Skip to main content

Автор: инфодеск

Хашиш

Околу два тона хашиш запленети во Турција

Post Views: 390 Турската полиција открила и запленила речиси два тона хашиш во прав, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.Дрогата била запленета во акција на жандармеријата во југоисточниот округ Дијарбакир, спроведена заеднички со припадници на Одделот за разузнавање и на Дирекцијата за борба против организираниот криминал.Точната количина на запленетата дрога е тон и 929 килограми.Министерот упати честитки до жандармеријата за акцијата и посочи дека турските служби продолжуваат со интензивната борба против илегалната трговија со дрога и...

Продолжи со читање

ТУИ Ервејс најавува лет Манчестер-Охрид

Post Views: 1.260 Сезонска авиолинија на релацијата Манчестер – Охрид најавува за следното лето авиокомпанијата ТУИ Ервејс (TUI Airways).Според објавата во распоредот на авиокомпанијата, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември следната година.Бројот на летови на сезонските авиолинии годинава е зголемен и на двата македонски аеродроми во однос на лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на Аеродромот „Свети Апостол...

Продолжи со читање

Нови пет книги, секоја за себе посебен свет

Post Views: 372 Уште од денеска во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ може да ги побарате следните нови наслови:„Мојот не баш совршен живот“ и „Го имам твојот број“, двете од авторката Софи Кинсела во издание на Сакам книги.Побарајте ги и трите романи во издание на Книгохоличари: „Надеж помеѓу страниците“ од Пепер Башам, „Во потрага по Ноел“ од Ричард Пол Еванс и „Девојката Ангел“ од Ен Мари Бриар.Од Градската библиотека уште еднаш потсетуваат дека годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари. Работното време на библиотеката со...

Продолжи со читање

Промоција на монографија од Иван Трпоски

Post Views: 418 Утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана монографијата „Ова е мојот живот“ од познатиот македонски писател и поет Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија. Промотор ќе биде д-р Димитар Пандев.Издавач на монографијата е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а по повод 80-тиот роденден на Трпоски, одбележан на 21 јуни, годинава. „Ова е мојот живот“ на цели 520 страници на македонски и на англиски јазик содржи текстови кои се значаен прилог кон осветлување на голем број аспекти од животната,...

Продолжи со читање

Измени во сообраќајниот режим во Струга

Post Views: 526 Поради подготвителни работи во врска со сценографијата за годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“ има времени измени во сообраќајниот режим во градот.Утре, 24-ти август во 12 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга поради изведба на работи поврзани со свеченото отварање, за манифестацијата Меридијани пред главниот влез на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.На 27-ми август (сабота) во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со...

Продолжи со читање

Нови 429 случаи на ковид во земјава

Post Views: 317 Во последните 24 часа регистрирани се 429 нови случаи на ковид-19 од направени 1.284 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (429), регистрирани се 95 реинфекции.Во текот на изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице од Скопје (70г). Од Регистарот на починати од ковид од Мој Термин регистрирани се четири починати лица, од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г).Од новозаразените, најмногу има во Скопје – 171, Охрид 28, Битола 27, Куманово 19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија по 17, Штип,...

Продолжи со читање

Пецаков : Цената со Уредба ја утврдува Владата

Post Views: 415 Поставувањето на Предлог програмата за управување со градежно земјиште во сопственост на општината е Законска обврска и таа се носи еднаш годишно. Значи поставувањето на оваа точка на дневен ред не е скандал туку претставува законска обврска на Локалната самоуправа и воедно тоа не значи дека програмата ќе се рализира во целост, реагира Градоначалникот Кирил Пецаков на соопштението на Левица и на СДСМ.Што се однесува на цената по метар квадратен, таа ја утврдува Владата со Уредба за висина на цената на градежното земјиште во сопственост на Република...

Продолжи со читање

СДСМ реагира на Предлог одлуката за градежно земјиште

Post Views: 287 „Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид уште еднаш им покажува и докажува на граѓаните дека не поседува капацитет за домаќинско управување со Општината.“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.„Градоначалникот Пецаков по втор пат пред советниците на општина Охрид им предлага да усвојат програма со која ќе им дадат право и можност да отуѓи дел од градежното земјиште лоцирано во просторот на поранешната касарна.Програма за располагање со градежно земјиште се носи еднаш годишно и тоа на почетокот на календарската година. Кога веќе не е донесена програма за оваа...

Продолжи со читање

Започнуваат подготовките за охридскиот маратон

Post Views: 245 Координативен состанок во врска со организирањето на Охридскиот пливачки маратон денеска се одржа во просториите на Општина Охрид.На состанокот учествуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид Сашо Донев, претставници на Локалната самоуправа, претставници на охридските пливачки клубови и претставници од пливачката федерација на Македонија.На состанокот се разговараше околу прецизирање, распределба на обврските и за формирање на организационен одбор со цел успешна организација на охридскиот пливачки маратон. За...

Продолжи со читање

Животот во струшка Малесија низ фотографии

Post Views: 653 Низ изложба на фотографии овековечени животот, културата и традицијата на селата во струшка Малесија. Некогаш живи села со над 1000 жители, денес целосно раселени и напуштени.Фотографиите стари повеќе еден век сведочат за селскиот живот, славите, дружбите, чешмите, изворите, печалбарството, живописната природа. Седумте села на Караорман: Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Буринец, Селци и Глобочица имаат долга и богата историја и етнологија.Малесија ги преживува најтешките денови досега. Областа почна да се празни после Втората Светска војна. После...

Продолжи со читање

Спречен шверц на охридска белвица

Post Views: 835 На 22.8.2022 во 13:00 часот на граничниот премин Св. Наум, при преглед врз патничко моторно возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(66) од Албанија, во делот наменет за резервно тркало, биле пронајдени 14 кг (160 парчиња) риба – охридска белвица без соодветна документација.Тој бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Св. Наум и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Продолжи со читање

Бритиш ервејс откажа 10 000 зимски летови

Post Views: 380 Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс“ откажа повеќе од 10 000 летови од својот зимски распоред, отстранувајќи од продажба речиси два милиони места.Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата.Авиокомпанијата, исто така, ги откажува летовите на долги релации до Кина и Бангкок, повикувајќи се на ограничувања за Ковид-19. Портпаролот на компанијата истакна дека продолжувањето на летовите за Хонг Конг ќе биде одложено до декември,...

Продолжи со читање