Автор: инфодеск
Post Views: 362 На струшкото крајбрежје ќе се уредуваат нови плажи. Ќе има шанкови, лежалки, чадори и урбана опрема.Ќе се издаваат локации по теркот на постоечките, со договори за закупнина која ја инкасира општината. Првиот човек на градот вели, додека се чека Агенцијата да го изработи Планот за охридското крајбрежје не смее да трпи туризмот, уредени современи капалишта мора да има за туристите.„Има дополнителни места кои ќе бидат плажи, мислам дека во целост сите плажи ќе бидат во функција на сите гости кои ќе дојдат во Струга за летните одмори и имаме направено добра...
Тепачка во близина на Пештани
Post Views: 705 На 20.06.2022 година во 04:45 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на населбата Пештани нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(75) од една и М.Ѓ.(77) и А.Ѓ.(75), од друга страна, сите од Скопје.Против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Патријархот Порфириј во посета на Охрид и Струга
Post Views: 543 Утре, понеделниk, 20-ти јуни 2022 година, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост, српскиот Патријарх г.г. Порфириј, во чија чест ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие), информира Дебарско – кичевската епархијаВо вторник, на 21-ви јуни 2022 година, г.г. Порфириј, од 10:00 часот ќе го посети храмот„ Св. Богородица – Перивлепта“, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и манастирот „Св. Наум Охридски“, соопштуваат од канцеларијата...
Конечно пад на цената на нафтата на берзите
Post Views: 366 Се намали цената на нафтата на светските берзи.На Лондонскиот пазар утрово таа чини 113 долари, а тоа е значително намалување на цената во однос на претходниот период кога чинеше 121 долар за барел.На домашниот пазар последното поскапување на цената на горивата беше пред само два дена, проследено со неколкукратно поскапување во кратко временски период.Според последната состојба се очекува нивелирање на цените од страна на РКЕ со што би се намалиле истите на банзинските станици ширум Македонија.
Запознај го едрењето заштити го езерото
Post Views: 741 По повод денот на езерото Едриличарската федерација на Северна Македонија, во склоп на проектот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“ финансиран од делегацијата на ЕУ во РСМ, организира отворен едриличарски ден, односно бесплатни тури со едрилици по Охридското езеро.На 21 јуни, со почеток во 10 часот, на градските пристаништа во Охрид и Струга, сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со едрењето . Турите се организирани на секој еден час, со времетраење од по 45мин.Пријавување на официјалната ФБ страна на едриличарската федерација или на...
Snapchat наскоро воведува претплата
Post Views: 404 Со цел да ги зголемат своите приходи некои социјални мрежи воведоа претплата, како што се Твитер и Телеграм. Твитер ја воведе услугата „Blue“, додека од Телеграм неодамна потврдија дека наскоро ќе покренат премиум претплатнички сервис.„Snapchat“ истотака планира да воведе претплата, со тоа што ќе имате опција за бесплатна верзија како досега.Се размислува и за дополнителни опции на „Snapchat Plus“. Можност за корисниците да одберат еден корисник, како и својот најдобар пријател.Ќе има можности за промени „Snapchat“, увид во поголем број на аналитички...
Се урна ирански борбен авион
Post Views: 348 Поради технички дефект денеска во централниот регион Исфахан се урна воен авион Ф14 на иранската војска, објавија иранските новински агенции. Пилотот и копилотот безбедно се катапултирале и се здобиле само со полесни повреди.Воен авион Ф14 на воздухопловните сили претрпе технички дефект за време на мисија утринава при слетувањето во базата Шахид Бабаеи во Исфахан – соопшти Иранската новинската агенција.Расул Мотамеди, началникот на воениот оддел за односи со јавноста во Исфахан, за новинската агенција Фарс изјави дека воениот авион од американско...
Најмалку 41 загинат во поплави во Бангладеш и Индија
Post Views: 325 Во монсунските бури во Бангладеш и Индија загинаа најмалку 41 лице. Невремето предизвика разорни поплави кои оставија милиони домови под вода и ги прекинаа транспортните врски, соопштија денеска властите.Поплавите се редовна закана за милиони луѓе во нискиот Бангладеш, но експертите велат дека климатските промени ја зголемуваат нивната фреквенција, жестокост и непредвидливост.Немилосрдните дождови во текот на изминатата недела поплавија огромни делови од североисточниот дел на Бангладеш, при што војници беа распоредени за да ги евакуираат домаќинствата...
Улицата Кленоец преполна со вода и фекалии
Post Views: 934 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ слики испрати Христијан Атанасов кој реагира на проблем на улицата „Кленоец“ пред Касарната. Ова е неговиот коментарКога врне дожд целата улица е преполна со вода, шахтите излеваат и сите фекалии завршуваат на улицата. Повеќепати се имаме обратено до надлежните, но никој не превзема ништо и проблемот сеуште не е решен. Проблемот постои до години наназад и секогаш кога врне имаме поплави, езера по сите дворови. Се надеваме дека ова ќе допре до надлежните – вели Атанасов за „Ти си твојот град“.
Планински фестивал Магаро 2022
Post Views: 253 Авантуристичкиот клуб Mountain Madness по трет пат организира викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.Денес 18 јуни започнува оваа авантура со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв.Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци.После завршувањето ке се организира забава на плажата Св.Наум. Галичица е...
Охрид работи на развој на спортски туризам
Post Views: 529 Се подобруваат условите на спортската инфраструктура на СРЦ „Билјанини извори“.На терените на подготовки, моментално тренираат фудбалски тимови од Албанија и Косово.Јавното претпријатие планира подобрување на условите. Изградба на дополнителни терени за потребите на спортистите и подобрување на спортската инфраструктура. Како град, кој има идеална клима и надморска височина, треба да се стремиме кон развој на спортскиот туризам, затоа што бенефит има целиот град, вели директорот Теодор Андоноски.Најави од спортски екипи за припреми имаме. Моментално...
Свикан Собир на граѓани за Урбана заедница Воска
Post Views: 317 На 20.06.2022 (понеделник) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-4 „Воска“.Урбана заедница – 4 „Воска“ го завзема најголем дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. „Бистрица”, од Запад река „Даљан”, од Север булевар „Туристичка” – клучка, и од Југ „Охридско Езеро”, реката „Грашница”.Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните улици:-ул. „Гоце Делчев” – од бр.231 до крај и од бр.252 до крај пресек...