Skip to main content

Автор: инфодеск

Бебе

Жена украла бебе во ГТЦ

Post Views: 376 Полицајци денеска ја уапсиле С.С од Скопје набрзо откако во 11:30 добиле пријава дека таа одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.Како што соопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител, соопшти МВР.Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото...

Продолжи со читање

Сет мерки за намалена потрошувачка на енергија

Post Views: 509 Со препораки за домаќинствата и компаниите и со конкретни задолженија и санкции за институциите владата сака да се достигне 15 процентното намалување на потрошувачката на енергија. Владините мерки за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија доаѓаат како последица на прогнозите дека ќе преживееме една од најтешките зими на енергетски план кажа на денешната пресконференција министерот за економија Крешник Бектеши.„Со цел полесно справување со периодот кој не очекува и непречено снабдување електрична енергија и нејзино ефикасно...

Продолжи со читање

Финска ги ограничува визите за русите

Post Views: 362 Финска ќе го намали бројот на издадени визи за русите на 10 отсто од сегашниот износ од 1 септември, изјави денеска министерот за надворешни работи Пека Хаависто.Тој објасни дека одлуката е донесена, бидејќи приливот на руски туристи почнал да ја користи Финска како порта кон европските дестинации за одмор, откако Русија ги укина граничните ограничувања поврзани со пандемијата пред еден месец.Само неколку дена откако Русија ја нападна Украина во февруари, Финска им се придружи на низата западни земји во затворањето на нивниот воздушен простор за руските...

Продолжи со читање

Музички времеплов приредија српските уметници

Post Views: 313 Музички времеплов со дела од различни епохи приредија вчеравечер на „Охридско лето“ српските уметници Андрија Минчиќ на кларинет, Тадија Минчиќ на фагот и Никола Цветковиќ на пијано настапувајќи на подиумот во акустичната катедрала „Света Софија“.Младиот Андрија Минчиќ во својата солистичка кариера има одржано повеќе од 200 концерти во Србија и странство и е носител на бројни награди и признанија.Освен тоа, тој остварува и педагошка дејност како професор по кларинет и група други предмети на одделот за дувачки инструменти на Факултетот за уметности во...

Продолжи со читање

Намален бројот на новозаразени со ковид 19

Post Views: 370 Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал...

Продолжи со читање

Успешно заврши реализацијата на Полетарче

Post Views: 273 Успешно заврши реализацијата на Програмата за подготовка на деца за во училиште-ПОЛЕТАРЧЕ која во организација на Црвен крст Охрид се спроведуваше во два циклуса од по 10 дена, во јули и август, а ја посетуваа деца од 4-6 годишна возраст, кои сѐ уште не тргнале на училиште.Децата кои ја следеа програмата имаа единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на...

Продолжи со читање

Simply quartet вечерва во црквата Св. Софија

Post Views: 254 Еден од најперспективните квартети од новата генерација „Simply quartet“ вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Членовите на ансамблот, виолинистите Данфенг Шен и Антониа Ранкенсбергер, Ксианг Лју на виола и виолончелистот Иван Валентин Холуп Роалд доаѓаат од Кина, Норвешка и Австрија и иако се релативно млад интернационален ансамбл, тие веќе се здобиваат со одлична репутација на светската камерна музичка сцена.„Simply quartet“ постојано ја истражуваат музичката литература...

Продолжи со читање

Ќе се заштитуваат пештерските екосистеми

Post Views: 315 Охридскиот Црвен крст потпиша договор со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за финансиска поддршка за реализација на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.Проектот, како што информира општинската организација на Црвен крст – Охрид, ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година во партнерство со истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а корисник на резултати, покрај проектниот тим, ќе биде и Националниот парк Галичица, како и млади...

Продолжи со читање

Уапсен маж осомничен за пожарот на Тасос

Post Views: 397 Грчката полиција уапсила 65-годишен маж под сомнение дека е виновен за големиот пожар што минатата седмица избувна на островот Тасос, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.Според истите информации, уапсениот се товари за подметнување пожар, а во неговиот автомобил бил откриен запалив материјал.Се очекува во текот на денот, 65-годишниот да биде изведен пред јавен обвинител во Кавала.

Продолжи со читање

Самостојна изложба на Мајкл Клос

Post Views: 289 Утре во 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде отворена самостојната изложба на канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос под наслов: „Сликарството на патот на хуманоста“.Клос е роден во Торонто. Дипломирал на Ontario College of Art една од најстарите институции за сликарство во Канада, Ryerson Polytechnick Institute, University of Guelph.Досега има реализирано околу 130 самостојни изложби во многу интернационални и национални галерии низ светот.Доволно е да се издвојат само изложбите во некои земји:...

Продолжи со читање

Уште една несреќа кај Бургас, се запали автобус

Post Views: 441 Автопатот „Тракија“ кај Бургас е затворен за сообраќај откако се запали автобус кој превезувал 50-тина патници, пренесуваат бугарските медиуми. Инцидентот се случил околу 17 часот, а на терен интервенирале две противпожарни возила.Информација за повредени патници нема, а како што објави „Нова“ повикувајќи се на сведоштво на возачот на автобусот, тој застанал и ги симнал сите патници, откако видел дека нешто чади.Сообраќајот се пренасочува по заобиколните правци, а само најлевата лента на автопатот кон Софија е отворена за сообраќај.На истиот...

Продолжи со читање

Казнети 18 возачи во Охрид за пребрзо возење

Post Views: 279 Вчера во периодот од 15 до 20 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење. Во Oхрид за пребрзо возење санкционирани се 18 возачи, а во Струга 22-ца. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во...

Продолжи со читање