Skip to main content

Автор: инфодеск

Пронајдена дрога во Охрид

Post Views: 937 На 22.08.2022 окоу 11:20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Ф.(50) од с.Пирок, општина Боговиње и С.Ц.(49) од Скопје.При преглед во возилото „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ф., во багажот на С.Ц. била пронајдена една кеса со девет пакувања со бела прашкаста материја. Б.Ф. и С.Ц. биле приведени во полициска станица.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Левица : Стоп за продажба на Мауцкер

Post Views: 344 На следната седница на Советот на Општина Охрид, закажана за петок, една од точките на дневен ред е Предлог-програмата за управување со градежно земјиште во сопственост на општината.Дел од оваа програма е оттуѓување на градежното земјиште кај „Мауцкер“ по цена од едно евро по квадрат, информираат од охридскиот огранок на Левица.Со вакви одлуки се поддржуваат локални моќници и нивните бизниси, кои често се финансиери на владејачките партии. Повикуваме градоначалникот Пецаков да излезе пред јавноста и да ги запознае граѓаните за целите и мотивите на оваа...

Продолжи со читање

Стружани повредени во сообраќајка во Албанија

Post Views: 340 Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско–македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан-Поградец, кај селото Пискупат. Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“  управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“ – јави агенцијата Балкан веб. ...

Продолжи со читање

Се санираат штетите од поплавите

Post Views: 371 Во прилепското село Лажани вчеравечер биле поплавени 50 куќи, а дел од населението било евакуирано по обилните дождови кои наврнаа во областа Пелагонија.Градоначалникот на општина Долнени, на која и припаѓа селото Лажани, Урим Ибески изјави дека нема повредени, но има евакуирани жители.Причина е излевањето на реката, која поради невремето, како и несовесното градење и отпадот, поплави голем број куќи – рече Ибески.Покрај Лажани во општина Долнени, поплавени биле уште неколку села, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека водата во...

Продолжи со читање

Претставата Енергични луѓе пред охриѓани

Post Views: 563 Со претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, Народниот театар Охрид ја започнува новата сезона.Претставата ќе биде изведена во вторник (30.08.2022) со почеток во 20 часот во центарот за култура „Григор Прличев“.Во претставата игра добро познатата актерска екипа, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева...

Продолжи со читање

Македонија 29-та во светот по извоз на вино

Post Views: 688 Во текот на изминатата 2021 година македонските винарии извезле вино во вредност од 61,4 милиони долари, што е зголемување од 19,1% во споредба со претходната 2020 година.Виното е еден од ретките извозни производи со кои Македонија како извозник котира повисоко на светските извозни ранг листи.Така според последното рангирање на Worldtopexports, Македонија лани била 29-ти најголем извозник на вина во светот.Во регионот, пак, Македонија е еден од лидерите според вредноста на извезеното вино, односно втор најголем извозник после Грција. Грција со извоз...

Продолжи со читање

33 товарни бродови ја напуштија Украина

Post Views: 308 Вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштија Украина според договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на Обединетите нации и Турција ги деблокираше украинските поморски пристаништа, соопшти денеска украинското Министерство за земјоделство.Според Заедничкиот координативен центар во Турција, кој го следи спроведувањето на договорот, од трите украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони жито и прехранбени производи од постигнувањето на договорот, пренесува Ројтерс.Во Истанбул, со...

Продолжи со читање

Јахта потона во близина на Италија

Post Views: 432 Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море. Овој немил настан се случил во Италија на околу 15 километри од градот Катанзаро.На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа моментот кога јахтата потонува во морето.На јахтата имало девет лица, пет членови на екипажот и четворица патници. Овој брод патувал од Галиполи до Милаца кога потонал.За среќа, италијанската крајбрежна стража ги спаси сите девет лица.Засега не е позната причината за потонувањето.

Продолжи со читање

Земјотрес утрово во охридско

Post Views: 347 Земјотрес со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница е регистриран утринава.Станува збор за послаб потрес со јачина од 2,6 степени според рихтеровата скала, како што покажуваат податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Епицентарот бил на длабочина од пет километри.

Продолжи со читање

60% од децата имаат проблем на рбетниот столб

Post Views: 276 Околу 60 % од децата во охридско-струшкиот регион имаат некакви деформитети на рбетниот столб. Дополнително голем дел од младите денес се соочуваат и со обезност.Главна причина е недоволна физичка активност. Наместо на игралишта и во паркови, децата се на телефони и компјутери. Пандемијата и онлајн наставата дополнително придонесоа за вакви здравствени последици.Околу 60% од децата имаат некаков деформитет на рбетниот столб можете да замислите после две години пандемија. Не сум информиран дека е направена нова студија, но претпоставувам дека тој процент е...

Продолжи со читање

Нивото на езерото 12см под просекот за август

Post Views: 383 Последните мерења на Управата за хидрометеролошки работи покажуваат дека нивото на Охридското Езеро е на кота од 693.33 м.н.в односно 12 сантиметри под просекот за август (693.45 м.н.в).Седумдневните анализи говорат дека во првите четири дена нивото било на кота од 693.34 м.н.в, додека следните три дена вклучително и денешниот е намалено за уште еден сантиметар и е на кота од 693.33 м.н.в.Нивото на Охридското Езеро е моментално 16 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 23 сантиметри над...

Продолжи со читање

Китови убијци нападнале јахта во Шпанија

Post Views: 378 Китови убијци удриле во јахтата на Британец и му изеле дел од кормилото. Британецот и неговиот екипаж биле на околу 30 километри од брегот на Шпанија, кога забележале дека нивниот брод е опкружен со китови.Одеднаш китовите почнале да ја напаѓаат јахтата, а еден од членовите на екипажот вели дека нивните удари биле силни.Сфативме дека ако ова животно одлучи дека ќе го направи тоа, а ние нема да можеме да направиме ништо за да го спречиме тоа – вели Мартин.Воланот на бродот почнал да се врти надвор од контрола.Автопилотот ни направи проблеми при...

Продолжи со читање