Автор: инфодеск
Post Views: 24 Со потпишување Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, потпишан од Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и в.д. Директорката м-р Ирена Шајн, се формализираше соработката на институциите која постои подолго време.Проектот насловен како “Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот...
Охриѓанец се обидел да поткупи полициски службеници по сторен прекршок
Post Views: 16 На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода 59 годиѓно лице од Охрид.„Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.
Театарската група на Црвен крст Охрид ја изведе претставата „БАРА“ во Требиње
Post Views: 10 Театарската група на Црвен крст Охрид вчера се врати од четиридневна посета на Црвен крст Требиње, Босна и Херцеговина каде во петокот, на 8 септември 2023 г. пред многубројната публика во Културниот центар во Требиње успешно ја изведе театарската претстава „БАРА“ со која младите актери на Црвен крст Охрид на креативен начин ги прикажаа животните судбини и предизвици на жртвите на еден систем со нарушени вредности, борбата на човекот со различни искушенија и неправди поминувајќи по тежок пат исполнет со очај и рамнодушност, лутајќи во лавиринтот на безнадежноста...
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител
Post Views: 14 Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август, односно на 11 септември по стариот календар.На празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител Црквата пропишува строг пост, односно воздржување од месо, млечни производи и риба.Култот кон св. Јован отсекогаш бил еден од најраширените во православната Црква. Тоа го сведочат и многуте храмови посветени на него, како и многуте реликвијари што ги содржат неговите чесни мошти,...
Сончево и топло со температура до 27 степени
Post Views: 26 Денеска во Охрид сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=7. Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Во следните денови во Македонија продолжува периодот на сончево и топло време со свежи утра. Од четврток ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.
Македонија слави 32 години независност
Post Views: 21 Денеска под мотото „Гласник на слободата“ прославуваме 32 години самостојна и суверена држава, откако на 8 септември 1991 година над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдум, се изјаснија дека сакаат да живеат во самостојна и суверена држава. По повод чествувањето на денешниот државен празник Денот на независноста, македонскиот државен врв и лидерите на политичките партии упатија честитки, а серија од настани се одржуваат денеска низ целата земја.Претседателот Стево Пендаровски во честитката по повод 8. Септември вели дека граѓаните пред 32 години...
НАТО на Twitter го честиташе Денот на независноста на Македонија
Post Views: 17 На социјалната мрежа „Твитер“, НАТО преку својот официјален налог на мрежата, ѝ го честиташе 8-ми Септември, Денот на независноста на својата членка Македонија.„Ретвитнете и приклучете се на прославата на Денот на независноста на нашата членка Северна Македонија“, пишува во објавата.Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 #NorthMacedonia on #IndependenceDay🤝 @MKmissionNATO #WeAreNATO pic.twitter.com/zMDoOJnXdB— NATO (@NATO) September 8, 2023
Започна реконструкцијата на улица „7-ми Ноември“
Post Views: 14 Започнаа градежните активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“.Проектот опфаќа: изградба на нова атмосферска канализација; изведување на нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен); спуштање на водовите на кабелските и другите оператори; комплетна реконструкција и нов асфалт на коловозната лента.Вредноста на проектот е 39 милиони денари. Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет, а изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, Струга.