Автор: инфодеск
Post Views: 455 Шестнаесетгодишниот, Марко Пејчиновски од Охрид е пливачки херој, кој испиша уште еден историски усех. Викендов, по речиси 22 часа пливање успеа да мине неверојатни 64 километри во Охридското езеро пливајќи вдолж и попреку на релација Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид.Тој започна со пливање саботата, нешто пред 12 часот напладне, а неделата пред 10 часот пристигна на охридското пристаниште.Аплаузите и повиците од насобраните граѓани го кренаа од водата и успеа со кренати раце да ги отпоздрави. Овој негов подвиг Марко го посвети на неговата прерано почината...
Завршија 61-те Струшки вечери на поезијата
Post Views: 352 Заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Годинешниот лауреат, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, поради поодмината возраст не присуствуваше на фестивалот, а признанието во негово име го прими неговиот син, истакнатиот јапонски композитор и пијанист Кенсаку Таникава.Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија му беше врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“.Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и...
Автобус со туристи падна од карпа во Турција
Post Views: 390 Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција.Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град.Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата.Bus Accident Kills Five, Injures 38 In Turkey https://t.co/jmn7jKoIYU— AllNews Nigeria (@allnewsngr) August 28, 2022Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако...
Започнаа уписите на охридските факултети
Post Views: 259 На Факултетот за туризам и угостителство оваа академска година може да се запишат 347 студенти. Тие може избираат меѓу следниве студиски програми:– туризам, 80 слободни места,– осигурување 63,– царина и шпедиција 68,– менаџмент во услужен сектор со четири профили (финансиски, промотивен менаџмент, менаџмент во култура и логистички менаџмент) 48 места,– гастрономија 24 и– хотелско-ресторански менаџмет 32 слободни места.И оваа година, активни ќе бидат студиските програми на англиски јазик, на...
Успешно издание на Охрид трчаТ Акватлон
Post Views: 526 Се одржа првата спортска манифестација „Охрид трчаТ Акватлон“.Ги доделив медалите за најуспешните поединечно во категории, кои имаа најбрзо време во целокупното завршување на рутата – информира градоначалникот Пецаков.На првото издание на манифестацијата беа пријавени 130 учесници во шест категории, мастерс, сениори, јуниори, кадети, деца1 и деца2.Честитки до организаторите атлетски клуб „Охрид трчаТ“ и до сите учесници – напиша Пецаков.
До среда нестабилно време со дожд
Post Views: 401 Нестабилно време со пороен дожд и грмежи до среда, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, соопшти УХМР.Денеска попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Попладне ќе биде нестабилно со...
Почнува исплатата на августовската пензија
Post Views: 287 Владата неодамна им препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на августовската пензија за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и За...
Поскапуваат горивата
Post Views: 320 Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.Најголемо поскапување ќе има кај дизелот за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.Поскапување ќе има и кај бензините, за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.
Заврши Вевчанско лето
Post Views: 399 Со хорот од базелската катедрала беше затворено „Вевчанско лето 2022“ во организација на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо, а под покровителство на Општина Вевчани.Од 15-ти јули до 27-ми август, Вевчани дишеше во ритамот на културата, спортот, уметноста. Вевчани беше мегдан на богати музички, културни и спортски збиднувања.Важноста од култура и културни настани за нашава населба ја препознаа членовите и основачи на здружението „Вевчани Турист Инфо“ кое е формирано и основано уште во...
Започнуваат уписите за Бреинобреин програмата
Post Views: 267 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и...
Депонија на улицата Јабланица
Post Views: 906 Расфрлано ѓубре на улицата Јабланица, која се наоѓа на 500 метри од центарот на градот. Жителите на оваа улица преку „Ти си твојот град“ се жалат дека местото веќе се претворило во отпад.Слики ни испрати Вали Бајрактар, а ова е неговиот коментар:Сега полошо го направија местото, депонија на 500 метри од центарот, хаос е срамота! – вели Бајрактар за „Ти си твојот град“.Преку нашата рубрика и претходно беше реагирано од жителите на оваа улица, за друг проблем. Улицата со години е оставена неасфалтирана, полна со дупки, прашина и...
Промовирана антологија на поезија и музика
Post Views: 419 Tематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“, беше промовирана синоќа во рамки на „Струшките вечери на поезијата“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.Антологијата содржи 250 песни од македонски и странски поети, а сите ги обединува врската со музиката.Книгата ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски. На корицата е дело од Димитар Кондовски.Историјатот на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“, чијашто химна, патем кажано, е токму „Т’га...