Автор: инфодеск
Post Views: 71 Според информациите од ОИК Охрид, во 7 часот се отворени сите 87 избирачки места. Граѓаните без проблеми го остваруваат своето право на глас на седмите по ред претседателски избори. Во главниот избирачки список за претседателските избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи.Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани.Во Општина Дебрца навреме се отворени сите 23 гласачки места во Општината, а гласањето се одвива непречено, информираат од ОИК Дебрца. Во Дебрца право на глас имат вкупно 3938 лица.Во...
Гласањето на првиот круг претседателски избори се одвива тековно без проблеми
Post Views: 41 Македонија гласа на првиот круг претседателски избори. Сите избирачки места во 80 општини утрово беа отворени во 7 часот и гласањето се одвива тековно. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.Излезноста до 9 часот на првиот круг претседателски избори е 3,85%, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција. Од отворањето на гласачките места, до 9 часот гласале 25.744 гласачи.– Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на...
Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари
Post Views: 70 Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари.Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 22.200 денари или 36,9 отсто, за облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и...
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април
Post Views: 64 Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година.Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.
Државниот пазарен инспекторат ги потсетува работодавачите дека утре е неработен ден, најавува контроли
Post Views: 45 Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија.–Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат. За наведените денови Државниот пазарен...
Ќе се прави супервештачење за случајот со родилката од Дебар
Post Views: 51 Поради неусогласување на двете спротивставени вештачења, едното изготвено од Институтот за судска медицина, а другото од одбраната од технички советник, за случајот со родилката од Дебар, која по породувањето остана без три органи, судот издаде наредба да се прави супервештачење.На денешното рочиште беа сослушани вештаците од Судска медицина и техничкиот советник на одбраната. Наспроти тврдењето на техничкиот советник Драге Дабески дека лекарите немаат одговорност, вештаците од судска медицина останаа на ставот дека несоодветна...
IQOS караванот пристигна во Струга
Post Views: 39 Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, моментно лоциран во Струга. Караванот е поставен на кејот Борис Кидрич, во близина на Мостот на Поезијата, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на индукциско загревање, купување...
Велигденски базар на плоштад Крушевска република на 30-ти април
Post Views: 77 Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 30.04.2024 година (вторник) ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“.Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.Велигденскиот базар и оваа...







