Автор: инфодеск
Post Views: 38 На 10.04.2024 во 19.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на улица „Марко Цепенков” во Охрид. Истиот ден во СВР Охрид е пријавено дека на површина со нискостеблеста вегетација кај стрелиштето „Бејбубнар”, избувнал пожар.Неофицијално, причина за пожарот кај стрелиштето „Бејбубнар” е човечки фактор, односно палење на гуми при што огнот се проширил на поширока површина.Од СВР Охрид информираат дека и во двата случаи нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од...
Сончево со температура до 23 степени
Post Views: 50 Во Охрид денеска ќе биде сончево и топло со максимална дневна температура до 23 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во наредните денови продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најавуваат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски
Во сабота ќе се одржи 50-тиот Општински натпревар по прва помош во организација на Црвен Крст Охрид
Post Views: 37 Во рамки на своите активности и јавни овластувања во делот на првата помош Црвен крст Охрид на 13.04.2024 г. (сабота) во периодот од 9-14 ч., под мотото „ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТИ“, ќе го организира традиционалниот, 50-ти по ред Општински натпревар по прва помош.На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 150 ученици-натпреварувачи од основните и средни училишта од Охрид и Дебрца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.„И оваа година на општинскиот натпревар по прва помош ќе...
24 април и 8 мај 2024 година се неработни денови за сите граѓани
Post Views: 32 Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување на избори за претседател и избори за пратеници во Собранието.Владата, согласно информацијата, донесе заклучоци со коишто ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), за неработни денови, за сите граѓани на територијата на Република Македонија. Владата препорачува на работодавачите од приватниот сектор на...
Здруженија на глуви и наглуви од земјава и странство го раззеленија паркот и брегот на Охридското Езеро кај х. Далјан
Post Views: 68 Глувите лица од земјава и странство садеа дрвја во паркот на хотелот Далјан и на брегот на Охридското Езеро. Акцијата е дел од проектот Инклузивна екологија, под мотото „Да оставиме зелена трага”. Големиот број млади садници ќе го збогатат зеленилото во паркот кој пред четириесеттина години го создале Здруженијата на глуви и наглуви.Целта е подигнување на јавната свест и развој на капацитетите за заштита на животната средина на Здруженијата на лица со попреченост.„ Акцијата е садење на дрвја во околината на...
Свикана четириесеттата седница на Советот на општина Охрид
Post Views: 45 Во вторник (16.04.2024г.) Советот на општина Охрид ќе ја одржи четириесетата седница со почеток во 09:00 часот, во зградата на општина Охрид. За седницата предложен е следниот Дневен ред :Д Н Е В Е Н Р Е ДПредлог-одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката остварена во работењето на ЈП Водовод Охрид за период 01.01. – 31.12.2023 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници, давателите на услуги и помошно техничките...
Второ издание на Стартап Викенд Охрид
Post Views: 36 Од 26-ти до 28-ми април 2024 година, во универзитетот „Св. Апостол Павле” во Охрид ќе се одржи второто издание на Стартап Викенд Охрид.Настанот е наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.– Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците...
Празнична честитка од градоначалникот Пецаков до граѓаните со исламска вероисповед
Post Views: 39 Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Кирил Пецаков. упати честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед.– Ви посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Преку меѓусебното почитување и толеранција, овој голем празник, ги потврдува универзалните вредности на човекољубието и заедничкото во различните верски определби.Веруваме дека граѓаните со исламска вероисповед од...







