Skip to main content

Автор: инфодеск

Новата ковид варијанта потврдена во Албанија

Post Views: 393 Потврдено е присуството на новата ковид варијанта во соседна Албанија. Институтот за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4 – изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.Таа вели дека во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.Незаинтересираноста за вакцинација ни дава...

Продолжи со читање

Започнува 61. издание на СВП

Post Views: 393 Почнува 61-то издание на Струшките вечери на поезијата. „Златниот венец“ на СВП во име на годинешниот добитник Шунаро Таникава, ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава. Специјален гостин на манифестацијата е минатогодишниот добитник на „Златниот венец“, израелскиот поет Амир Ор.„Не сум во можност физички да бидам со вас, но сум гласовно присутен и среќен за наградата која ја добив. Многу сум горд на наградата која во минатото е доделувана на голем број сјајни поети на различни мајчини јазици. На мојата 90-годишна возраст во мене одекнува спонтано...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ ги покачи сите цени на штета на народот

Post Views: 313 СДСМ со кое лице зборува пред охриѓани кога ги покачи цената на водата, на колекторот, на струјата, на енергенсите, на што ли уште не и сето тоа на штета на народот, се вели во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.„Во споредба со другите општини охриѓани плаќаат пониски цени на услуги што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“.СДСМ да си го бараат главниот виновник кај себе поради нивната неспособност, зголемените цени на енергенсите и покачувањето на минималната плата.Крлев пред да прочита што му напишале треба да се информира кај Координаторката на...

Продолжи со читање

Крлев : Локалната ќе удри по џебот на охриѓани

Post Views: 605 На утрешната седница, Советот на Општина Охрид ќе одлучува, меѓудругото и за давање согласност за изменување на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски комуналец“.Од СДСМ Охрид денеска обвинија дека Локалната власт ќе удри по џебот на граѓаните покачувајќи ги цените на услугите на ЈП „Охридски Комуналец“.„Ова е уште еден доказ за погрешното менаџирање на Локалната со јавните претпријатија на штета на граѓаните, кажа денеска на прес конференција, портпаролот на ОО СДСМ Охрид, Јован Крлев.Освен физичките лица не се...

Продолжи со читање

Владата ќе прогласи кризна состојба

Post Views: 311 По вторпат годинава Владата треба да прогласи енергетска вонредна состојба за да може да го отвори кесето и од државната каса да префла пари до производителот на струја ЕСМ со кои ќе се купува јаглен и мазут.Скоковите на цената на струјата креваат црвено знаменце за аларм, па затоа се очекува Владата да направи ваков чекор, а тоа е причината за мерките за штедење, вели за Канал 5 Професорот на Факултетот за електроника и информациски технологии, Антон Чаушевски.Тој појаснува дека ако во изминатите три децении повеќе се размислуваше за домашно...

Продолжи со читање

Бидете претпазливи и не наседнувајте на измами

Post Views: 274 Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица и да не наседнуваат на измами и информации за наводно случени сообраќајни незгоди, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 112.СВР Охрид работи на расчистување на досега пријавените случаи и пронаоѓање на сторителите по што ќе поднесе соодветни пријави.

Продолжи со читање

Тепачка во комплексот Свети Стефан

Post Views: 286 На 24.08.2022 во 17:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека пред угостителски објект во комплексот Свети Стефан бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Б.Н.(22) од Охрид врз К.Д.(25) и А.В.(24), двајцата од Охрид.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Превентивни активности на СВР Охрид

Post Views: 257 Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето”, на 24.08.2022 полициски службеници од СВР Охрид спроведоа повеќе превентивни активности.Во автокамп „Градиште” и паркинг местото на плажа „Оревче” беше спроведена превентивна активност „Заштити се од кражби на возила” и притоа беше разговарано со граѓаните и им беа поделени совети како сами да се заштитат од потенцијалните кражби на возило.Исто така, на бул. „Туристичка” беше разговарано за тоа како граѓаните да се заштитат од кражби и...

Продолжи со читање

Интернационален Олимписки пливачки маратон

Post Views: 235 Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ ви го најавува четвртиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 км.Интернационалниот Олимписки пливачки маратон Охрид 2022 ќе се реализира на 26 август во петок на Охридското езеро, на водената површина помеѓу Старото пристаниште кај хотел Палас и хотел Милениум. Стартот на трката е предвиден за 10:30 часот.Маратонот е во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.

Продолжи со читање

Двајца полицајци загинаа во Бугарија

Post Views: 406 Двајца полицајци загинаа во Бугарија во обид да запрат автобус со мигранти кои илегално влегле во земјата, соопшти бугарското МВР.Инцидентот се случил изутрината во 5 часот во градот Бургас. Во автобусот со турски регистарски таблички се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена.Возачот на автобусот прво не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, а потоа удрил во...

Продолжи со читање

Концерт на Златно Славејче

Post Views: 595 Во рамките на манифестацијата Вевчанско лето 2022, вчера се одржа концерт на Златно Славејче.Уште еден во низата настани на овогодинешното „Вевчанско Лето 2022” за најмалите и најмилите вевчанчиња пееја ЗЛАТНИТЕ СЛАВЕЈЧИЊА. Ова лето успеавме со голем број настани да го збогатиме култуниот живот во општина Вевчани – вели градоначалникот Спасе Кочоски.Од настаните на Вевчанско лето 2022 останува уште „Вечер со хорот на Базелската катедра“, што ќе се одржи на 27-ми август во амфитеатарот на црквата „Света Богородица“ во Вевчани.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков во посета на Стрмец

Post Views: 296 Градоначалник на Општина Охрид Кирил Пецаков беше во посета на клубот ,,Стрмец”.Го посетив кајак кану клубот „Стрмец”, кој преку средства од Општина Охрид и преку донации купи 10 нови кајаци. Само преку континуирано вложување и константна поддршка на спортот и спортската инфраструктура ќе бележиме резултати – истакна градоначалникот Пецаков.Водените спортови се одличје на Охрид и мора да ги подобриме условите како би добиле подобри резултати.

Продолжи со читање