Skip to main content

Автор: инфодеск

Девојка силувана во близина на бар во Палерос

Post Views: 328 Девојка од Велика Британија пријавила дека била силувана за време на одмор во Грција, а локалната полиција привела маж (26) во областа Акти Воница на западот од земјата.Британката во петокот го пријавила силувањето во полиција, објаснувајќи дека нападот се случил во близина на бар во Палерос. Локалните медиуми јавуваат дека мажот бил многу насилен кон неа.Полицијата веднаш почнала да трага по напаѓачот. Тој бил пронајден и уапсен во неделата.Против момчето беше покренато обвинение за силување откако беше сослушан во обвинителството во Лефкада....

Продолжи со читање

Гром усмрти планинар во Грција

Post Views: 385 Планинарската трка на планината Фалакро во грчка Драма заврши со трагедија, бидејќи еден од планинарите загинал при удар на гром, додека другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок била однесена дома.Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари со пет возила.Повредените мажи со хеликоптер биле пренесени во Крисупола, а потоа во болницата во Кавала.Трката почна во саботата...

Продолжи со читање

Пецаков на средба со охридските ракометари

Post Views: 220 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средба со играчите, стручниот штаб и управата на Ракометниот клуб Охрид.На средбата градоначачникот Пецаков им посака успех во претстојната сезона, со желба да продолжат да бидат една убава слика на градот. Претседателот на клубот изрзи благодарност за поддршката што Општина Охрид ја дава на клубот и во знак на благодарност капитенот на клубот Крсте Андоноски му врачи дрес на градоначалникот со неговото име.На крајот од средбата сите заедно посакаа повторно да се сретнат во овој состав за да прослават...

Продолжи со читање

Прекопана улица, паркинг со наплата

Post Views: 775 Наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“ се жалат на прекопана улица во центарот на градот каде од неодамна е поставена табла за наплата на паркинг. Сликата ни ја испрати Никола Паункоски, а ова е неговиот коментар:Се работи за ул. „Македонски Просветители“, од кружниот тек до бивша стоковна Слобода.Пред скоро 2 години во комшилукот се изградија две згради оддалечени можеби 29 м. Луѓето, како што кажвет, платиле на општина за дозвола за инсталација за вода, се ископа улицата, се поставиле цевки, се затрпале и така остана не асфалтирано или поплочено....

Продолжи со читање

Тепачка на плажата Градиште

Post Views: 436 На 20.08.2022 год во 14:30 часот, во угостителски објект лоциран во автокампот „Градиште” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир.Извршен е физички напад од Д.М., од Скопје и Ј.М. од селото Пештани, врз Г.М.(38) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа кај Куратица

Post Views: 356 На 20.08.2022 часот, во 13:30 часот во СВР Охрид, пријавенo е дека на магистралниот пат Охрид-Битола на влезот за селото Куратица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “туран” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(67) од Охрид, и мотоцикл “кавасаки” со битолски регистарски ознаки, управуван од К.О.(31) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(22) од Битола констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид....

Продолжи со читање

Над 1000 уметници годинава на Охридско лето

Post Views: 565 „Нема поголемо задоволство кога на крајот од 40-те фестивалски денови ќе кажете, реализиравме уште едно успешно „Охридско лето“. Горда сум што токму сега можам да кажам, изминаа вечери исполнети со многу убавина на врвната уметност кои долго ќе се паметат“.Ова денеска на завршната прес-конференција по повод затворањето на годинешното 62-ро издание на фестивалот „Охридско лето“ го изјави директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ.Како што кажа Поповиќ, низ 40-те фестивалски денови можеа да се видат големи музички ѕвезди, врвни театарски...

Продолжи со читање

Свикана петнаесеттата седница на Совет

Post Views: 273 Свикана петнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 26.08.2022 година (петок) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.ДНЕВЕН РЕДПредлог Програма за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година.Предлог Програма за измени  на   програмата за спорт и рекреација  за 2022   година.Предлог Одлука за изменана распоредот на средствата на Буџетот  на општина Охрид за 2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот...

Продолжи со читање

Основните училишта добија атлетска опрема

Post Views: 289 Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“ донираше атлетска опрема за сите основни училишта во градот.Донацијата се состои од сет атлетски реквизити (40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки) кои ќе бидат донирани за секое училиште.Атлетските реквизити се наменети за најмалите ученици и ќе бидат од особено значење за професорите по физичка култура во делот на реализација на наставата по физичко образование со посебен акцент на атлетиката.

Продолжи со читање

Возило удри во пешак на ул. Јане Сандански

Post Views: 300 На 19.08.2022 во 22:55 часот било пријавено дека во Охрид на ул. „Јане Сандански” патничко моторно возило „цитроен” со српски национални ознаки управувано од И.Н.(48) од Србија удрило во пешакот М.Н.(54) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н. констатирани во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Битолчанка го нарушила јавниот ред и мир

Post Views: 296 На 19.08.2022 година во 13:30 часот, во СВР Охрид приведена е М.М.(36) од Битола.Таа претходно на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, го нарушила јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Стружанец физички ја нападнал сопругата

Post Views: 469 На 19.08.2022 година во 23:30 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е М.Д.(45) од Струга.Тој, претходно во семејниот дом во Струга, физички ја нападнал неговата сопруга, а потоа и нејзиниот брат. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање