Skip to main content

Автор: инфодеск

Давкова од Струга по 25 години од Рамковниот договор: Соживотот е вредност што се гради во секојдневниот живот

Views: 501 Соживотот и значењето на Охридскиот рамковен договор беа во фокусот на денешната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Струга. Од градот кој со децении важи за пример за заедничко живеење на различни етнички и верски заедници, претседателката порача дека вистинското значење на договорот се гледа во реалниот живот. На средбата со градоначалникот Ќура се разговараше  и за предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион и обврските кон УНЕСКО.-„Значи не можеме тука без соработка да направиме нешто што е неопходно за да си го...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Пронајдена 15-годишната девојка од Охрид која беше пријавена за исчезната

Views: 242 Петнаесетгодишната девојка од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена жива и во добра состојба.Од СВР Охрид информираат дека денеска (13 август), во 12:20 часот, полициски службеници ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“.По преземените мерки и активности, во содејство со Центарот за социјални работи, девојката е предадена на нејзините родители.

Продолжи со читање

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро кај Пештани

Views: 195 На 12 август, во 14:32 часот, во СВР Охрид било пријавено дека од водите на Охридското Езеро, во близина на Пештани, било извлечено машко лице во бессознание.Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу било констатирано дека лицето починало. Според првичните информации, немало видливи повреди.Било утврдено дека станува збор за 46-годишен турист од Грузија.Извршен бил увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Продолжи со читање

Градоначалник Пецаков

Пецаков: Со органителството создаваме општество во кое хуманоста е посилна од стравот и неизвесноста

Views: 231 По повод Светскиот ден на органодарителството, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати порака со која ја истакна важноста од подигнувањето на свеста за дарувањето органи и спасувањето животи преку овој хуман чин.„За оние кои чекаат трансплантација, секој ден е исполнет со неизвесност и надеж дека ќе пристигне веста која може да им го промени животот. За нив и за нивните семејства, донорството не значи само орган, туку нова шанса, нов почеток и можност повторно да бидат заедно со своите најблиски“, порача Пецаков.Тој посочува дека особено го трогнуваат приказните...

Продолжи со читање

градежни работи

Во јуни во Охрид издадени 10, а во Струга 9 одобренија за градење

Views: 202 Во Охрид во јуни издадени се 10 одобренија за градење. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, планирана е изградба на 111 станови со вкупна корисна површина од 6 621 м2 од кои најголем дел двособни (68) и трособни (21). Седум одобренија се издадени на физички лица, а три на правен субјект како инвеститор.Во Струга во јуни издадени се 9 одобренија за градење од кои 8 на физичко лице а едно одобрение на правен субјект. Во Вевчани се издадени 6 одобренија, а во Општина Дебрца едно.На ниво на државата во јуни 2026 година се издадени 296 одобренија за...

Продолжи со читање

Исчезната е 15-годишната Кристина од Охрид, семејството бара помош за нејзино пронаоѓање

Views: 193 Петнаесетгодишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната.  Според пријавата, на 12 август околу 16 часот Кристина се оддалечила од својот дом. Случајот е пријавен во СВР Охрид, од каде информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.При излегувањето од домот Кристина била облечена во црна маица и широки фармерки.Семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат информации за нејзиното движење да пријават во полиција.Информациите можат да се пријават на телефонските броеви 075 238 015 и 075 238 017, или во најблиската...

Продолжи со читање

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Views: 305 Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август.Предвидени се шест концерти на врвни музичари меѓу кои Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Нубаја Гарсија, Питер Сомуа, „Kiioto“ и македонските уметници од Националниот џез оркестар. Програмата ќе се реализира во црквата „Света Софија“ и нејзиното Предворје, како  и на сцената Долни Сарај.На првата џез вечер, на 13 август, се предвидени два концерти од кои првиот во 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе го одржи  Крсте Роџевски, македонски...

Продолжи со читање

Концертна премиера на „Orthodoxia Kai Thanatos“ на Крсте Роџевски на Охридско лето

Views: 282 Со концертна премиера на „Orthodoxia Kai Thanatos“, Крсте Роџевски вечерва, во 20 часот во црквата „Св. Софија“ ќе го отвори првото издание на новата програма „Џез вечери“ на фестивалот Охридско лето. Покрај Роџевски, главен вокал, ќе настапат и Христијан Моневски и Дамјан Палоски (вокален исон) и Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски – контрабас (инструментален исон).Крсте Роџевски е македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во Њујорк во доцните деведесетти. По издавањето на трилогијата: Batania (2015), Bitter...

Продолжи со читање