Skip to main content

Автор: инфодеск

Од полноќ поскапуваат бензините

Post Views: 338 Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС 95 од вечерва на полноќ се зголемува за половина денар за литар, додека цените на Еуросупер БС 98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Од полноќ, литар Еуросупер БС 95 ќе чини 88,5 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека екстра лесното масло ќе чини 86,5 денари за литар.Цената на Еуродизел не се менува, односно дизел горивото и понатаму ќе се продава по цена од 90...

Продолжи со читање

Нова пешачка патека од Даљан кон Извиднички

Post Views: 310 Со средства од општинскиот буџет изградена е нова пешачка патека покрај стариот пат за Струга, на делот што води кон Извидничкиот центар во населба Даљан.Претходно во комуникација со жителите од оваа населба, местото беше детектирано како критична точка за движење на пешаци. Поплочени се околу 1000 метри квадратни, односно 510 метри должина и 2 метри ширина.

Продолжи со читање

Еколошката свест на најниско ниво

Post Views: 284 Еколошката свест кај граѓаните, за жал на најниско ниво! Дежурните екипи на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, задолжени за одржување на јавната хигиена, изминатиов викенд имаа полни раце работа.Несоодветно депониран и расфрлан секаков вид кабаст и зелен отпад насекаде во градот. Сликите недолични за еден туристички центар. Екипите и денес се на терен за да се надмине затекнатата ситуација, велат од јавното претпријатие.Се подигаше кабаст и зелен отпад и градежен шут по улиците Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември,  Егејска,...

Продолжи со читање

Низа работни активности на ЈП Градски пазар

Post Views: 307 Екипите на ЈП „Градски пазар“ деновиве во неколку наврати реализираа работни активности за санација на урбаната опрема на неколку локации во градот.Беа санирани клупите за седење во градскиот парк, кои беа оштетени од несовесни граѓани, а беше извршена и поправка на оштетените реквизити на неколку спортски игралишта.Исто така, екипите на претпријатието извршија комплетна санација на заштитната ограда на мостот во село Вапила, со што е овозможено безбедно и непречено движење на локалните жители.

Продолжи со читање

Бучавата и оваа сезона не ги поштеди стружани

Post Views: 501 Бучавата и оваа сезона не ги поштеди жителите и туристите во Струга. Најгласни се угостителските објекти на плажите и дискотеките во градот, кои го реметат мирот и сонот на сите, се жалат стружани.Тие им забележуваат и на станоиздавачите кои сместуваат гости кои прават забави со прегласна музика до доцните часови.  Од општината велат инспекторите излегуваат на терен, шест објекти добија опомена поради надминување на дозволената бучава.Посебен акцент беше ставен на гласната музика од неколку објекти имавме поплаки кај нас беа доставени една или...

Продолжи со читање

Маж доби кривична поради обид за обљуба

Post Views: 289 ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.С.(55) од струшкото село Долно Белица, поради постоење основи на сомнение за сторена „разбојничка кражба” и „обид за обљуба”. Тој на 10.08.2022 година околу 09.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Биџево и Ложани, физички нападнал 45-годишна жена со привремен престој во селото Ложани, се обидел да изврши обљуба и ѝ одзел личен предмет – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Дезинсекција против комарци во среда

Post Views: 233 На територијата на општина Дебрца во среда ќе се изврши теристичка дезинсекција против комарци, соопшти општинската прес-служба.Запрашувањето, како што е наведено, ќе се врши во период од 21 часот до 6 часот следниот ден со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата – стои во информацијата.Општина Дебрца апелира до пчеларите и пчеларските задруги да преземат...

Продолжи со читање

Охриѓанец фатен со дрога

Post Views: 245 СВР Охрид поднесе кривична пријава В.Д.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.При контрола извршена на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници кај пријавениот пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана и ќесе со амфетамини и хашиш – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Нови потпорни ѕидови во Кошишта и Месокрасто

Post Views: 342 Во Кошишта и Месокастро се градат нови потпорни ѕидови, информира градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.Зафатот има за цел статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти – напиша Пецаков.Изведувач на активностите е фирмата „Бокоп“, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Промовирана хидрогеолошка студија

Post Views: 373 Во просториите на Општина Дебрца, денес беше промовирана студијата за хидрогеолошките карактеристики на Белчишко Блато (Сини Вирој). Оваа студија е прва од ваков вид за овој локалитет и околниот регион, а издавач е Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“, Охрид. Во изработката беа вклучени искусни хидрогеолози и тимот од здружението.Градоначалникот Зоран Ногачески, заедно со претставниците од „Екотуризам“, Ѓоко Зороски и Гоце Колески, на денешната промоција го нагласија значењето на оваа студија, според која блатото е хидрографски објект...

Продолжи со читање

41 лице загина во пожар во Египет

Post Views: 396 Во пожар во коптска христијанска црква во египетската престолнина Каиро загинаа 41 лице, соопштија тамошните црковни власти. Пожарот избувнал во неделата на 14 август.Од засега непознати причини избувнал пожар во црквата Абу Сифине, која се наоѓа во работничкиот кварт Имбаба, соопштија официјални лица, јавува агенцијата Франс прес (АФП).Претседателот на Египет Абдел Фатах ал-Сиси на својата страница на Фејсбук напиша дека се мобилизирани сите државни служби за да се погрижат да бидат преземени сите мерки.Подоцна противпожарната служба соопшти дека...

Продолжи со читање

Музичка и драмска класика на Охридско лето

Post Views: 275 Вечерва на репертоарот на Охридско лето, публиката на различни локации ќе може да проследи музичка и драмска класика.Во 21.00 часот во Црквата Св.Софија како дел од музичката програма музички времеплов на Андрија Минчиќ – кларинет со Тадија Минчиќ-фагот во соработка со Никола Цветковиќ – пијано Србија ќе се изведуваат :К. Сен-Санс: Соната за фагот G-dur оп. 168Allegro moderato, Allegro scherzandoMolto adagio – Allegro moderatoГ. Коларовски: Соната за пијано III став – ToccataА. Гргин: Кончертино за кларинетЛ. В. Бетовен: Трио...

Продолжи со читање