Автор: инфодеск
Post Views: 177 Утре со почеток 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски.-Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за набавка на медицинска опрема за педијатриското одделение во Општа Болница Охрид, велат од ВИС „Билјана“.Организаторите порачуваат посетителите да си понесат перниче, пешкир или столче за седење бидејќи концертот ќе се одржи на плажа.
Повик за учество на фестивалот „Охридски Староградски Средби“
Post Views: 123 НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид објави повик за учество на фестивалот „Охридски Староградски Средби“.Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, да достават пријава за учество на фестивалот на маил адресата од Центарот за култура: centarzakultura_ohrid@yahoo.com или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски Просветители” бр. 4, 6000 Охрид. Телефон за контакт: 046/261-063.Фестивалот се оддржува во првата...
Свикана 59. седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 121 Свикана е 59. седница на Советот на Општина Охрид на ден 21.07.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот во зградата на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 58-та седницаПредлог-одлука за давање на трајно користење недвижен имот, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за отстапување на користење недвижен имот на ООУ „Кочо Рацин“ –...
Македонија е европски шампион во Дота 2
Post Views: 176 Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство.Во групната фаза нашата селекција ги победи Белорусија, Унгарија, Грузија и Хрватска. Потоа во првата нокаут рунда славеше со Романија (2-0), а во полуфиналето ја совлада Белорусија (2-0). Бидејќи на овие турнири има костур за втора шанса, Белорусите се вратија на посакуваниот пат и играа финале, ама загубија. Честа да бидат во македонскиот тим им припадна на Христијан Анастасовски, Игор Стојков, Александар Ивановски,...
Вечерва охридска книжевна вечер со Славе Ѓорѓо Димоски во кафе и бар „Шила“
Post Views: 137 Денеска во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи книжевна вечер посветена на поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски, еден од најзначајните современи македонски поети.Настанот, кој започнува во 18:30 часот, е организиран од Српскиот културно-информативен центар „Спона“, со поддршка од Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид и почесниот конзул Михајло Филев, кој ќе им се обрати на присутните.Оваа книжевна вечер е дел од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, којшто Српскиот...
Полагање на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна
Post Views: 178 Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема...
УХМР: Денес сончево и топло време со умерена облачност
Post Views: 145 Денеска во Охрид ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во следните два дена ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од...
Жителите на Дебрца со потешкотии при пристап до нивните домови поради неизграденоста на пристапните патишта со автопатот
Post Views: 162 По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун, по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода, кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот.-Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како...
Лице од Боговиње возел со брзина од 114 километри на час каде е дозволено само 50 километри на час
Post Views: 140 На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, лишиле од слобода 44 годишно лице од гостиварското село Боговиње.-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час, информираат од СВР Охрид.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде...
Амбасадорот на Чешка во посета на Охрид
Post Views: 106 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна срдба со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Н. Е. Јарослав Лудва.Високиот гостин, го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој плени со своите културно историски знаменитости и е привлечна туристичка дестинација во регионов.Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа Кирил и Методи со можност чешки уметници да настапуваат во културниот дел на празнувањата во Охрид.На средбата стана збор и за истражувачки проект кој заедно...
Света Архиерејска литургија утре во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“
Post Views: 111 Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги известува своите православни верници дека утре, 15 јули, ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна.Утрената богослужба започнува во 7:30 часот, додека од 09:00 часот Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Георгиј, информираат од Дебарско – кичевската епархија.Исто така, од...
Поради дефект на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето на,,Винковачка” и ,,Прилепска”
Post Views: 107 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Винковачка“ и „Прилепска“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.