Автор: инфодеск
Post Views: 369 Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според Јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.Народни верувања и обичаиПреображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во...
Измамена повозрасна жена од Охрид
Post Views: 315 На 18.08.2022 година, 74-годишна жителка на Охрид, во СВР Охрид пријави дека околу 13 часот, телефонски добила известување за сообраќајна несреќа во која, наводно, била тешко повредена нејзината ќерка и дека итно ѝ биле потребни пари за помош и исплата на оштета.Според пријавеното, на едно лице кое дошло пред нејзиниот дом, таа му дала околу 3000 евра. Истиот ден, во СВР Охрид е пријавено дека повозрасна жителка од охридско село била измамена од едно лице, кое ѝ побарало и добило 300 евра, поради наводен долг на нејзиниот син кој живее во странство –...
Авантуризмот зема се поголем замав
Post Views: 338 Активниот туризам зема се поголем замав. Новите трендови на патувања не се веќе врзани само за сонце и плажа. Современите туристи денес сакаат необични доживувања, бараат авантура. Пандемијата рестрикциите и мерките ги зближија луѓето со природата.Веслање, параглајдинг, велосипедизам, планинарење, кајакарење, едрење, нуркање, се повеќе привлекуваат гости во охридско-струшкиот регион.Странските туристи оваа година најмногу се од Полска, Чешка, Словенија зборувам за странските гости. До минатата година значителен беше бројот на украински гости кои за жал...
Утре започнува Поетска ноќ во Велестово
Post Views: 252 Утре започнува 34-тото издание на „Поетска ноќ во Велестово“. Манифестацијата влезе во една сериозна зрелост, а со тоа доаѓа и искачување со што „Поетска ноќ во Велестово“ го добива приматот на една од најзначајните манифестации во Македонија.Уште на почетоците се наметна со една оригиналност, од претставување на еден македонски поет и еден сликар низ 3 децении прерасна во еден вид антологија на македонската поезија и сликарство, истакна денеска на прес конференција Славе Ѓорѓо Димоски.Манифестацијата има двојна улога, едната е да си го заштитиме...
Музичко филмски викенд во Касарна Охрид
Post Views: 349 Музичко-филмски викенд во комплексот Касарна Охрид за затворање на четвртото алтернативно културно забавно лето огранизирано од Културолошка иницијатаива 5 до 12.Кул револуција и рап еволуција е насловот на музичкиот, а отворено кино со автомобили е филмскиот раритетен настан што прв пат е организиран во 2020 година.„Отворено летно кино за луѓето беше многу интересно бидејќи никој не памти такво нешто, во Охрид прв пат во историјата се организира таков настан, во Скопје во 60ти, 70ти, неколку пати е организирано и затоа сакавме да го вратиме тој...
Македонската армија прославува 30 години
Post Views: 306 Централната прослава на 30-годишнината на Армијата на Македонија се одржа денеска во касарната „Илинден“ во Скопје.По тој повод се одржа и дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на АРМ и современите борбени возила со кои располагаат, а претседателот на Македонија и врховен командант Стево Пендаровски на првиот македонски министер за одбрана Трајан Гоцевски му додели Орден за воени заслуги, логистичка база во Армијата и Организација на резервни офицери.На свеченостите во касарната „Илинден“ присуствуваа и премиерот на...
Маестрална изведба на Војна и мир
Post Views: 269 Едно од највлијателните дела во светската книжевност „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој беше поставено вчеравечер на сцената Долни Сарај во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“.Вечно актуелниот универзум во извонредна режија на Борис Лијешевиќ го донесоа врвните актери од Народниот театар Белград, Србија преку тричасовната игра. За Народниот театар во Белград новата драматизација на ова ремек дело ја направи писателот и драматург Федор Шили во соработка со режисерот Лијешевиќ.Во самиот избор на актерската екипа, покрај веќе...
Квартетот Стенхамар вечерва на Охридско лето
Post Views: 294 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва е на класичниот репертоар на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Членовите на овој состав, виолинистите Петер Олафсон и Пер Оман, Тони Бауер на виола и Матс Олофсон на виолочело ќе концертираат во црквата „Света Софија“ од 21 часот.Основан во 1995 година, квартетот „Стенхамар“ низ годините се профилира како еден од најинтересните и многу респектирани квартети во Скандинавија. Нивното енергично, а истовремено технички рафинирано музицирање придонесува тие редовно да бидат присутни на фестивали за камерна...
Прекин на сообраќајот на патот Охрид-Ресен
Post Views: 334 Од денеска до 12-ти септември 2022 година, сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, делумно ќе биде во прекин и тоа во периодот помеѓу 09:00 и 15:00 часот, поради изведување градежни работи (асфалтирање).Од АМСМ информираат дека работите ќе се изведуваат само во работни денови.Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Охрид-Ресен (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој води преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај од почетокот на мај до 01.10.2022 година за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
Водостоите на езерата пониски од просечните
Post Views: 222 За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро.Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во...
Измиени улиците во Стариот дел на градот
Post Views: 270 Со цел да се подигне нивото на јавна чистота, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ рано утринава спроведоа активности за миење на улиците во Стариот дел на градот.Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, чистењето било извршено со мала цистерна.Како дел од програмата за одржување на јавна чистота, ЈП „Охридски Комуналец“ врши секојдевно миење на улиците во централното градско подрачје, чаршијата и градскиот кеј, како и на улиците во сите населби, по претходно утврдена динамика.
Експлозија во џамија во Кабул
Post Views: 318 Експлозија одекна во џамија преполна со верници за време на вечерната молитва во авганистанскиот главен град Кабул на 17 август, при што загинаа над 20 луѓе, а десетици беа ранети, соопштија болницата и официјални лица.Италијанската невладина организација Emergency, која управува со болница во Кабул, соопшти дека примила 27 повредени од експлозијата во северозападниот кварт на Кабул, вклучувајќи и три жртви.Повеќето од пациентите што ги примивме по експлозијата во џамијата страдаат од повреди од гранати и изгореници – соопштија од болницата....