Автор: инфодеск
Post Views: 44 Карванот на Движењето ЗНАМ денес на непосредни средби со граѓаните на Охрид. Кандидатот за претседател Максим Димитриевски рече граѓаните бараат нови алтернативи, црно-белиот свет треба да добие и поинакви бои. Граѓаните се жалат на владеењето на правото, неказнивост, недостаток на уреден систем за институционално решавање на проблемите, селективна правда и лошата финансиско социјалната состојба, рече Димитриевски.“ Проблемите насекаде се исти во Македонија. Во рамки на нашата програма и мојата програма како претседателски кандидат има голем број...
Поскапуваат горивата
Post Views: 47 Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат за повисоки цени за денар до денар и половина, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.Моторниот бензин еуросупер БС-98 поскапува за 1,5 денари за литар, а за еден денар дизел горивото еуродизел БС и екстра лесното масло за домаќинство. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува иста.Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ќе изнесуваат:– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,00 (денари/литар)– Моторен бензин...
Два пожари на отворено викендов во охридско
Post Views: 44 На 07.04.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга настанал пожар на крајбрежниот појас на Охридското езеро.-Притоа биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.На 06.04.2024 во СВР Охрид е пријавено дека на подвозник на булеварот „Железничка” во Охрид настанал пожар во кој биле опожарени пластични...
Пецаков: Меѓународниот ден на Ромите нека биде можност да го почитуваме и прославиме богатството на различноста
Post Views: 34 Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8. Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.–Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрени честитки по повод 8. Април – Меѓународниот денот на Ромите, со желби за многу успех, просперитет и личен развој.Во оваа прилика ја искажуваме нашата голема почит за придонесот на Ромската заедница во градењето на нашето општество. Уникатните ромски традиции, јазик и уметност претставуваат многу важен дел од нашиот културен...
Силјановска Давкова: Нашата земја ќе ја направиме пристојно европско место
Post Views: 47 Со безвременскиот цитат од Миладиновци кандидатката за претседател од колацијата „Твоја Македонија„ предводена од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова се обрати пред стружани. Рече, малку држави во светот имаат можност да имаат крајбрежје под заштита на Унеско, ние сме ја имале таа среќа, но не демне опасност. Струга е во зоната на самракот, во градот владее феудализам, но идна власт ќе вложи во заштитата на живтоната средина и развојот на туризмот, рече Давкова.„Последиците сите ги чувствуваме тоа е она што ме загрижува. Тоа е она што го прочитав во...
Пендаровски убеден дека ќе ја добие поддршката од охриѓани
Post Views: 47 Пред 5 години ветив дека ќе бидам претседател на сите и нема да ги делам граѓаните по ниту една основа и тоа до ден денес го исполнувам и така ќе биде и во наредните 5 доколку ја добијам вашата доверба, порача актуелниот и кандидат за нов претседателски мандат од „Коалицијата за европска иднина“ на СДСМ, Стево Пендаровски, синоќа на предизборниот митинг во Охрид. Вети дека сите жители на Македонија ќе ги третира како членови на неговото семејство.„Не постои ниту еден граѓанин во Македонија кој може да каже дека е дискриминиран од мене затоа што не е...
Подметнат пожар на депонијата Буково
Post Views: 48 На ден 07.04.2024 год.(недела) во ноќните часови од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Буково, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.„Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен со цел да се превземат сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот. Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид. “ – велат од јавното претпријатие.Со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја.Од Ј.П.„Охридски Комуналец” го известиле СВР-Охрид за...
Надлежните сe координираат за заштита на регионот од пожари
Post Views: 40 Мерки и координација за заштита на регионот од пожари, беше тема на работниот состанок што СВР Охрид го одржа со Локалниот совет за превенција.Целта на оваа средба е дефинирање на клучните превентивни и други мерки за поголема и поефикасна комуникација со локалното население, со советодавните групи граѓани, со урбаните и месните заедници, за следење на состојбите во шумските појаси, пасиштата и другите површини на отворен простор, донесување конкретни мерки за навремено информирање и преземање брзи реакции за спречување и заштита при евентуална појава на...







