Skip to main content

Автор: инфодеск

Привршува реконструкцијата на ул. „7-ми Ноември“

Post Views: 50 Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата „7. Ноември“. Во тек се активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање.Претходно на оваа улица се постави нова канализациона мрежа, се реконструираа тротоарските површини и велосипедски патеки и се постави ново осветлување.

Продолжи со читање

Свеченост по повод 50 годишниот јубилеј на Печеларското здружение „Охрид“

Post Views: 66 Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер, Печеларското здружение „Охрид“ одбележа јубилеј од 50 години успешна работа.Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.– Дозволете ми да ве поздравам и да упатам најсрдечни честитки по повод златниот јубилеј, 50 години од основањето и успешното работење на Пчеларското здружение „Охрид“.Во текот на изминатите пет децении, ова здружение има дадено голем продонес во развојот...

Продолжи со читање

Полициско возило

Приведени две лица за тепачка пред угостителски објект во Охрид

Post Views: 42 На 12.04.2024 година во 01.15 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, приведени се две лица на возраст од 21 и 62 години, двајцата од Охрид.-Тие, претходно пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Свр охрид

Кривична пријава за охриѓанец за бесправно градење

Post Views: 39 СВР-Охрид поднесе кривична пријава против 52 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење”.-Тој, на катарстарска парцела во Охрид, извршил градба на индивидуална стамбена куќа за која немал соодветна документација, издадена од надлежен Државен орган, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Утре, претседателската кандидатка на Левица, проф. Д-р Билјана Ванковска на средба со охриѓани

Post Views: 38 На 13 април (сабота), со почеток од 15 часот на Градскиот плоштад во Охрид, охриѓани ќе имаат можност да остварат средба со претседателската кандидатка од Левица, проф. Д-р Билјана Ванковска.„Граѓаните ќе имаат можност непосредно да комуницираат, да се запознаат и лично да разговараат за програмските определби на претседателската кандидатка на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска. Taa ќe биде реден број пет на изборното ливче за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април, 2024 година. Искрената борба што ја водат нашите редови, не’ прави...

Продолжи со читање

Здружението на пчелари Охрид одбележува половина век постоење

Post Views: 38 Здружението на пчелари Охрид денес одбележува 50 години постоење. Тоа е едно од најстарите здруженија во земјава. Овој значаен јубилеј ќе  се одбележи со низа свечености. Ќе се одржи и предавање за значењето на пчелите за опстанокот на екосистемот во светот.Пчеларството е единствената гранка во земјоделството која последниве години бележи подем, за разлика од сите останати гранки каде се забалежува намалување.„Имам обраќање јас, како претседател на здружението со кратка ретроспектива на сите настани кои ги одбележаа изминативе пет децении...

Продолжи со читање

Поради дефект прекин на водоснабдувањето на AСНОМ, дел од „Туристичка, Кеј Македонија, Партизанска и Славеј Планина

Post Views: 38 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 300 мм), денес од 13:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „AСНОМ“ , дел од Бул.„Туристичка“ , „Кеј Македонија“, „Партизанска“ и „Славеј Планина“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Пожар Сирула

Кривична пријава против две лица за предизвикување пожар во струшко Франгово

Post Views: 44 Струшката полиција поднесе кривична пријава против две лица, жител на селото Франгово и албански државјанин, поради „предизвикување општа опасност“, соопшти денеска СВР Охрид.Лицата, ангажирани од месната заедница на Франгово да го чистат просторот околу селото, го собрале сметот и несовесно го запалиле.Според СВР Охрид, 50-годишниот Б.И. од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија предизвикале пожар.– Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење...

Продолжи со читање