Skip to main content

Автор: инфодеск

Албански државјани шверцувале пастрмка

Post Views: 348 Приведени двајца албански државјани поради шверц на 50 кг охридска пастрмка.Денеска (19.08.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија.При извршена контрола во патничко возило „мерцедес”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг риба, поточно 81 едно парче охридска пастрмка и 20...

Продолжи со читање

Шахот од септември изборен предмет

Post Views: 275 Шахот од септември ќе биде на листата на изборни предмети во основните училишта во Македонија за децата од прво и второ одделение. Сега течат финалните подготовки за имплементација на наставните програми, а дополнително ќе бидат организирани обуки од сертифицирани тренери од ФИДЕ низ цела Македонија вели Зоран Стојчевски, член на управен одбор на Шаховска федерација на Македонија.Не чека напорна работа во овој период ние ги привршуваме маркетиншките материјали за самата дејност, деталната методологија на час по час за целата учебна година која што ке биде...

Продолжи со читање

Зголемена наплата на туристичка такса во Струга

Post Views: 429 Се зголемува наплатата на туристичка такса во Струга. За разлика од минатите години кога голем број хотели и приватни станоиздавачи ја затајуваа оваа давачка, наплатата расте.Само лани од туристичка такса Струга инкасирала околу 60 илјади евра.Но, сеуште има станоиздавачи и хотели, кои нецелосно ги пријавуваат гостите. Од општината велат го спроведуваат законот со засилени инспекциски контроли.Можам да кажам дека за 2021 година, бидејќи сега сме сеуште во ек на сезона и немаме крајни резултати за оваа година, но за лани може да кажеме дека се собрани...

Продолжи со читање

Нови 473 случаи на ковид 19

Post Views: 286 Во изминатото деноноќие се регистрирани 473 нови случаи на коронавирус, а тројца луѓе починале, двајца од нив во болнички, а еден во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.Од новите случаи, 204 се во Скопје, во Битола 37, Охрид 31, Куманово 21, Струмица 20, Кавадарци – 17, Прилеп 16.Од вкупниот број на позитивни (472), регистрирани се 114 реинфекции. Направени се вкупно 1.131 тестирања.Регистрирани сe 513 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 3.440.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од...

Продолжи со читање

До каде е изградбата на затворениот базен!?

Post Views: 368 Од 1-ви септември ќе продолжат градежните работи на затворениот пливачки базен во Охрид и се очекува да биде готов до април идната година, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. Базенот започна да се гради во ноември 2015-та година и требаше да биде завршен до почетокот на 2018-та година, но рокот на двапати беше продолжуван.Последниве 6 до 8 месеци имаме проблем со инвеститорот. Беше во притвор главниот човек и излезе пред неколку дена по што имавме состанок и ги презеде обврските. Го сменивме надзорот во меѓувреме бидејќи...

Продолжи со читање

Силно невреме во Словенија

Post Views: 403 Силно невреме вчера ја зафати Словенија. Локалните медиуми јавуваат дека во Љубљана ветерот бил со брзина од над 100 километри на час, а повеќе лица се повредени.Словенската Н1 јавува дека пожарникарите имале 23 интервенции, а сите екипи биле на терен.На една станбена зграда, силниот ветер го однел покривот. Штета имало во уште еден објект.Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута.Kranj SLO pic.twitter.com/kdkljVSByx— Jale (@Jasminpasic7) August 18, 2022

Продолжи со читање

Величенствен концерт на квартетот Стенхамар

Post Views: 301 Шведскиот квартет „Стенхамар“ остави силен впечаток кај публиката на фестивалот „Охридско лето“ музицирајќи вчеравечер во катедралната црква „Света Софија“.Виолинистите Петер Олофсон и Пер Оман, виолистот Тони Бауер и виолончелистот Матс Олофсон вечерта на класична музика ја започнаа со дело од шведскиот композитор В.Стенхамар, „Елегија и Интермецо“ од свитата „Лодолеци пее“ ,а музичкото уживање кое се претвори во празник за сетилата, продолжи со Шубертовиот квартет бр. 4 во C-dur. Вечерта беше заокружена со прекрасната изведба на Равеловиот Квартет...

Продолжи со читање

Неделна понуда на книги во Библиотеката

Post Views: 281 Во неделната понуда на нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доминираат книгите со мотивациска содржина сврзани со односот на човекот кон животот, работата, секојдневието и опкружувањето.На пултот за издавање од денеска можете да ги побарате следните изданија: „Основно правило за успех“ од Дарен Харди, „Подарокот“ од Едит Егeр и „Ти си ѕвер“ од Џен Синсеро, трите во издание на Сакам книги.Од истиот издавач ви го препорачуваме и романот „Присестра“ од Џенифер Донели. Во неделната понуда е и романот „Изгубената ќерка“ од Али Мерсер во...

Продолжи со читање

Пецаков : Охридски Пливачки маратон ќе има!

Post Views: 398 „Охридски Пливачки маратон ќе има“, напиша денеска Градоначаникот на Охрид Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.Општина Охрид ќе обезбеди 2 милиони денари за непречена организација на Охридскиот пливачки маратон.Неизмерна е среќата и задоволството што ги чувствувам, воден од фактот дека Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Охридскиот пливачки маратон, не е само спортска манифестација. Тој е многу повеќе од тоа. Тој е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи...

Продолжи со читање

Ногачески го посети откупниот центар за сливи

Post Views: 377 Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, беше во посета на откупниот центар на фирмата „Али Фреш Фруит ДОО Ресен“ во село Требеништа, каде во моментов се врши откуп на сливи од сортите “чачанска”.Сопствениците ме информираа дека моментално само тие вршат откуп во општината и дека само во текот на вчерашниот ден се откупени околу 30 тони. Откупната цена е 12 денари за килограм и дека се должи на моменталната состојба на пазарот и нејзиниот пласман. За земјоделците цената не е задоволителна, особено ако се има во предвид драстичниот...

Продолжи со читање

Концерт во спомен на Александар Џамбазов

Post Views: 337 Концерт посветен на великанот на македонската современа музика Александар Џамбазов ќе се одржи вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот.Под диригентската палка на Љупчо Мирковски, солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски кои заедно со Ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов.Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25-ти јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска...

Продолжи со читање

Марко ќе плива 64 км на Голема Богородица

Post Views: 419 Марко Пејчиновски на 28-ми август, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, ќе плива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што ќе го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.После 186 километри во 9 препливувања, тука сум да го најавам моето последно препливување: Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, или полни 64 километри. Пред 3 години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум, да си докажам колку сум...

Продолжи со читање