Автор: инфодеск
Post Views: 44 Порака Нова – Струга отвори нов фото конкурс на тема „Преку разгледница до инклузија“ –фотографии од Охрид и Струга и УНЕСКО регионот со цел афирамција на овие значајни дестинации во нашата земја, а и придонес на самите фотографи кон една позитивна мисија, поддршка на лицата со попречност.-Нашите заложби за поголема инклузија на лицата со попреченост, повеќе можности за истите да креираат самостоен живот и да заработуваат сакаме да ги пресликаме во скоро сите активности кои ги имплементираме, па таков е и овој фото конкурс. Сите фото ентузијасти...
Со народен собир на плоштадот во Охрид ВМРО-ДПМНЕ ја започнува кампањата за парламентарните избори
Post Views: 42 ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ традиционално кампањата за парламентарните избори ја започнуваат од Охрид, со голем народен собир.На настанот кој ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 20:00 часот, свое обраќање ќе имаат д-р Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата во Петтата изборна единица, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска- Дафкова и претседателот на партијата проф. д-р Христијан Мицкоски.
Една четвртина од младите се загрижувачки пречесто на социјалните медиуми
Post Views: 42 Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации во медиумите, но повеќе од половината можеби споделиле дезинформации без да знаат. Според младите, политиката и...
Денеска бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети
Post Views: 49 По повод 18 април, Светскиот ден на спомениците и локалитетите, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид информира дека влезот за сите посетители денес ќе биде бесплатен на археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, Куќа на Робевци и Галерија на икони.Слободен ќе биде влезот во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство во државава со цел граѓаните да имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава, информираат од...
Наместо увоз на работна сила потребна е стратегија за задржување на домашните работници
Post Views: 38 Според научната фела , увозот на работници во туристичкиот сектор нема долгороќно да го реши проблемот со недостигот на кадар кој е најевидентен во туристичкиот сектор. Државата треба да осмисли стратегија за мотивирање и задржување на младите во земјава.Туристичките работници велат немаат можност да понудат подобри услови од Хрватска, каде заминуваат најголемиот дел од младите. Условите за работа и платите во земјава се далеку пониски во однос на странство каде стандардот е далеку повисок. Државата и туристичкиот сектор треба заеднички да изнајдат начин за...
Охриѓанец со ренџ ровер се обидел да удри полициски службеници, избегал па направил сообраќајка
Post Views: 40 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.-На 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер” се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка” предизвикал сообраќајна незгода, информираат од МВР.
„Лошо Куче“, најновиот стендап на Тодороски, во недела пред охриѓани
Post Views: 54 Новото стендап шоу на Никола Тодороски „Лошо Куче“ на 21.ви април во Охрид.Во недела во 20 часот бидете во големата сала на ЦК ГРИГОР ПРЛИЧЕВ на 90 минути пеколна стендап комедија.Билети на 075 283 066 Цена на билет 400 ден.
Кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски денеска во Охрид, Струга и Битола
Post Views: 50 Кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски денеска ќе престојува во Охрид, Струга и во Битола. Jакимовски ќе ја презентира својата програма на средби со граѓаните.







