госпоѓа Министерка”
Post Views: 44 “Госпоѓа Министерка” од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски е новата претстава во продукција на Народен Театар Охрид/НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.Претпремиерата на претставата е закажана за петок, 26.04.2024 г, со почеток во 20:00 часот, во малата сала при охридскиот Центар за култура. Во сабота, на 27.04.2024, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра премиерата.Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.Дизајн и избор на музика: Благој...







