Автор: инфодеск
Post Views: 341 Марко Пејчиновски денеска го започна своето десеттото и најголемо препливување за ова лето на релација Охрид – Струга – Св.Наум – Охрид, во должина од 64 километри.Со овој подвиг младиот Марко ќе го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.Време на старт : 11:56:31Мајка Богородица нека е со него!
УЕФА го објави распоредот на натпревари
Post Views: 489 Лигата на шампионите мораше да почека синоќа, најпрво да бидат направени жрепките во останатите две европски натпреварувања, Лига Европа и Европа конференциската лига, за да може да се направи распоредот.Денеска конечно љубителите на фудбалот добија увид во тоа кој со кого и кога игра, па може да почнат плановите за навивачки патувања низ Стариот континент.Сезоната започнува во вторник на 6 септември, а ќе отворат Динамо Загреб против Челси и Борусија против Копенхаген од 18:45 часот.Првото големо дерби е веќе наредниот ден кога Интер ќе го пречека...
Бритни Спирс се враќа на музичката сцена
Post Views: 480 Бритни Спирс и Елтон Џон ја објавија песната „Hold Me Closer” – новата преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.Прилично е ‘кул’ што пеев со еден од најтренди мажите на нашето време… Ова е голема работа за мене!!! – напиша Бритни на Твитер.За неа ова е големо враќање – по шест години вон сцената. Последната нејзина песна под назив „Slumber Party“ таа ја објави во 2016 година.Џон неделава ја изведе песната и пред публика, во ресторан на југот на Франција.Апсолутно сум воодушевен што имав можност да работам со Бритни Спирс....
Брнабиќ мандатар на нова Влада во Србија
Post Views: 377 Актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ ќе биде мандатар на новата Влада на Србија. Ова денеска го најави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој посочи дека одлуката ја донел по долги консултации.Пред Ана сега се поставени важни задачи – изјави Вучиќ.Тој додаде дека Брнабиќ нема да биде премиер четири години, туку до 2024 година.Имам безгранична доверба во Ана. Кога еден од пратениците рече дека Ана е демонизирана, во тој момент решив дека тоа треба да биде таа. Таа беше демонизирана. Таа е способна да прави тешки работи од кои луѓето...
Утре се слави Голема Богородица
Post Views: 392 Утре се празнува Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, голем христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.Според житието Господ, којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој...
2 милиони денари за Охридскиот маратон
Post Views: 269 На 15-та седница на Советот на Општина Охрид се обезбедија потребните 2.000.000 денари кои ќе бидат наменети за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон.Советниците со мнозинство гласови ги усвоија Предлог Програмата за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година и Предлог Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2022 година.Согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги започна координативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска...
Спасени 14 животи и над 800 интервенции
Post Views: 278 Четиринаесет успешно спасени давеници и преку 800 интервенции за укажување на прва помош, ова лето на капалиштата на брегот на Охридското Езеро. Сите интервенции беа случени на десет плажи на крајбрежието, каде летово имаше уредно поставени спасители на вода.Завршува шпицот на сеозната, а дури 26 плажи вдолж брегот останаа небезбедни и необележани. Концесионерите не ја испочитуваа законската обврска, а инспекторите на Капетанија и општините не презедоа никакви мерки.На две капалишта кои што немаа спасители интервенираа спасителите од соседните...
Балкански поетски камп за млади
Post Views: 239 Со поздравно обраќање на градоначалникот, Кирил Пецаков денеска во Охрид започна четвртото издание на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески”.На младите поети и поетеси од земјава и странство градоначалникот Пецаков им посака пријатен престој во Охрид во кој се кријат многу мотиви за идна творечка инспирација.Огромно е задоволството да се биде меѓу младите поети и поетеси од Македонија и неколку балкански земји чии напишани стихови со воодушевувење сакаме да ги прочитаме или слушнеме, а кои се гаранција за нивниот иден авторски успех во светски...
Изложба на слики од Дафина Шекуткоска
Post Views: 500 Годинешното „Вевчанско културно лето – Вевкул“, се одржува под мотото „Празнуваме 680 години од споменувањето на Вевчани во пишувани историски документ (1342-2022 )“ и опфаќа десетина целини. Најпрво се одржаа три промоции на новоизлезени книги од вевчански автори како романот на Димче Парталоски „Велиново“, посветен на вевчанскиот случај со водата, потоа книгата песни „Татковиот аманет“од Димче Шипинкаровски и збирката песни посветени на мајката „Цвет за цветот“од Сашо Бетоски.Прва од планираните три изложби е новоотворената изложба на слики од Дафина...
Викендов сончево и топло
Post Views: 325 За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со...
Започна Охридскиот хорски фестивал
Post Views: 268 Со свечена пригода, беше отворено 13-тото издане на Охридскиот хорски фестивал. Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Кирил Пецаков.Ценети организатори на Охридскиот хорски фестивал, почитувани учесници од Македонија,Хрватска,Полска, Турција, Швајцарија, Србија и Бугарија ви посакувам успешни фестивалски денови и пријатен престој во Охрид. Охридскиот Хорски фестивал заедно со фестивалот Охридско Лето и Балканскиот фестивал на народни песни и ора полека но сигурно го зазема приматот на културната мапа на Охрид и Македонија. Неговото значење е...
Запленета дрога вредна 1,1 милијарда долари
Post Views: 418 Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, вредна околу 1,1 милијарда американски долари. Била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава.Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс.Способноста што оваа криминална организација ја покажа, во однос на обемот и големината, е...